Јорданов: Македонскиот и бугарскиот народ се исто

Македонците се Бугари без таа вистина за нив нема ЕУ, вели поранешниот бугарски амбасадор во Македонија, Александар Јорданов, надоврзувајќи се на серијата негирачки позиции кон македонскиот идентитет кои доаѓаат од Софија.

Јорданов кој е актуелен пратеник во ЕП, тврди дека Делчев бил Бугарин ,дека бугарско е и Илинденското востание, а дека Македонците и Бугарите се еден ист народ , говори и тоа што меѓу двете земји во минатиото немало никакви војни. За историчарот Михајло Миновски теоријата на Јорданов не е точна, а Бугарите и натаму не можат да се ослободат од илузијата на Санстефанска Бугарија.

Во текот на Илинденското востание Бугарија преку егзархијата работела на поделбите и пропаста на востанието, вели Миновски.

По последната средба во Скопје историчарите од двете земји не постигнаа договор околу Гоце Делчев , а првиот човек на мешовитата комисија од македонска страна Драги Ѓоргиев изјави дека е контрапродуктивно да се става комисијата на врвот на договорот меѓу двете земји.

Доколку Бугарија не отстапи од условувањата не се исклучува и можноста да не се одржи пристапната конференција со ЕУ. Иако останува оптимист дека тоа сепак нема да се случи. Меѓувладината конференција до крајот на годината е единствен логичен исход и валоризација за реформските напори на земјата, заклучиле на средбата во Љубљана шефот на дипломатијата Османи и неговиот колега Анже Логар

Екс министерот Антонио Милошоски, повикувајќи се на дипломатски извори тврди дека предлогот на Софија бил дека Делчев е Македонец во регионална смисла а по етничка припадност Бугарин роден во географската област Македонија.

Милошоски тврди дека оваа дефиниција требало да ја усогласат премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11 ноември во Софија, во рамки на ко-претседавањето со берлинскиот процес.

-Таков предлог не постои, ниту бил предмет на дискусија, а изнесеното тврдење на пратеникот Милошоски е груба шпекулација и само нанесува штета на процесот што го води заедничката македонско- бугарска комисија, одговорија од Владата.

Гризман се враќа на тренинзите во Атлетико Мадрид

Напаѓачот Антоан Гризман се врати на тренинзите со Атлетико Мадрид, објави „Marca“.

Триесет и двегодишниот Французин поради повреда ги пропушти мартовските натпревари на неговата репрезентација. За прв пат по 2017 година Гризман не играше за „триколорите“.

Оваа сезона Гризман одигра 38 натпревари на кои постигна 19 голови и имаше 7 асистенции.

Договорот на Французинот со Атлетико Мадрид е до крајот на јуни 2026 година.

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

Американската централна банка потврди рекордна загуба

Американската централна банка потврди дека минатата година ја завршила со рекордна загуба од 114,3 милијарди долари, со повеќекратно повисок трошок на каматите на депозитите на комерцијалните банки.

Во 2022 година, Федералните резерви (ФЕД) работеа со нето добивка од 58,8 милијарди долари.

Деловниот извештај за минатата година го отсликува влијанието на зголемените основни каматни стапки, од нула на важечките 5,25 до 5,5 отсто, со цел да се спречи инфлацијата.

ФЕД почна агресивно да ги зголемува во пролетта 2022 година, што значи дека им исплатува камата на депозитите на банките, паричните фондови и другите финансиски компании.

Минатата година им биле исплатени 176,8 милијарди долари, во споредба со 60,4 милијарди долари во 2022 година, според ревидираните податоци.

Исплатата на каматите од обратните репо операции се зголемија од 41,9 милијарди долари на 104,3 милијарди долари.

Приходите на ФЕД од купените обврзници останаа повеќе или помалку на нивото од 2022 година и изнесуваа 163,8 милијарди американски долари.

притисни ентер