Како да се заштитат граѓаните од нови ценовни шокови?

Мерката на замрзнати цени на производите привремено го реши проблемот, сега граѓаните се оставени пред можен нов ценовен шок, оценуваат експертите. 

Мерката која траеше до крајот на минатиот месец, а со која основните прехрамбени производи имаа ограничена цена според универзитетскиот професор Ванчо Узунов е непазарна мерка. Иако според него таа не треба да продолжи, сепак очекува доколу има значителни нагорни разлики во цените на производите надлежните да реагираат.

„Не е исто за се, дали растат цените или не. Туку оние што се битни за животниот стандард за граѓаните и оние кои што кога ќе се качи цената, не можеш да не ја купиш услугата или производот, е тие треба да се заштитат, и тоа не е прашање на тоа дали тоа треба да биде до избори после избори, пред избори политика, туку едноставно трајна политика, ама сега граѓаните што да прават во дадениот момент – ако сварно почнат цените многу да се качуваат јас мислам дека ќе се реагира ама не е убаво тоа, а другото е господ да ни биде на помош.“

Експертите оценуваа законот за нефер трговски практики нема во целост да ги реши проблемите, но добро е да се донесе час поскоро. Истовремено, Узунов потсетува и на веќе постоечкиот закон за конкуренција на пазарот, и ја повика наделжната институција да делува.

„Ние имам закон за заштита од конкуренција на пазарот, имаме институција за заштита на конкуренција, малце по активна да стане. Гледам во ова покачување на цени, само нефер трговски практики, туку и злоупотреба на пазарна позиција, што е по тој закон убаво казниво, зошто не сака никој да го примени со години....“-изјави Ванчо Узунов – универзитетски професор.

Законот за нефер трговски практики утре треба да се најде пред Комисијата за европски прашања. Откако ќе биде усвоен, надлежните веднаш планираат да донесат Правилник со кој над 2.000 прозиводи ќе имаат максималана маржа до 10 %.

По престанокот на мерката, во маркетите веќе може да се забележи раст на цените, и тоа најмногу кај свежото месо, млечните производи. Промена од 5 до 10 денари има и на цените кај брашното, овошјето, зеленчукот, бисквитите.

ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров во водите на Црна Река

Спасен е овчар заглавен на речен остров во надојдените води на Црна Река, заедно со неговите стотина овци, соопштија вечерва од Центар за управување со кризи.  

Оттаму нагласија дека сега овчарот и овците се на безбедно место, откако се намалило нивото на водата и тие биле евакуирани.

- Центарот за управување со кризи известува дека од единствениот број за итни случаи 112, до Секторот за операции и координација, во 17:32 часот добил информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под селото Манастирец во општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на АД „ЕЛЕМ“ ПО „ХЕЦ Тиквеш Водостопанство Тиквеш“. ЦУК презеде координативни активности за да се запре протокот на вода од Акумулација „Тиквеш“ и да се намали нивото на реката, соопштија од Центарот.

Од ЦУК веднаш биле преземени сите неопходни мерки.

- Овчарот чекаше нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место. При ваков случај, било потребно три до четири часа да се намали нивото на водата. Инаку, на лице место е испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци, а во контакт со градоначалникот на Општина Росоман е добиена потврда дека и од таму ќе биде пратена екипа, информираа од ЦУК.

Видео: Пагани вреден два милиони снимен на поплавените улици во Дубаи

Велат дека е тенка линијата помеѓу храброста и глупоста.

Веројатно веќе сте виделе снимки од поплавениот Дубаи на социјалните мрежи - градот се соочи со рекордни врнежи од дожд, но ниту тоа не можеше да го спречи возачот на „Pagani Utopia“ на патот до целта.

Возилата вредни повеќе од два милиони евра најчесто се заклучуваат некаде за случајно да не се оштетат. Меѓутоа, овде тоа не беше случај.

Се гледа дека возачот на почетокот малку се двоумел, но на крајот храбро решил да помине низ поплавените улици. Тој ризикуваше, може да тргне наопаку и да го чини десетици илјади поправки, со оглед на тоа што автомобилот е речиси „залепен“ за земја.

„Pagani Utopia“ е многу ретка глетка, бидејќи се направени само 99 примери. Сите имаат твин-турбо 6.0-литарски AMG V-12 мотор кој испорачува 852 КС. Претпоставуваме дека нема оштетувања на болидот, но сепак треба да се признае за храброста (или лудоста) на овој возач.

Извор: Б92

Жителите на Канарските острови демонстрираа против масовниот туризам

 Десетици илјади луѓе демонстрираа денеска на шпанските Канарски острови во знак на протест против масовниот туризам на архипелагот во Атлантскиот Океан во близина на брегот на Африка.

Според полицијата имало 20.000 луѓе, а според организаторите 50.000 во поворки низ улиците на градовите на Канарските острови, кои свиреле и извикувале слогани против неограничен туризам.

Демонстрантите носеа натписи „Жителите на Канарските острови не се на продажба“, „Мораториум на туризамот“ и „Почитувај го местото каде што живеам“.

За организаторите на демонстрациите, сегашниот економски модел е штетен и за жителите и за животната средина. Бараат надлежните да го ограничат бројот на туристи.

„Ние не сме против туризмот. Само бараме да го сменат сегашниот модел кој овозможува неограничен раст на туризмот“, рече еден од демонстрантите.

Насобраните бараат да се запре изградбата на два нови хотели на Тенерифе, најголемиот и најразвиениот од седумте острови на архипелагот, а жителите да имаат право на глас при донесувањето одлуки за развој на туризмот.

Демонстрации на поддршка беа одржани и во Мадрид и Барселона.

Сместени на брегот на Северна Африка, Канарските Острови привлекуваат туристи со нивните вулкански пејзажи и сончеви плажи. Архипелагот со 2,2 милиони жители лани примил 16 милиони туристи.

Една четвртина од населението работи во туризмот, што носи 36 отсто од бруто домашниот производ (БДП). /МИА

притисни ентер