ЈСП од денеска автобуси само од 5 до 9, односно од 13 до 16 часот

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје информира дека од денеска, четврток, па секој работен ден, јавниот превоз ќе функционира од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, односно од 9 до 13 часот автобуси нема да сообраќаат.

Од ЈСП истакнуваат дека новиот режим на функционирање на јавниот превоз е согласно мерките и насоките од надлежните институции за справување со појавата и ширењето на коронавирусот.. Согласно одлуката на влада на рсм за забрана за движење oд петок од 16 часот до 5 часот во понеделник, јавниот превоз во посочениот период нема да функционира. Во истиот период нема да работат билетарниците и центрите за персонализација.

притисни ентер