Јовески: Тврдам дека новиот Закон за ЈО обезбедува услови за професионално и неселективно обвинителство

Обвинителот Љубомир Јовески изјави дека и појкрај згаснувањето на СЈО , предметите на ова обвинителство ќе добијат завршница.

Јовески вели дека обвинителите кои постапуваат по предметите од СЈО ги преземаат неопходните дејствија.

Михаела Димовска разговара со државниоот јавен обвинител , Јовески.

Во последното деноноќие 15 починати, 173 новозаболени и 150 оздравени

Статистиката за состојбата со коронавирусот во земјава и понатаму бележи рекордни бројки.

Во последното деноноќие бележиме најмногу починати – 15, од кои осуммина се од Скопје.

За последните податоци околу епидемијата во живо ја вклучуваме Михаела Димовска.

Кои се последните податоци од здравствените власти ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

РСС ќе награди најдобри идеи за дигитални решенија во три области со по 10 илјади евра

 Регионалниот совет за соработка (РСС) распиша конкурс за најдобри идеи за дигитални решенија во три области кои ќе бидат наградени со по 10 илјади евра, понудени од компании или поединци од Западен Балкан.

– Конкурсот ќе трае до 12 јули, а се бараат иновативни идеи за предлог решенија во главните сегменти од туризмот, потоа за он-лајн настава и за он-лајн плаќања со целосна заштита на идентитетот на корисниците, соопштија од РСС.

Од Советот информираа дека можат да се пријават поединци или мали компании, центри за дигитални иновации, научно-технолошки паркови, универзитети и други. Наградените кои ќе бидат соопштени он-лајн на 16-ти јули, ќе можат да работат со ментори на реализација на нивните идеи.

Проектот наречен Балкантхон е финансиран од Европската унија. Повеќе информации можат да се најдат на линкот на РСС или на самиот проект Балкантхон.с

Ќе се прави скрининг на новинари и медиумски работници за КОВИД-19

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за новинари и медиумски работници за КОВИД – 19. Скринингот ќе биде спроведен во два круга.

Во првиот круг, во период од три дена, ќе бидат опфатени најмалку 500 новинари и медиумски работници од информативните програми од поголемите медиуми. За останатите помали редакции, дополнително ќе следат информации за скринингот по завршување на првиот круг.

Како што посочуваат од Министерството, во последниот период новинарите и медиумските работници кои известуваат на терен за активностите на учесниците во предвремените парламентарни избори, поради зголемениот обем на работа, се дополнително изложени на вирусот КОВИД – 19. Освен тоа, во ЗНМ било пријавено дека во дел од националните медиуми има нови позитивни случаи на заразени новинари и медиумски работници, но и колеги кои се сомневаат дека се заразени.

-Поаѓајќи од тоа, но и од потребата да се даде приоритет на новинарите и медиумските работници ќе се спроведе скрининг во два круга. Во првиот круг ќе бидат опфатени новинари и медиумски работници од информативните програми од поголемите медиуми, со цел да се утврди дали и колку од вработените се заразени. Ова ќе придонесе да се спречи ширење на болеста во овие редакции каде има поголем број на лица кои работат во исто време во ограничен простор. Според првичната проценка целта е да се опфатат најмалку 500 новинари и медиумски работници во првиот круг во период од три дена, а во зависност од исходот на ова соодветно ќе се планира временската рамка и начинот на спроведување на скринингот и во вториот круг, појаснуваат од Министерството за здравство.

Поголемите редакции ќе добијат подетални информации во текот на утрешниот ден со цел да се направи соодветен распоред за спроведување на скринингот. За останатите помали редакции, дополнително ќе следат информации за скринингот по завршување на првиот круг.

притисни ентер