Јавниот сектор од денеска во штрајк – ќе работат само 10 проценти од вработените

Симболично со 120 празни столчиња пред Собранието, синдикатите го почнаа генралниот штрајк за повисоки плати во јавниот сектор и исплата на К-15. 

Столчињата ги симболизираат пратениците во законодавниот дом кои не гласаа за линеарно зголемување на платите од 2 806 денари. Од ССМ велат дека не отстапуваат од нивните барања се додека власта не го исполни тоа што самата им го ветила.

„Сите оние кои нема да го поддржат нашето барање во интерес на работникот, наше легитимно право е да побараме оставка. Ова го кажувам решително, сите работници се согласуваат. Ние сме ги избрале да не унапредуваат, да ги чуваат нашите права и да ни излезат во пресрет сега кога ни е најпотребно, кога не знаеме каква инфлација не чека.“ изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ.

По еден час во денот, во сите институции ќе работат само 10% од вработените. Прекин во работата има во сите општини, судови, министерства, болници...

„2 806 денари линеарно зголемување како нето износ, тоа за сестра со средно образование ќе значи 14% зголемување на плата за сестра со високо образование би значело 10%, за општ лекар 8,5%.“ кажа Љубиша Каранфиловски, синдикат за здравство.

Од Владата остануваат на ставот: прво методологија за продуктивноста, а дури потоа повисоки плати за администрацијата.

„Социјалниот дијалог за општ колективен договор треба да продолжи и ќе продолжи и таму да го најдеме системското решение, а тоа е нова методологија вклучена во колективниот договор и која ќе значи системско решение за платите во јавниот сектор.“ истакна Јованка Тренчевска, министер за труд и социјална политика.

Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, се придружи на протестот на ССМ.

„Го прифативме повикот за средба со ССМ и излеговме пред Собранието. Веднаш да се реализираат дадените ветувања, уште еднаш го повикуваме мнозинството да го преиспита својот став и да го поддржи комисискиот амандман.“ посочија од партијата.

Крокодил изел едногодишно дете - го извлекол од чамецот, татко му се обидел да го спаси (ВИДЕО)

Крокодил грабнал и изел едногодишно момче и тешко го повредил татко му додека веслале по река во Малезија.

Вчераутро ѕверот го грабнал малото момче од кану додека со татко му ловел риба во Сабах. Неговиот вознемирен татко (40) се обидел да го одбрани, но крокодилот лесно го совладал. Тој истрчал на брегот со повеќекратни рани од каснување, вклучително и ужасен удар во главата.

Селаните го извлекле членот на племето Палаух од реката, но крокодилот веќе го одвлекол неговиот син во длабочините. Подоцна се појавил на површината со осакатено тело на малото дете во вилиците пред да потоне назад во водата.

Сумсо Рашид, водачот на спасувачката екипа вели дека потрагата по телото се уште е во тек.

- Таткото се здоби со сериозни повреди на главата и телото. Неговиот син се уште е исчезнат, а потрагата е во тек. Мажот е префрлен на лекување во болницата Лахад Дату - рекол Рашид.

Кралската малезиска полиција и поморската полиција ѝ се придружиле на локалната противпожарна служба во потрагата по телото на момчето. Официјалните лица, исто така, ги предупредиле селаните кои живеат покрај реката да се држат подалеку од водата поради ризикот од нов напад на крокодилот.

- Многу жители се потпираат на реката за храна и егзистенција, па мораат да влезат во водата. Ги предупредивме на дополнителна опасност во овој момент и да бидат дополнително внимателни бидејќи крокодилот најверојатно се уште ќе биде во областа – додаде Рашид.

Едвард Сноуден добил руски пасош, откако ѝ се заколнал на верност на Русија

„Свиркачот“ Едвард Сноуден доби руски пасош откако се заколна на верност на земјата која го штити од американските власти од 2013 година.

Веќе во септември оваа година, Сноуден доби руско државјанство со декрет потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.

Информацијата дека 39-годишниот кодош го добил пасошот денеска ја потврди и неговиот адвокат Анатолиј Кучерена. „Тој положи заклетва“, изјави Кучерена и додаде дека Сноуден е среќен бидејќи неговото руско државјанство ја спречува неговата екстрадиција, пренесува Гардијан.

"Се разбира, тој е среќен и благодарен на Руската Федерација за неговото државјанство, тој сега е полноправен државјанин на Русија. И што е најважно, според рускиот устав, тој не може да биде предаден на странска земја", рече адвокатот на Сноуден. Не се објавени фотографии или видеа од церемонијата.

Поединците кои добиваат руско државјанство со закон се обврзуваат да „го почитуваат уставот и законодавството на Руската Федерација, правата и слободите на нејзините граѓани, да ги исполнуваат должностите на државјанин на Руската Федерација во корист на државата и општеството, да ја заштитат слободата и независноста на Руската Федерација,да бидат лојални на Русија и да ја почитуваат нејзината култура, историја и традиција“.

Одлуката за доделување државјанство дојде во крајно неповолен момент, по почетокот на руската инвазија на Украина и последователниот пад во меѓународна изолација. Очигледно и сопругата на Сноуден поднела барање за руско државјанство. Двајцата живеат на непозната локација со нивните два сина, кои се родени во Русија.

„После години разделба од нашите родители, јас и мојата сопруга немаме желба да се разделиме од нашите синови. По две години чекање и речиси 10 години егзил, малку стабилност значи многу за моето семејство. Барам приватност за нив и за сите нас“, напишал Сноуден во септември.

Левандовски е во одлична форма поради диетата од неговата сопруга

Роберт Левандовски во моментов е еден од најценетите напаѓачи во светот.

Откако го постигна својот прв гол на Светското првенство, многумина беа заинтригирани од неговата извонредна форма. А според Марка, тајната е во обратната диета дизајнирана од неговата сопруга.

Што е тоа? Овој режим има ригорозен избор на храна што може да се јаде, како и она што е целосно забрането.

Левандовски јаде просо, палачинки, брауни, висококвалитетна риба, сок од репка, салати, супи, урми, енергетски барови, свежи сокови и бадемово млеко. Покрај тоа, зеленчукот (брокула, тиквички, зелена салата, моркови и спанаќ) и авокадо се секојдневно на неговото мени без исклучок.

Јаглехидратите и протеините се јадат посебно. „Се консумира само добра храна, без лактоза“, вели Ана Левандовски.

Пржената храна не е во исхраната на Левандовски. Полјакот го ограничил и внесот на брза храна.

„Поентата е да се јаде најквалитетна храна од локално и органско производство, односно сезонско овошје и зеленчук. Избегнувам бел шеќер, сурово млеко и пченица“, открива сопругата на познатиот фудбалер, која учествуваше на Олимписките игри и е дипломиран студент на Академијата за физичка култура и нутриционистка.

притисни ентер