Поенти:
Бојан Стојаноски:
- Празни изјави да не го нарушат јавниот дискурс, најважно да се остави простор за органите што треба да ги дадат одговорите за тоа кој е виновен за трагедијата.
- Изминатите 5 денови поднесени се 22 закони, меѓу нив и Законот за одржување на јавен ред и мир, со цел да се спречат слични трагедии во иднина, и за зголемување на казните доколу малолетници бидат затекнати во угостителски објекти.
- Владата ги покрива трошоците за повредениот и лекувањето е бесплатно, како и за двајца од семејството, сите трошоци се покриени од буџетот, ние си ја завршивме нашата должност.
- За модуларната болница 12 дена никој не беше приведен, за Ласкарци 12 или 13 дена не можеа никого да приведат, а за Дурмо Турс не можеа 14 дена да го најдат сопственикот да му ја врачат поканата.
Александар Ристевски:
- Носителите на фунцкии го носат целиот терет и негативна енергија, но ние низ годините изградивме еден куп на изместени вредности внатре во системот.
- Рибата не смрди од опашката туку од главата и ние системски успеавме на одлучувачки позиции да ставиме неодговорни или неодговорни лица.
- Во една институција секогаш знаеш кој е носител на дејноста, ретко се случува квалитетните да испливаат горе, проблемот е кога има кризен менаџмент секогаш ќе ја завршат работата, а другите стигаат до место каде не можат да се справат и тоа не е проблем на ВМРО-ДПМНЕ,СДСМ или ДУИ, туку на севкупниот менталитет.
- Во пожарна, полиција, здравство, меритот е круцијален.