Јовески: Се земаат билошки материјали за ДНК анализи

 Македонските власти земаат биолошки материјал од роднините за ДНК анализи.

Тезата за тубите е шпекулација, бугарските обвинители работат на истрагата, изјави за БТВ државниот обвинител на Република Македонија Лубомир Јовески и објасни дека при увидот на опожарениот автобус на автопатот Струма, видел пластични туби кои не изгореле.

Јовески објасни дека во моментов се зема биолошки материјал од роднините на загинатите во Македонија за да се направат ДНК тестови и да се идентификуваат телата. Тој рече дека македонското обвинителство ќе се активира дури откако случајот ќе биде истражен од бугарските обвинители, бидејќи тие нема да најдат ништо паралелно.

Во моментов македонското и бугарското обвинителство добро соработуваат, додаде Јовески. Засега не е познато дали причината за несреќата е човечка грешка или дефект на автобусот. Тој кажа дека автобусот бил речиси нов, само три години, а во октомври поминал на технички преглед во Македонија.

Променливо облачно со повремен дожд, на планините и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. 

На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Како што соопштија од УХМР, времето во наредните денови до почетокот на следната седмица ќе биде променливо облачно и посвежо, наместа со повремени врнежи од дожд. Во петок пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

Сообраќајот по влажни коловози, одрон на патот Берово - Будинарци

На патниот правец Берово - Будинарци има одрони од камења каде се зафатени двете коловозни ленти од патот, при што сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги искажа своите впечатоци по елиминацијата од Реал Мадрид (1:1, пен. - 3:4) во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

- Би сакал да победевме, но честитки за Реал Мадрид. Направивме сè што можевме, одигравме исклучително во сите аспекти. За жал, не успеавме да победиме. Во фудбалот, главната работа е да се постигне гол. Тие се снајдоа подобро од нас во пенал рулетот. Тие се во полуфинале, ние не. Сè беше одлучено од ситниците. Некогаш победуваш на пенали, понекогаш не, изјави Гвардиола за прес-службата на УЕФА.

Реал Мадрид во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување ќе игра против Баерн.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен.

притисни ентер