Јапонија го победи коронавирусот , без особени мерки, има помалку од 1000 починати

Бројот на заразени со коронавирус во Јапонија опаѓа и сега падна на неколку десетици, иако таа земја немаше рестриктивни мерки како и повеќето други, пишува Блумберг.

Немало ограничувања за движење на граѓаните, а работните места од рестораните до фризерите останале отворени. Ниту една апликација за следење на граѓаните не е развиена.

Во Јапонија нема центар за контрола и превенција на болести, а тестиран е само 0,2 проценти од населението во земјата, што е една од најниските стапки кога станува збор за развиените земји.

Сепак, кривата се израмни, а бројот на починати е помалку од 1.000. Во Токио, една од најгусто населените области во Јапонија, бројот на заразени е претежно едноцифрен.

Затоа, анализата на причините што и овозможија на Јапонија да го победи коронавирусот не придржувајќи се кон мерките воведени од другите, стана прашање на национална дебата. Сите се согласуваат за една работа - немало „сребрен куршум“, односно еден фактор што ја направил разликата.

„Само гледајќи го бројот на починатите, јасно е дека Јапонија е успешна. Но, дури и експертите не знаат зошто“, изјави Микихито Танака, професор по комуникација на универзитетот Васеда и член на советодавната група за коронавирус.

Медиумите објавија список од 43 можни причини зошто Јапонија била успешна во борбата против коронавирусот, а вклучува и различни фактори, од културата на носење маски, ниското ниво на дебелина до релативно раната одлука за затворање на училиштата, па дури и претпоставката дека карактеристиката на јазикот на Јапонците е да исфрла помалку капки плунка.

Експертите интервјуирани од Блумберг исто така се согласуваат дека одговорот на прашањето од каде потекнува успехот во борбата против коронавирусот е од голем број различни фактори. Како и да е, мерките преземени од Јапонија би можеле да послужат како долгорочна лекција за земјите со епидемија.

Еден од поважните фактори е фактот дека Јапонија започнала да ги бара контактите многу брзо, а тоа било можно затоа што во јапонските здравствени центри повеќе од половина медицински сестри имаат искуство во набљудување на заарзите. Јапонија се концентрира да бара т.н. кластери на одредени локации, како што се клубови и болници, за да ја лоцираат инфекцијата пред спиралата да излезе надвор од контрола.

Покрај тоа, друг настан и помогна на Јапонија да се подготви добро за епидемијата. Закотвувањето на крузерот ,,Diamond Princess” во февруари, каде стотици луѓе се заразиле, им помогнало на јапонските експерти многу рано да добијат вредни информации за тоа како се шири вирусот и да сфатат дека станува збор за опасност што може лесно да се пренесе во Јапонија.

Покрај тоа, во Јапонија, експертите успешно воспоставија едноставна порака за тоа како да се избегнат затворените, пренатрупани простори и блиските контакти. Се верува дека ова било многу поуспешно отколку да се изврши целосна физичка изолација. Друг фактор е развиената здравствена свест на јапонските граѓани.

И, иако Јапонија ги избегна најлошите сценарија во однос на здравјето, мерките за слаби ограничувања не успеаја да ја спасат земјата од негативните економски ефекти. Во првите три месеци од оваа година Јапонија падна во рецесија, а економистите предвидуваат дека вториот квартал ќе биде најлош досега.

И иако Јапонија наскоро ќе ги укине сите мерки, властите предупредуваат дека нема враќање во старата нормала. Покрај тоа, ако се појави втор бран на инфекција, ризикот во Јапонија, која што има најстара популација, останува голем.

„Мора да претпоставиме дека вториот бран ќе биде полош и ќе се подготвиме за тоа“, рече Јошихито Ники, професор по заразни болести на Универзитетот Шоу.

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се осврна на синоќешниот натпреварот со Каљари на којшто неговиот тим се спасуваше од пораз.

Средбата од 33. коло во Серија А заврши 2:2, а Јувентус изедначи во последните минути со автогол на Алберто Досена.

- Пропуштивме седум контранапади и постојано грешивме. Требаше да се бориме, но не влеговме во дуел-игра и ја направивме секоја можна грешка од технички аспект. Во вториот дел играта се промени и се подобривме. Не можете да му го дозволите на противникот таков почетокот на натпреварот на противникот. Примивме два гола. Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Каљари. Фудбалот е тежок спорт кој се состои од дуели. Моравме да бидеме на нивното ниво, можеби да играме потехнички.

На полувреме мораше сите да бидат заменети, вклучително и јас. Сега ни преостанува борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до купот, мислам дека со една нога сме во финалето, рече Алегри.

На 23 април торинскиот тим ќе игра со Лацио во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Јувентус.

На табелата во Серија А, Јувентус е трет со 64 бодови. Пред него се Милан со 69 и Интер со 83. /МИА

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата

Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс рано утрово забележаа победа над Сакраменто кингс со 105:98 во плејин натпреварот одигран на домашен терен.

Најефикасен играч на натпреварот беше Де'Арон Фокс ос Сакраменто кој постигна 35 поени.

Во победничкиот состав се истакна Брендон Инграм со 24 поени.

Пеликанс се пласираа во плејофот каде во првото коло ќе играат против Оклахома.

Покрај Њу Орлеанс место во разигрувањето за трофејот преку плејин обезбедија и Лос Анџелес лејкерс, Мајами Хит и Филаделфија.

Плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот почнува вечер со натпреварите:

Кливленд кавалирс – Орландо меџик и

Минесота тимбервулвс – Феникс санс. /МИА

притисни ентер