Како изгледа најдобрата мајка и жена

Успешна сопруга, грижлива мајка и одлична домаќинка ова е идеалната жена на денешницата или желба на секој сопруг и дете да ги има покрај себе во домот.

Македонската жена и натаму ги урива табуата, да биде рамноправна со мажот во секој дел од општеството.

Празникот 8- ми март за многумина е ден кој треба да потсетува дека во 21 век срамно е да се говори за родова нерамноправност.

Децата останаа најголеми поддржувачи на меѓународниот ден на жената 8-ми март. На своите мајки први им го честитаа празникот.

А празникот 8 март се падна во недела, продавачите на рози малку разочарани. Цвеќето не се продавало поради слабата раздвиженост по градот. Заработувачката била мала.

Младите во потрага на современата жена. Како треба таа да изгледа.

Постарите се сеќаваат на едни други времиња.

Во чест на Осми март се одржа и велосипедска трка.

А да потсетиме дека 8 – март е меѓународниот ден на жената ден кога се одбележува борбата на жената за економска политичка и социјална рамноправност со мажите.

Клара Цеткин и Роза Луксембург биле жените кои пред еден век ги поставиле основите на еманципацијата на жената, економската независност, рамоправна улога со мажите во домот.

Роза Луксембург и Клара Цеткин издејствувале нешто што дотогаш во човештвото не било направено, добиле право на глас, право на почит, жената почнала да се почитува.


Мицкоски и Ахмети на едночасовна средба во Собранието

Попладнево во Собранието се сретнале лидерот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицкоски со претседателот на ДУИ , Али Ахмети.

Средбата се оддржала во Собранието и траела еден час. Било дискутирано за можностите за заедничка соработка и формирање на ново парламентарно мнозинство.

Други детали од средбата засега не се откриваат.

Рита Ора повторно го запали Инстаграм со жешка поза (ФОТО)

Рита Ора позира во минијатурен костум за капење и ги воодушеви фановите со својот изглед.

Пејачката објави неколку фотографии во златно бикини со деколте во преден план и собра многу комплименти.

„Прекрасна си“, „Леле“, „Гориш“, ја пофалија нејзините воодушевени обожаватели. Патем, 29-годишната Рита во моментот е на одмор на Ибица со своето десет години постаро момче, Ромеин Гаврас. Таа е во врска со него веќе четири месеци.

Спречен обид за шверц на 200 килограми марихуана на граничниот премин „Блато" кај Дебар

На граничниот премин „Блато" на албанско – македонската граница кај Дебар спречен е обид за шверц на 200 килограми марихуна.

– Дрогата е откриена во возило со албански сообрајќајни ознаки и со лого на производител на мебел, управувано од лицето Флориан Алимани (26) од пограничното албанско село Ѓурица, но жител на Драч. Наркотичното средство било наменето за нарко пазарот во Македонија, стои во соопштението на Полицискиот комесаријат од Пешкопеја.

Дрогата била откриена при втората контрола, а била скриена во посебен простор поставен над подот на возилото.

Од првичните сознанија на полицијата дрогата била натоварена во Пешкопеја.

Според полицијата, успешната акција е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога, како и спречување на какви било меѓугранични криминални дејствија.

Ова е најголема количина дрога запленета на двете страни од овој граничен премин, а секогаш била откривана при влез на нашата територија./МИА

притисни ентер