Кај велешкото езеро „Младост“ привршува изградбата на канализациската мрежа

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев информира дека привршува изградбата на канализациската мрежа кај велешкото езеро „Младост“, која треба да биде пуштена до 10 март годинава.

- Фекалната каназлизациска мрежа е со должина од околу илјада метри, а локалната самоуправа инвестира околу 5 милиони денари.На неа е предвидено да се приклучат мотелите и хотелите кои ќе се градат над патот. Освен нив, во системот треба да се приклучат и останатите објекти кои се наоѓаат по должината на цевководот. Инаку мрежата е составена од повеќе одводни шахти и места за приклучоци во системот за одведување отпадни води, рече Чадиев.

Фекалната каназлизациска мрежа ќе се приклучи на веќе постоечкиот колекторски систем. Од неодамна до езерото „Младост“ се изгради и цевковод поврзан со градската водоводна мрежа. Цевководот сега обезбедува квалитена вода за викенд населбата и угостителските објекти покрај езерото, а наскоро и за околу четири илјади жители во околните населени места во близина на езерото„Младост“.

Рита Ора повторно го запали Инстаграм со жешка поза (ФОТО)

Рита Ора позира во минијатурен костум за капење и ги воодушеви фановите со својот изглед.

Пејачката објави неколку фотографии во златно бикини со деколте во преден план и собра многу комплименти.

„Прекрасна си“, „Леле“, „Гориш“, ја пофалија нејзините воодушевени обожаватели. Патем, 29-годишната Рита во моментот е на одмор на Ибица со своето десет години постаро момче, Ромеин Гаврас. Таа е во врска со него веќе четири месеци.

Спречен обид за шверц на 200 килограми марихуана на граничниот премин „Блато" кај Дебар

На граничниот премин „Блато" на албанско – македонската граница кај Дебар спречен е обид за шверц на 200 килограми марихуна.

– Дрогата е откриена во возило со албански сообрајќајни ознаки и со лого на производител на мебел, управувано од лицето Флориан Алимани (26) од пограничното албанско село Ѓурица, но жител на Драч. Наркотичното средство било наменето за нарко пазарот во Македонија, стои во соопштението на Полицискиот комесаријат од Пешкопеја.

Дрогата била откриена при втората контрола, а била скриена во посебен простор поставен над подот на возилото.

Од првичните сознанија на полицијата дрогата била натоварена во Пешкопеја.

Според полицијата, успешната акција е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога, како и спречување на какви било меѓугранични криминални дејствија.

Ова е најголема количина дрога запленета на двете страни од овој граничен премин, а секогаш била откривана при влез на нашата територија./МИА

22 годишно момче е најмладата жртва на Ковид-19

22 годишно момче е најмладата жртва на Ковид-19.

Од Министерството за здравство информираат дека пациентот во тешка општа состојба било примено на 16 јули во градската општа болница „8 септември“.

Пред оваа болница е и колешката Јана Јосифовска

притисни ентер