ЈП „Комунална хигиена"- Скопје продолжува со секојдневно миење и дезинфекција на булеварите и улиците

„Наша главна заложба останува одржувањето на максималното ниво на јавната хигиена во градот Скопје“.

Во пресрет на новонастанатата ситуација поврзана со пандемијата на вирусот Ковид-19, екипите на ЈП „Комунална хигиена" – Скопје секојдневно спроведуваат машинско миење со автоцистерни и дезинфекција на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини.

– Наша главна заложба останува одржувањето на максималното ниво на јавната хигиена во градот Скопје, информираат од ЈП „Комунална хигиена"  – Скопје.

притисни ентер