ЈСП и Град Скопје не ја платиле годишната рата за автобусите на гас - Канал 5

ЈСП и Град Скопје не ја платиле годишната рата за автобусите на гас

ЈСП и Град Скопје исправени пред нов проблем. Немаат пари да ја платат годишната рата за кредитот од Европската банка во висина од околу 1 милион евра, земен за купување на автобусите на гас.

ЈСП и Град Скопје не ја платиле годишната рата за автобусите на гас

Договор за заем беше потпишан во 2019 година во вкупна вредност од 10 милиони ерва, а според него, ратите треба да ги плаќа јавното сообраќајно претпријатие. За тоа примарен гарантор е Град Скопје, додека пак државата била втор гарант..

Но, од Град Скопје не чусвтвуваат одговорност и велат дека ако ЈСП нема пари за обврската, долгот треба да го подмири Владата..

Барањето од ЕБОР за тоа веќе стигнало до минстерството за финансии, потврдуват од таму.

-Доколку ЈСП како главен должник и Градот Скопје како примарен гарант не ги отплатат доспеаните обврски, тогаш согласно Законот за гаранција и Договорот за обезбедување гаранција, Министерството за финансии пристапува кон плаќање на обврската. Барањето за плаќање на доспеаните обврски до Министерството за финансии е доставено од страна на ЕБОР – велат од Финансии.

За проблемот алармирше и министерката за финансии Димитриевска-Кочовска кога го презентираше ребалснот на буџетот... Кажа дека ЈСП, заедно со уште со уште три други државни претпријатија, зеле кредити кои подоцна не биле во состојба да ги вратат, па сега Владата треба да обезбеди десетици милиони евра и за нив.

Ова претставува уште еден од низата проблеми, кои го следат јавното сообраќајно претпријатие.

Освен тоа што се ретки, со автобусите на ЈСП во изминатиот период имаше и неколку инциденти.

ЈСП со години се дави во долгови, а во јануари годинава доби 11 милиони евра субвенции од Град Скопје за исплата на плата и подмирување на обврските.

Сепак, и тоа се чини дека не е доволно за надминување на проблемите во ЈСП, а од септември се најавено дека ќе има дополнителен дефицит на автобуси поради дотраеност и неможноста да се набават делови од странство.

YouTube video

Фолксваген го прекинува ID. во името на електричните модели: Враќање кон Fox, Polo, Golf?

Фолксваген планира постепено да ја укине „ID.“ ознаката во името за електрични возила.

Фолксваген го прекинува ID. во името на електричните модели: Враќање кон Fox, Polo, Golf?

Уште во 2026 година, компанијата има намера да го замени ова алфанумеричко брендирање со традиционални имиња на автомобили. Целта е да се поедностави понудата.

„ID.“ беше лансиран во 2017 година со концептна верзија на компактниот модел „ID.3“, кој влезе во производство во 2019 година. Сега станува збор за цела низа производи, од „ID.3“, „ID.4“... па сè до „ID.Buzz“.

Мартин Сандер, член на одборот на „ Volkswagen “ одговорен за продажба, маркетинг и постпродажба, во интервју за „ Auto und Wirtschaft “ откри дека компанијата има намера да се врати на користење на конвенционалните имиња за електрични возила.

Иако Сандер не навлезе во детали, Фолксваген претходно објави дека традиционалните имиња би можеле да се користат и за електрични возила, како што се „Fox“, „Polo“, или „Golf“.

Извор: Б92

Паолини го освои Рим

Италијанската тенисерка Јасмин Паолини е победничка на турнирот ВТА 1000 во Рим со награден фонд од над шест милиони евра.

Паолини го освои Рим

Шестата носителка Паолини попладнево во финалето кое траеше час и половина убедливо ја совлада четвртата носителка, Американката Коко Гоф, со 6-4, 6-2, станувајќи првата домашна тенисерка што ја освоила титулата во Рим по пауза од 40 години.

Паолини доминираше во финалето и ја освои својата трета титула во кариерата, а за победата во Рим заработи 877.390 евра, додека поразената Гоф инкасираше 456.735 евра. /МИА

Словенечки пратеник на кров од зграда: „Она што го прават не е во ред“

Денес, Андреј Хоивик, претставник на опозициската Словенечка демократска партија (СДС), беше качен на покривот на зградата на словенечкиот парламент во Љубљана, објави Дневник.си.

Словенечки пратеник на кров од зграда: „Она што го прават не е во ред“

Полицијата, пожарникарите и амбулантните возила брзо пристигнаа на местото на настанот.

Пожарникарите поставија скали, а по неколку минути Хоивик се согласи да слезе од покривот, а потоа беше предаден на медицинскиот персонал и пренесен во болница.

„Она што го прават во оваа земја не е исправно“

За време на инцидентот, Хоивик им се обратил на минувачите од покривот, нагласувајќи дека „не осудува никого, дури ни премиерот Роберт Голоб“, но верува дека „она што го прават во оваа земја не е исправно“. Како што објавува „Дневник.си“, во еден момент тој ѝ рекол на жената на покривот: „Ана, те молам, ако направиш уште еден чекор напред, ќе скокнам долу, ветувам“.

Полицијата потврди дека никој не е повреден, а инцидентот се третира како итна помош за лице во психолошка криза. Мотивот за инцидентот не е официјално познат, но извори велат дека Хоивик покажувал знаци на исцрпеност и емоционална исцрпеност во последните недели.

Пратеничката група на СДС се огласи на социјалните мрежи за да нагласи дека животните искушенија понекогаш се премногу тешки и бара разбирање и сочувство.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер