ЈП КХС спроведе aктивности за чистење на транспортниот центар и кејот на реката Вардар

Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за чистење на транспортниот центар под Железничката станица во Скопје, каде што беа отстранети приближно 10м3  отпад од диви депонии.

Воедно, во организација на Градот Скопје се одвива акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар, во којашто учествуваат сите јавни градски претпријатија. Во рамките на акцијата се реализира чистење на пешачките и велосипедските патеки, како и рачно миење на целокупниот простор на кејот.

ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно се соочува со опожарување на садовите наменети за одлагање на отпадот.

Во текот на вчерашниот ден, беа опожарени два контејнера со зафатнина од 3,2м3, лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров. Опожарените контејнери се целосно неупотребливи и веднаш беа заменети со нови садови, со цел да не дојде до нарушување на динамиката на одлагање и собирање на комуналниот отпад во оваа скопска општина.

ЈП Комунална хигиена-Скопје

Детали за несреќата во Хрватска: Возачот на полскиот автобус имал 72 години, не бил пијан

Возачот на полскиот автобус кој изгубил контрола над возилото на А4 кај Брезнички Хум во Хрватска имал 72 години, неофицијално дознава ХРТ од извор близок до државното обвинителство во Вараждин.

„Возачот не бил под дејство на алкохол или наркотични дроги и не боледувал од акутни заболувања.“

Двајцата возачи на полскиот автобус загинаа, а обдукцијата е извршена на сите полски жртви, потврди за Хина Дарко Галиќ, портпарол на жупаниското државно правобранителство во Вараждин.

Во сообраќајната несреќа загинаа вкупно 12 лица, а 32 се повредени, сите полски државјани. Направени се обдукции на жртвите и се собираат податоци за самата автобуска линија и сите настани кои му претходеле на слетувањето на автобусот од автопатот.

Најважна е обдукцијата на починатиот возач, информациите што ќе се добијат за неговата состојба, рече Галиќ и додаде дека неспорно е утврдено кој возач го управувал автобусот во моментот на несреќата. Возачот бил на возачкото седиште и врзан со појас, изјавил Галиќ.

Портпаролот на ЖДО рече и дека Државното обвинителство треба да утврди дали е сторено кривично дело и кој евентуално го сторил, а потоа ќе се донесе одлука, бидејќи против лице кое не е живо не може да се води кривична постапка.

„По собирањето на сите податоци, Државното обвинителство ќе одлучи дали постапката ќе се води овде или во Полска, имајќи предвид дека сите жртви се полски државјани, рече Галиќ.

ТикТокер го сменил воланот во Мазда, гејмерите воодушевени (ВИДЕО)

Mazda MX-5 е најпопуларниот родстер во светот и често е предмет на модификации.

Едно малку чудно редизајнирање е потпишано од тиктокерот Тајлер Аткин кој е очигледно фасциниран од конзолите за игри.

Толку бил занесен од Nintendo Wii што го вградил во автомобилот наместо аудио уред, а некои детали во кабината, како што се менувачот (Nunchuk), рачната сопирачка (Wii бејзбол палка) и тепихот Wii Fit, добиле карактеристична бела завршница.

Верувале или не, тој решил да постави волан како гејмерски конзоли. Непрактичното и многу опасно решение е многу интересно и за неговата публика, па видеото стана вистински хит на социјалните мрежи. А за целосно искуство, воланот доби контролер кој е интегриран во централниот дел. На овој начин може буквално да се игра Марио Карт во автомобилот.

@ttptng #question from @ttptng BIG WIIATA UPDATE COMING TOMORROW!! Meanwhile we’ve made a second series where we literally bolt whatever you want to see to the wheel! A wheely good series. #wiiata #fyp #foryou #foryoupage #mazda #miata #miat #yata #forza #forzahorizon5 #xbox #xboxone #xboxseriesx #xboxcar ♬ Cool Kids (Sped Up) - I Wish That I Could - Hiko

Со дијаметар од само дваесетина сантиметри, јасно е дека овој волан е предизвик за возење автомобил. Единственото добро е што сега возачот конечно има малку повеќе простор за нозете. Авторот на римејкот призна дека е „апсолутно ужасно“ да се вози возилото, дури и со целосно функционален серво волан.

Но, Аткин не застанал тука и се одлучил за уште поопасна модификација. Во следното видео тој покажал како наместо волан го поставил контролерот на истата конзола за игри.

@ttptng Once you start the Wiiata - #wiiata #fyp #foryou #foryoupage #wii #mazda #mariokart #yata #miat #miata #lego #mx5miata #trend #onceyoustarttheresnoturningback #thereisnoleavingthepath #viral #nintendo #gamecar #game #viralwiiata ♬ original sound - Jake Paul

Само да се надеваме дека нема да му падне на памет да се осмели да вози по јавни патишта со вакви модификации. Пластичниот волан се држи само со две завртки и лесно може да се откачи додека вози. Јасно е дека губењето на контролата над автомобилот веројатно би завршило лошо.

Халанд беше опоменат поради пцуење, новинарот го цензурира (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд ги постигна двата гола на Манчестер Сити во победата над Вест Хем (2:0) на отворањето на англискиот шампионат и со тоа на најдобар начин се претстави во новата лига, во која пристигна како голема ѕвезда од Борусија Дортмунд.

Зборувајќи со новинарот на Скај, Џеф Шривс, по натпреварот, тој двапати опцу.

„Добар почеток, нема што друго да се каже. Беше добро да се настрапи , да се добие минутажа во раната фаза, но ќе биде добро“, рече Халанд.

Тренерот Пеп Гвардиола го извади од игра во 78. минута. Тој беше запрашан дали се кае што не постигна хет-трик. Поради неговиот одговор, Скај мораше да ја цензурира изјавата. „Видовте што направи Илкај Гундоган откако излегов, требаше да бидам таму. Сра*е, но тоа е“, рече тој, што го поттикна Шривс да го замоли да внимава на речникот.

„Сра*е, извини. Не зборувам добро во оваа земја“, рече потоа Халанд и му се насмеа на репортерот. Првиот гол, норвешкиот напаѓач го постигна во 36. минута од пенал, кој сам го доби, додека вториот падна во 65. кога Кевин де Бруин му даде топка, а тој го намести на левата нога и погоди.

притисни ентер