Јавен повик на Државниот архив до приватни иматели за подарување архивски материјал

Државниот архив ги повикува сите граѓани кои имаат архивски материјал (документација) да покажат општествена одговорност и да го подарат на оваа институција која се грижи за колективната меморија и историското минато.

- На приватните иматели (или правни наследници) им се нуди можност да подарат архивски материјал, кој е од особено значење за националната и локалната историја, како и за општествено-политичкиот, стопанскиот и културниот живот во минатото. На подарениот архивски материјал во Државниот архив и неговите одделенија му се обезбедува соодветно сместување, физичко-техничка заштита, стручно-научно истражување, проучување и обработка, како и негово користење за научни цели, соопшти Државниот архив.

Архивскиот материјал наменет за подарување се категоризира според неколку критериуми меѓу кои единственост, реткост и неповторливост на архивскиот материјал, сочуваност, изворност и авторство. Имателите и создавачите на архивски материјал се категоризираат според времето, местото, улогата во функционирањето во државниот, политичкиот, стопанскиот и културниот живот. Од подарените архивски материјали ќе се формираат архивски фондови, кои во иднина ќе им бидат достапни на истражувачите и од нив ќе произлегуваат вредни изданија од областа на политичката историја, историја на секојдневниот живот, културната историја и сл.

Сите заинтересирани може да се обратат на телефонскиот број 02/3237-211 локали 121 и 122, директно во Државниот архив, кеј „Димитар Влахов“ бр. 19 во Скопје или на следните e-mail адреси: [email protected]; [email protected].

Информации за подарување архивски материјал може да се добијат и во одделенијата на Државниот архив во Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Велес и Куманово, чии контакт-информации може да се најдат на веб-страницата www.arhiv.mk мд

АМСМ:На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Нимиц: Луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат договорите, не можеме да живееме во светот

Луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат договорите, не можеме да живееме во светот на фантазијата.

Во Атина почна дводневна меѓународна конференција по повод шест годишнината од Договорот од Преспа, со кој земјава го смени уставното име во Северна Македонија, и така се реши долгогодишниот спор меѓу двете земји.

Конферецнијата е организирана од институтот Алексис Ципрас и фондацијата Зоран Заев, а присутни се актуелни и поранашни политичари и дипломати.

-До компромис е тешко да се дојде, но кога ќе дојдете до компромис, лесно е на другите луѓе од двете страни да кажат „ако бев јас таму ќе завршев подобра работа“ или „овој компромис повеќе и служи на другата страна“. Живееме во опасен период, живееме во реалниот свет, и во реалниот свет имаме договори, па луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат тие договори. Не можеме да живееме во светот на фантазијата, не можеме да живееме во виртуелен свет, изјави Нимиц.

На Судан му се заканува најголемата глад во светот во последните 40 години

Хуманитарниот апел на Обединетите нации за земјата доби само 16 отсто од средствата кои и се потребни.

Судан се соочува со глад којa би можелa да биде најголема по таа која светот ја видел во Етиопија пред 40 години, предупредуваат американски официјални претставници, додека испораките на помош и натаму ги блокираат завојуваните армии, но снабдувањето со оружје за двете страни продолжува да се одвива.

Хуманитарниот апел на Обединетите нации за земјата доби само 16 отсто од средствата кои и се потребни.

„Потребно ни е светот да се разбуди за катастрофата што се случува пред нашите очи“, изјави за новинарите Линда Томас-Гринфилд, амбасадор на САД во ОН, пишува „Гардијан“.

притисни ентер