Јапонија тврди дека кинески проектили паднале во нејзината економска зона

Јапонија тврди дека најмалку пет балистички ракети истрелани денеска од Кина кон Тајван паднале во нејзината ексклузивна економска зона во Јапонското Море.

Јапонија тврди дека кинески проектили паднале во нејзината економска зона

Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши изјави дека тоа е „првпат кинеска воена балистичка ракета да слета во нивните води“.

– Ова е сериозно прашање што се однесува на националната безбедност на нашата земја и народ, рече Киши.

Кјодо њуз објави дека Токио упати протестна нота до Пекинг поради инцидентот.

Незадоволна поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, кинеската војска истрела проектили околу самоуправниот остров.

Кинескиот „Глобал тајмс“ објави дека ракетните сили на Народноослободителната армија (ПЛА) лансирале „повеќе видови конвенционални ракети во неколку специфични морски региони источно од Тајван, прецизно погодувајќи ги целите“.

„Со лансирањето на проектилите тестирана е прецизноста на нападот и способноста за одвраќање на ракетните сили во оваа област, изјави портпаролот на ПЛА, додавајќи дека релевантната контрола на морето и воздушниот простор во близина на источниот брег на Тајван била укината откако проектилите прецизно ги погодиле целите.

Министерството за одбрана на Тајван потврди дека кинеската војска лансирала „неколку балистички ракети во водите околу североисточниот и југозападниот Тајван“ околу 13:56 часот по локално време.

„Националната армија на Тајван веднаш ја сфати динамиката на лансирањето, ги активираше релевантните одбранбени системи и ја зајакна борбената готовност“, соопшти Министерството.

Кина денеска започна големи воени вежби околу Тајван, кој Пекинг го смета за отцепена провинција, а вежбите ќе продолжат до недела.

Воениот одговор доаѓа откако Пелоси во вторникот престојуваше во ненајавена посета на Тајван, што го налути Пекинг, кој смета дека тоа е повреда на кинескиот територијален интегритет./МИА

Пожарникари употребија нов метод за да изгаснат електричен автомобил (ФОТО)

Пожар во електричен автомобил е еден од најголемите предизвици во гаснењето за пожарникарите.

Пожарникари употребија нов метод за да изгаснат електричен автомобил (ФОТО)

Кога ќе се запалат електричните автомобили, тие незапирливо горат, без разлика од каде се или колку се убави. Работите се сосема јасни, како и дека гаснењето пожар на само еден електричен автомобил може да биде тешка задача која ќе трае со часови.

Како што е познато, постојат неколку начини за гаснење на пожар во електричен автомобил, а сите имаат за цел да елиминираат една од трите услови на горење. Најчесто тоа се однесува на воздухот, поточно кислородот од воздухот, кој е неопходен за согорување.

За да се спречи тоа, пожарникарите го користат класичното решение на покривање со ќебе. Меѓутоа, овде е класичен само методот, но не и ќебето или прекривката што мора да издржи екстремно високи температури. Ваквите прекривки денес сѐ повеќе се дел од стандардната противпожарна опрема, а најчесто се користат во комбинација со други средства за гасење пожар.

Во овој случај, тоа беше истурање вода врз батериите за да се изладат и да се спречи понатамошна термичка реакција.

Добрата вест е дека пожарите во електричните автомобили не се вообичаена појава. Според Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД, на секои 100.000 продадени електрични возила во САД има околу 25 пожари. Можеби звучи загрижувачки, но имајте на ум дека бројката за автомобили на бензин е далеку поголема - 1.530 пожари на 100.000 автомобили.

Зеленски по самитот во Париз: Русија не сака мир, туку уште територија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по завршувањето на самитот во Париз на таканаречената коалиција на подготвените, изјави дека „Русија не сака никаков мир“ 

Зеленски по самитот во Париз: Русија не сака мир, туку уште територија

Во Елисејската палата во Париз, повеќе од триесет сојузнички држави на Киев повеќе од три часа разговараа за финализирање на гаранциите за безбедност на Украина. Една од разгледуваните опции е распоредување на европски мировни сили во рамките на идна мировна спогодба со Русија – иако засега тоа е само хипотетска можност.

- Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални, изјави Зеленски.

Тој нагласи дека Москва се обидува да ги одолговлекува преговорите за да заземе уште поголема територија во Украина.

Зеленски, исто така, предупреди дека евентуално укинување на санкциите кон Русија во овој момент би било „катастрофа за дипломатијата“.

Напад со нож во центарот на Амстердам, има повредени

Напад со нож се случил на плоштад во Амстердам, а неколку лица се повредени, соопшти полицијата.

Напад со нож во центарот на Амстердам, има повредени

Засега не се знае точно колку луѓе се повредени.

Полицијата го опколила плоштадот, а на лице место е и хеликоптер на брза помош, како и голем број на итните служби.

Локалните медиуми јавија дека најмалку 14 полициски автомобили и еден полицаец на мотоцикл се на местото на настанот.

Портпаролот на полицијата не можеше да потврди дали напаѓачот е уапсен или кој е мотивот за нападот, но рече дека локалните медиуми добиле извештаи за грабеж.

притисни ентер