Последниот случај со апсењето на Косовска територија полицаец од Македонија кој се сомничи дека изработувал фалисфикувани монети во апоени до 2 евра, го отвори прашањето како граѓаните да ги препознаат овие лажни пари. Според експерите од Народната банка со мала едукација на граѓаните овие лажни монети можат лесно да се препознаат.
-Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна. Натписите на рабовите на оргииналните евромонети се остри, заради полесно препознавање од лицата со оштетен вид, додека кај фалсификуваните се нејасни и непретпознатливи. Преку употреба на магнетет можете релативно и лесно и едноставно да утврдите фалсификувана пара.- - НБРМ.
Сепак е непрактично граѓаните да се шетаат со магнети за да ги препознаваат лажните монети, па затоа полициите во регионот се организираат за заедничко дејствуање за сузбивањето на овој криминал кој не познава граници уште повеќе што се работи за фалсификувани на меѓународни валути. Слична голема афера за фалсификување на пари имаше во соседно Косово, кога пред неколку месеци кога беше уапсена шестчлената група од кои тројца беа македонски државјани.
Таму веќе подолг период се води „борба“ со лажните монети од две евра, проблем кој според сведоштвата на тамошните жители влијае не само на на бизнисот, туку и фрла сомжен за интегритетот на секојдневните трансакции, поради што дел од компаниите престанале да ги користат монетите од 2 евра.
-Кај лажните монети можеме да забележиме многу слаб квалитет, што значи лош метод на гравирање или печат, но исто така забележуваме и навистина квалитетни лажни монети, но секако во нашиот оддел воопшто не е тешко да се утврди оригиналноста на парите,- Вјолца Мавричи – форензирчар од Косово.
Инаку, од македонското обивнителство информираат дека истрагата за 34 годишниот полицаец од Ресен кој во неделата беше уапсен во Приштина поради сомнение за фалсификување на пари во овој момент се води во Косово каде му е одредена мерка притвор.