Каевски: Мицкоски да се извини и да ги поддржи државните позиции со Бугарија

Пропаднаа сите лаги што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги пласираа во јавноста.

Пропаднаа сите лаги што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги пласираа во јавноста.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно пласираа невистини, лажни вести преку кои дома ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, а надвор ги поткопуваа државните позиции.

Лажеше Мицкоски и за наводна распродажба на идентитетот, на историјата и македонскиот јазик.

Тоа е неодговорно, незрело и антидржавно однесување во клучни моменти за земјата и го покажува вистинското лице на оваа партија.

Откако сите нивни лаги пропаднаа, најмалку што можат да сторат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е да им се извинат на граѓаните.

Крајно време е Мицкоски да се промени и да застанат на страната на државата, на граѓаните, да ги поддржи државните позиции во односите со Бугарија наместо да ги поткопуваат.

Тоа, впрочем се позиции кои се темелат на црвените линии од Резолуцијата на Собранието за која гласаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски конечно да почне да работи за интересите на граѓаните и државата, наместо за интересите на некои туѓи центри на моќ.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски ќе продолжи да ги брани државните позиции и национални интереси, без разлика на тоа како ќе постапуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

СДСМ

Ковачевски во телефонски разговор со Шолет: Високо ја ценам поддршката на Стејт департментот

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вечерва телефонски разговараше со Советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Премиерот Ковачевски изрази огромна благодарност до Стејт департментот и рече дека високо ја цени поддршка и интересот за нашата земја во овие клучни моменти за државата.

Исто така го информираше советникот Шолет за процесот на широка консултација со сите чинители во општеството кој Владата најодговорно го започна веднаш по добивањето на европскиот предлог. Премиерот во разговорот уште еднаш ги потврди и посочи на јасните определби на Владата кои се темелат на демократските вредности и припадност кон прогресивниот свет кои за нас немаат алтернатива, бидејќи тоа е единствениот пат кој води кон напредок и просперитет, се наведува во соопштението од Владата..

САД ѝ праќаат на Украина ракетни системи, со кои ги бранат Белата куќа и Конгресот (ВИДЕО)

САД денеска официјално објавија дека на Украина ќе ѝ испратат нов пакет воена помош. Станува збор за оружје вредно 820 милиони долари.

Новиот пакет воена помош ќе вклучува ракети земја-воздух и противартилериски радари, кои би требало да ѝ помогнат на Украина поуспешно да се справи со руските удари со долг дострел, кои во последно време стануваат сѐ почести.

Пентагон објави и дека во Украина ќе испрати околу 150.000 парчиња артилериска муниција.

Ова е 14-ти американски пакет воена помош за Украина од август 2021 година. Севкупно, Америка за Украина обезбедила оружје и обука во вредност од 8,8 милијарди долари.

Како дел од новиот пакет воена помош, САД ќе купат два системи од типот НАСАМС од Норвешка. Станува збор за системи за противвоздушна одбрана кои се користат за заштита на воздушниот простор околу Белата куќа и зградата на Конгресот во Вашингтон.

Пентагон, исто така, најави дека ќе испрати повеќе муниција во Украина за модерните повеќецевни ракетни фрлачи HIMARS, кои првпат беа испратени минатиот месец.

ФИФА ја полни касата со пари што ќе им ги одзема на криминалците

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе добие дополнителни 92 милиони долари како компензација за загубите предизвикани од корупциски скандали во последните години, одлучи американското Министерство за правда.

Во август минатата година, судот веќе донесе одлука да ѝ плати 201 милион долари на ФИФА, а тие пари ќе бидат земени од луѓе кои биле вмешани во корупциски скандали, од кои повеќе од 50, меѓу кои и поранешни челници на Северноамериканската фудбалска асоцијација. (КОНКАКАФ) и Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).

„Во таа корупциска шема во игра беа големи суми пари. Парите што ќе им бидат одземени на криминалците ќе бидат наменети за развој на женскиот фудбал“, најави помошникот директор на ФБИ во Њујорк, Мајкл Дрискол.

притисни ентер