Јужна Кореја со рекорден број заразени и тешко болни од ковид, се појави и омикрон

Во Јужна Кореја е поставен нов дневен рекорд со 5.123 новозаразени лица со коронавирус, а во болниците има 723 пациенти со тешка форма на Ковид-19, што е исто така рекордно високо ниво.

Јужнокорејската влада во понеделникот одлучила да почека со дополнително олеснување на ограничувањата поврзани со Ковид-19, бидејќи здравствениот систем е под полно оптоварување поради големиот број болни и починати, а постои и закана од новиот сој, омикрон .

Тешките форми на болеста се во пораст. Од почетокот на ноември, кога имало помалку од 400 тешки пациенти, до крајот на месецот имоло над 700 случаи. Повеќе од 84% од сериозно болните луѓе имаат 60 или повеќе години. Експертите предупредиле на намалување на нивото на антитела и ги советуваат сите постари лица да се ревакцинираат.

Министерот за внатрешни работи Џеон Хе-чеол се залага за построги антиепидемиски мерки за полесно справување со новиот сој на коронавирус, кој се чини дека пристигнал во Јужна Кореја со патници од Нигерија. Досега има пет потврдени случаи на инфекција со омикрон.

Смртноста во Јужна Кореја од инфекција со коронавирус е 0,81%. Речиси 80 отсто од 52-те милиони жители се вакцинирани, а ревакцинацијата на лицата на возраст од 18 до 49 години почна во саботата.

Ѓоковиќ купил данска фирма која развива лек против Ковид

Новак Ѓокович купил 80 отсто удел во данската компанија „QuantBioRes“, која развива терапија против Ковид-19, потврди генералниот директор на компанијата Инан Лочаревиќ за Ројтерс.

Според данскиот деловен регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се вистински сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственост е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто.

Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ изјавил дека инвестицијата била реализирана во јули 2020 година, но одбил да каже колкава е нејзината вредност, пишува Ројтерс.

„QuantBioRes“ вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарна цел на компанијата е да се развие лек против Ковид, а не вакцина, вели Лончаревиќ.

Компанијата развива пептид што го спречува коронавирусот да ги инфицира човечките клетки и очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија ова лето, вели Лончаревиќ.

Портпаролот на Ѓоковиќ не одговорил на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Инаку, Ѓоковиќ не е вакциниран против Ковид, а деновиве е депортиран од Австралија и не може да настапи на Австралија Опен, пишува Индекс.хр.

Србија: Над 17.000 нови случаи со Ковид-19, починале 28 лица

Во последните 24 часа се регистрирани уште 17.318 новозаразени со коронавирусот во Србија.

Од последиците на Ковид-19 починале 28 лица.

На респиратори се наоѓаат 112 пациенти.

Како што е наведено, во последните 24 часа се анализирани 36.434 примероци а 2.619 лица се наоѓаат на болничко лекување.

„Intel“ планира да произведува чипови за рударење на Биткоин

„Intel“ најави дека следната генерација на системи за рударење на Биткоини би можела да се испорачува со „Intel Inside“ налепници.

Компанијата ги најави плановите за тоа дека на нивната претстојна конференција ќе се дискутира за „Bonanza Mine“ чип за рударење на Биткоин.

„Bonanza Mine“ е опишан како ефикасен, „ASIC“ за рударење на Биткоин со ниска потрошувачка, според податоците и документацијата кои се потпишани од страна на тројца претставници на „Intel“.

Засега, програмата не укажува на тоа дали „Intel“ навистина планира да го испорача „Bonanza Mine“ како завршен производ или само како истажувачки проект.

„Intel“ претходно објави планови за блокчеин, како и дека тие нема да вклучваат стандардни процесори или графички карти. Тоа не претставува изненадување, со оглед на тоа дека Биткоин рударењето одмана е преминато на „ASIC“.

„Intel“ нема објавено информации за моќноста за рударање на новиот уред ниту дали ќе биде оптимизиран само за Биткоин.

притисни ентер