Каевски: Новата Влада предводена од Ковачевски ќе обезбеди сигурна иднина за младите

Еден од главниот фокус на Владата на СДСМ се и младите. 

Пратеникот од СДСМ Дарко Каевски во обраќањето на денешната собраниска седница, порача дека новата Влада предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски преку ефикасни и одговорни политики ќе обезбеди сигурна иднина за граѓаните, пред се за младите.

„Еден од главниот фокус на Владата на СДСМ се и младите. Спроведовме многу мерки за млади, но младите секогаш заслужуваат повеќе и очекуваат подобро. Затоа во владината програма е предвидено државата да плаќа придонеси за секое ново вработено младо лице до 29 години. Компаниите во партнерски однос со државата да продолжат и да го зголемат капацитетот на вложување во знаење и вештини преку практична работа, зголемување на опфатот на младинската гаранција, поврат на персоналниот данок на доход на сите млади до 30 години кои што се ново вработени. Понатаму, продолжување на отворање на младински центри кои што ќе ги има во секоја општина, се со цел делување и вмрежување на младите, како и локланите младински совети кои што ќе бидат во функција на креирање на политики на локално ниво за подобрување на условите на младите во општините." порача Каевски.

Тој посочи дека со реализација на Програмата на Владата ќе доведат до раст на минималната и просечната плата, како и дополнително намалување на стапката на невработеност.

„Минималната плата ќе продолжи да расте, Владата ќе инвестира во човечкиот капитал и вистински ќе го вреднува трудот на работникот, особено во услови на пандемија. Зголемувањето на минималната и просечната плата го јакне стандардот на граѓаните, го подобрува квалитетот на секојдневното живеење и ја стимулира економската активност. До крајот на мандатот на Владата , просечната плата ќе изнесува 34,000 денари.

Денес стапката на невработеност е на најниско ниво и изнесува 15,9%, стапката на невработеност до 2024 година се предвидува да достигне 11,4 проценти според планот за забрзан економски раст, до крајот на 2026 та година се очекува да биде 8,6%. " заклучи Каевски.

Каевски: На парламентарните избори во 2020 граѓаните ја дадоа довербата на ова парламентарно мнозинство кое денеска бира Влада

Во реплика на пратеникот Јован Јаулески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот на СДСМ порача дека пратениците од опозицијата се нервозни затоа што пропадна нивната лага за ново парламентарно мнозинство.

- Ја сфаќам нервозата кај пратениците од опозицијата, тие поинаку ја замислуваа седнцата за избор на нова влада. Во делот на легитиметот, треба да знаете дека на локални избори се бираат градоначалници кои ги водат општините, на парламентарни избори се бираат пратеници кои потоа бираат влада. На предвремените парламентарни избори во 2020 граѓаните ја дадоа довербата на ова парламентарно мнозинство и оваа влада" порача Каевски.

Каевски додаде дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ владата предводена од СДСМ не ги крие проблемите под тепих, туку храбро ги решава отворените прашања истовремено зачувувајќи го македонскиот идентитет и посебност.

Новиот „Ford Mondeo“ не доаѓа во Европа

Новиот „Ford Mondeo“ ( кој е претставен во Кина) нема да пристигне во Европа каде продажбата на лимузини со средна големина со години опаѓа.

Од германски „Motor1.com “ ја контактирале локалната филијала на „Ford“ и портпаролот потврдил дека називот „Mondeo“ ќе продолжи да живее само во Кина.

Како што првично е најавено пред речиси една година, „Mondeo“ со евро-спецификација во сите три каросериски изведби, ќе биде официјално повлечен во март 2022 година кога ќе се заврши производството во фабриката во Валенсија.

Инаку тоа е еден од најстарите модели во својот сегмент со оглед на тоа дека автомобилит постои веќе со децении. Називот „Mondeo“ ќе биде укинат во Европа по 30 години откако „Ford“ со него пред три децении го замени моделот „Sierra“.

Ѓоковиќ купил данска фирма која развива лек против Ковид

Новак Ѓокович купил 80 отсто удел во данската компанија „QuantBioRes“, која развива терапија против Ковид-19, потврди генералниот директор на компанијата Инан Лочаревиќ за Ројтерс.

Според данскиот деловен регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се вистински сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственост е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто.

Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ изјавил дека инвестицијата била реализирана во јули 2020 година, но одбил да каже колкава е нејзината вредност, пишува Ројтерс.

„QuantBioRes“ вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарна цел на компанијата е да се развие лек против Ковид, а не вакцина, вели Лончаревиќ.

Компанијата развива пептид што го спречува коронавирусот да ги инфицира човечките клетки и очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија ова лето, вели Лончаревиќ.

Портпаролот на Ѓоковиќ не одговорил на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Инаку, Ѓоковиќ не е вакциниран против Ковид, а деновиве е депортиран од Австралија и не може да настапи на Австралија Опен, пишува Индекс.хр.

Србија: Над 17.000 нови случаи со Ковид-19, починале 28 лица

Во последните 24 часа се регистрирани уште 17.318 новозаразени со коронавирусот во Србија.

Од последиците на Ковид-19 починале 28 лица.

На респиратори се наоѓаат 112 пациенти.

Како што е наведено, во последните 24 часа се анализирани 36.434 примероци а 2.619 лица се наоѓаат на болничко лекување.

притисни ентер