Како поминува првиот круг од локалните избори

Претседателот на ДИК Александар Даштевски на прес конференцијата предмалку најави дека изборниот процес на некои избирачки места ќе продолжи и по 19 часот поради проблемите со апаратите за идентификација.

Даштевски најави дека со ова ќе се продолжи и изборниот молк.

Со повеќе детали од ДИК ја вклучуваме Ивана Стојановска.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Кремљ: Договорен е прелиминарниот датум за видео-конференција Путин-Бајден

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека видеоразговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се одржи по патувањето на рускиот лидер во Индија, планирано за следната недела.

Јуриј Ушаков не прецизираше кога точно ќе се одржи видеоповикот меѓу двајцата претседатели, велејќи дека сè уште се работи на последните детали за разговорите.

– Состанокот ќе се одржи за неколку дена. Веќе имаме конкретен датум и време за видеоконференцијата. Но, подобро е да се почека сите подготовки да бидат целосно договорени со американската страна. Тогаш ќе имаме можност да излеземе со официјално соопштение, рече Ушаков.

Тој рече дека двајцата лидери ќе разговараат за напредокот во спроведувањето на договорите кои двајцата ги постигнаа во Женева во јуни, за „незадоволителните" билатерални врски, „Авганистан, Иран, Либија, кризата во Украина и дијалогот за стратешка стабилност".

„Само Вистина" со Петар Атанасов, Бранко Героски и Ненад Јовановиќ

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Петар Атанасов, Бранко Героски и Ненад Јовановиќ. 

Погледнете ја вечерашната „Само Вистина“.

Швајцарија: Се зголемува бројот на заразени, се воведуваат построги мерки

Швајцарските власти денес најавија воведување на построги мерки за ограниучување поради зголемениот број на заразени со Ковид-19.

Маските ќе мора да се носат во поголемиот број затворени простори а само оние кои се вакцинирани или прележале Ковид ќе можат да одат на разни настани.

Надлежните ја повторија препораката што поголем број граѓани да работат од дома. Новите мерки стапуваат на сила на 6 декември и ќе траат до 24 јануари, пишува Ројтерс.

Ковид-сертификати за семејни собири?

Во Швајцарија досега се потврдени три случаи на инфекција со новата варијанта омикрон. Заразените се во изолација, а нивните контакти се во карантин.

Земјата која има 8,7 милиони жители се бори со пораст на инфекции, со повеќе од 96.000 нови случаи во последните 14 дена. На 29 ноември е забележан најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата – 11.340.

Властите исто така ја проширија употребата на Ковид сертификатите. Тие ќе бидат потребние за сите јавни настани што се одржуваат во затворен простор, како и за сите спортски и културни активности.

Ризик претставуваат и помалите семејни собири, се вели во соопштението.

„За собири со семејството и пријателите во затворен простор со 11 или повеќе учесници, препорачуваме во иднина да се воведе употреба на Ковид сертификат“, се додава.

притисни ентер