ЈП Улици и патишта со другите јавни претпријатија го уредуваат и санираат кејот на Вардар

На овој потег, постојните патеки се со должина од 750 метри и широчина од 3 метри и по завршувањето на овие градежни активности, екипите ќе реализираат активности целосна обнова и продолжување на постојните патеки.

Екипите на ЈП Улици и патишта со започнувањето на проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар ги завршија активностите за отстранување на нефункционалните и стари патеки на потегот од мостот Мајка Тереза до Железничкиот мост, каде што ги отстранија оштетени плочи од патеките.

На овој потег, постојните патеки се со должина од 750 метри и широчина од 3 метри и по завршувањето на овие градежни активности, екипите ќе реализираат активности целосна обнова и продолжување на постојните патеки. Паралелно се одвиваше и се уште е во тек чистењето по должината на коритото. Со тримери се косеше обраснатата нискостеблеста вегетација од косините на реката и рачно се чистеше, во насока од железниот мост во населба Хром до пешачкиот мост во населба Злокуќани од двете страни. Машински се чистеа и косините од коритото на реката Вардар од мостот во Хром до Систина, се косеше погуста вегетација, а се собираше и наталожен мил од коритото, гранки, корења и дрвја.

Досега екипите со машинското чистење имаат расчистено пола површина од потегот од мостот кај телевизијата Канал 5 кон Систина. Деновиве санирани се и постојните елементи на кејот кои беа оштетени, како оштетувањето на пешачката патека на насипот на Вардар каде што наместа имаше оштетени бекатон плочи, санирана е дел од површината на пешачката патека на мостот „Обединети Нации“, санирани се скалилата кај мостот „Обединети Нации“, како и оградата на мостот. Санирани се, исто така, и скалилата спроти телевизијата Канал 5, заштитната ограда на мостот на улица Васил Чакаларов, оградата на трибината на одбојкарското игралиште, како и просторот за седење на трибините на кејот на река Вардар.

Паралелно со екипите на ЈП Улици и патишта,интензивно работат и екипите на ЈП Паркови и зеленило и ЈП Комунална хигиена, во координација со Град Скопје,

Градот Скопје и екипите на јавните претпријатија и во наредните денови ќе ги продолжат работните активности за активностите за рачно и машинско чистење и уредување на кејот на река Вардар за да можат граѓаните да користа за рекреација и прошетки.

ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ

САД испраќаат досега најголем пакет оружје за Украина

Соединетите Американски Држави денеска ветија дека ќе ѝ испратат на Украина нов пакет оружје и воена опрема во вредност од милијарда долари.

Новиот пакет оружје ќе вклучува ракети за моќни повеќецевни ракетни фрлачи HIMARS, илјадници артилериски гранати, минофрлачи, рачни противтенковски ракети Javelin и друга муниција и опрема.

Така, вредноста на оружјето и опремата што Америка ги испратила или ќе ги испрати во Украина од почетокот на руската инвазија достигна 9,1 милијарди долари.

„Поминаа речиси шест месеци од почетокот на неиспровоцираниот и брутален напад врз Украина. Русите продолжуваат да ги уништуваат украинските градови и села. Претседателот Бајден јасно изјави дека САД ќе продолжат да го поддржуваат украинскиот народ во одбрана од руската агресија, без разлика колку долго е потребно “, изјави денеска американскиот шеф на дипломатијата Антони Блинкен.

„Како дел од тие напори, денеска, со одобрение на претседателот Бајден, го одобрив досега најголемиот пакет американско оружје и воена опрема за Украина“, рече Блинкен.

Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили, со дејство и од земја и од воздух. 

Огнот е опкружен и догорува само во контролирани површини, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.

Со локализирање на пожарот се прегрупираат силите за негово догасување. Дел од луѓето на терен ќе дежураат до рано наутро кога е предвидено вработени од Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија да ја проценат ситацијата на локализираниот пожар, по што ќе се одлучи како ќе се дејствува за негово догасување, велат од ЦУК.

За гасење на пожарот во текот на денот беа ангажирани еден полициски хеликоптер, еден армиски хеликоптер и авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување заедно со пожарникари и вработени во шумските стопанства и комунални претпријатија од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, а помогна и дел од локалното население.

Лукаревска: Советничката група на СДСМ е нова енергија за Тетово

Изминува речиси една година од промената на локалната власт како во Тетово така и во поголемиот дел од дрѓавата и пред очи ни се таканаречените резултати.

Изминува речиси една година од промената на локалната власт како во Тетово така и во поголемиот дел од дрѓавата и пред очи ни се таканаречените резултати, за инает не се поддржуваат добри проекти, постојано празни ветувања, повикување на претходниците и удирања во гради со проекти од претходниците, не е лошо, полошо е, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во обраќањето на промоцијата на советничката листа на СДСМ за локалните избори во Тетово.

„Да не дозволиме на 20 август да се изберат луѓе кои ќе бидат покритие уште неколку години, години на празни ветувања. Да бидеме мотивирани и на 20 август употребете го вашиот глас, гласајте за кандидатите за советници од СДСМ, за овие луѓе кои имаат свои идеи, кои ќе работат во интерес на граѓаните и кои нема да молчат ако градоначалникот не работи добро“ порача Лукаревска.

Заменик претседателката Лукаревска истакна дека кандидатите за советници од СДСМ се вистинското решение за Тетово.

„Нашите идни советници се новата енергија за Тетово. Тие советници ќе туркаат напред, и ќе бодат гласни и да можат да го кажат вашиот проблем, да нудат решенија за секојдневните а всушност најбитните проблеми од вашето живеење. Централната власт не го заборави Тетово и натаму ќе придонесува за развој на овој град. На 20 август одлучно гласајте за број еден, да не дозволиме општината да биде парализирана и некој да има оправдување дека има нефункционален совет. Гласајте за никој да не биде над вашиот глас, туку да биде во полза на вашиот глас. Да имате убави улици, нови паркови, да имате чист воздух, тоа не е политика, тоа е обврска која ќе ја имаат нашите другари, идните советници.“ порача Лукаревска.


притисни ентер