Кацарска: Умерена подготвеност имаме подолг период, потребен е значаен напредок

„Умерена подготвеност имаме подолг период, потребен е значаен напредок наредните неколку години“

Во извештајот за напредокот на Македонија кој денеска ќе го објави Европската Комисија земјава се оценува како умерено подготвена по речиси сите критериуми, но со акцент дека се потребни напори за динамика на реформите за придвижување кон ЕУ.

Според Симонида Кацарска од Институтот за европска политика, во наредните неколку години земјава ќе треба да испорача значаен напредок, не само во правосудството туку и во други области.

САД уништија ракета што Хутите планираа да ја лансираат во Црвеното Море

САД соопштија дека извршиле одбранбена акција за уништување на ракета земја-воздух што  Хутите во Јемен планирале да ја лансираат кон Црвеното Море, јави Анадолија.

Американската Централна команда (CENTCOM) потврди дека американските сили вчера откриле ракета земја-воздух што требало да биде лансирана кон Црвеното Море, од регион контролиран од Хутите.

Командата додава дека нападот бил извршен во самоодбрана со образложение дека проектилот претставувал закана за американските авиони во регионот.

Во соопштението, исто така, се наведува дека Хутите од Јемен успеале да лансираат противбродска балистичка ракета во Црвеното Море, но дека ниту еден брод не е оштетен.

Од минатата есен, Хутите ги гаѓаат товарните бродови во Црвеното Море во сопственост или управувани од израелски компании или превезуваат стока до и од Израел во знак на солидарност со Газа.

Со ескалација на тензиите поради заедничките воздушни напади на САД и Велика Британија врз позициите на Хутите во Јемен, групата објави дека сите американски и британски бродови ги смета за легитимни воени цели.

Ѓоковиќ воодушеви стотици луѓе во трговски центар во САД (ВИДЕО)

Деновиве, додека тренираше на Универзитетот UCLA, Новак Ѓоковиќ сподели видео во кое го „рекламира“ производот SILA на компанијата „Waterdrop“ чиј амбасадор е.

Станува збор за коцки за хидратација со електорилит кои се „спонзорирани“ од самото име на најголемиот светски тенисер во историјата, па не е чудно што Ноле ја посети продавницата на споменатата компанија во Лос Анџелес.

По тој повод го предизвика општа еуфорија кај присутните, кои побрзаа да се фотографираат со Србинот кој во раце држеше кутија „СИЛА“.

Она што е исто така интересно е дека Ѓоковиќ најпрвин се упатил кон толпата каде што биле децата, а пред да влезе во трговскиот центар се поздравил со сите.

Секако, многу брзо потпишуваше автограми и се дружеше со обожавателите, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во видеото подолу:

Заврши драмата во Италија: По 44 часа закана, момче се откажа до намерата да скокне од балкон

Млад човек (23) од Пескара, Италија, кој се заканувал дека ќе скокне од терасата на својот стан, по 44 часа преговори се откажал под изговор дека е уморен.

„Доста ми е, уморен сум“, им рекол на полицајците и се симнал од оградата на терасата на која балансирал речиси два дена, објави АНСА.

Момчето од 28 февруари во 14 часот и 30 минути стоело на работ од оградата на терасата, а причините се уште не се познати.

Откако се симнал, влегол во куќата и им ја отворил вратата на специјалците на кои им рекол дека му е доста. Го завиткале во ќебе и заедно со кучето го извадиле од станот.

Екипата на итната помош му пружила соодветна нега и тој е префрлен во болница.

притисни ентер