Јаревски: Три години откако Богоев најави адреналински парк

Три години откако Стефан Богоев го најави проектот Спортско – адреналински парк – Карпош, тој се уште не е завршен, рече Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.

А Богоев веќе планира да го издаде под закуп на приватен субјект кој треба да ја обавува дејноста.

За овој проект беше добиен грант од 55 милиони денари, а општината финансира дополнителни 6 милиони денари. Вкупно 31 милион денари, односно 1 милион евра.

Богоев има намера да го издава адреналинскиот дел од паркот, кој според нив чини 13.2 милиони денари, за кирија од смешно 0.5% од вкупната процената вредност на предметот на закуп.

Вашата нетранспарентност ренерира сомнежи за големи малверзации на повеќе нивоа.

Прво,паркот се уште не е изграден и нема технички прием ниту употребна дозвола.

Второ – Вредноста на целиот проект е 1 милион евра, Богоев вели дека адреналинскиот дел чини 220 илјади евра, тоа значи дека остатокот од паркот чини 800 илјади евра. Делот кој треба да чини 800 илјади евра согласно неговата изјава опфаќа 2 игралишта на песок, реновирање и реконструкција на постоечкиот скејт парк, детско игралиште, скверче од 140м2 и 70 дрва.

Терените на песок што беа направени во мандатот на Трајановски согласно проект добиен од Европската федерација, по сите стандарди чинеа 2 Милиони денари или близу 33.000 евра за 1 терен. Изградбата на инклузивно игралиште за деца во Влае, со специјални реквизити, најголемо досега изградено имаше вредност од 50.000 евра или 3 милиони денари. За реконструкција на скејт паркот неуспеавме да обезбедиме соодветни податоци за компарација, но од експертите ни беше укажано дека нов скејт парк, со таа големина не би требало да чини повеќе од 50.000 евра.

Значи 2 игралишта на песок, едно детско игралиште, и скејт парк заедно чинат 166 илјади евра. Доколку на тоа го додадеме 220 илјади проценети за адреналинскиот дел од паркот доаѓаме до сума од 388 илјади евра.

Дали е соодветен заклучокот дека за 140 м2 скверче и 70 дрва потрошивме 520 илјади евра ?

Пола милион евра за 70 дрва и 100 квадрати скверче. Дали ова не ви личи на злоупотреба на пари од грант и буџетски пари од општина Карпош? Понатаму, зошто беа излажани советниците дека објектот е впишан во имотен лист? Во имотниот лист стои за парцелите кои се издаваат дека едната е градена, а другата е дел од пат. Дали знаете дека согласно правилникот за утврдување на пазарната вредност на земјиштето потпишан од Петре Шилегов еден метар квадратен на предметната локација чини 18,000 денари. Само земјиштето е со двојно поголема вредност од вашата процената вредност на целокупниот предмет на закуп.Што сака да скрие општината и Богоев со овој скандалозен закуп. Поднесени се барања за достапност на информации од јавен карактер. За процесот и документацијата којашто не беше приложена, поставете согласно закон и дајте ни ги документите. Ако нема ништо спорно, нема од што да се плашите.

ЕУ бара независна истрага за масовните гробници во болниците во Газа

ЕУ денеска објави дека бара „независна“ истрага за масовните гробници во близина на двете главни болници во Појасот Газа.

„Бараме независна истрага за сомнежите и околностите на тоа откритие, бидејќи тоа создава впечаток дека можело да има прекршување на човековите права“, рече Петер Стано, портпарол на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

ОН вчера повика на независна истрага за масовните гробници откриени во двете главни болници во Појасот Газа.

Во изјавата, високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк рече дека е „ужасен“ од уништувањето на најголемата болница во Газа, болницата Ал Шифа и медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, како и од откривањето на масовните гробници до нив.

Израелската армија негираше каква било одговорност и рече дека е „неосновано верување“ дека ги закопала телата на Палестинците.

Претставник на цивилната одбрана во Појасот Газа вчера изјави дека неговите тимови во саботата откриле тела на 340 луѓе во масовни гробници во кругот на болницата „Насер“. /МИА

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

Владата на Словачка ја одобри контроверзната реформа на јавната радио и телевизија

 Владата на Словачка денеска ја одобри контроверзна реформа на јавната радио и телевизија во земјата, чекор, кој според критичарите, ќе доведе до преземање на целосна контрола врз медиумите од страна на Владата.

Минатиот месец, илјадници луѓе се собраа во главниот град за да го осудат планот, кој беше широко критикуван од локалните новинари, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија.

Премиерот Роберт Фицо рече дека промените се неопходни, бидејќи јавниот радиодифузен сервис РТВС бил политички пристрасен и е „во конфликт со словачката Влада“. Предложените измени ќе значат дека тој ќе има нова организација.

Се очекува, Парламентот, во кој коалициската Влада на Фицо има мнозинство, во јуни да ги одобри измените. /MIA

притисни ентер