Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за формирање на нова влада

Народот покажа дека народот не сака криминална и коруптивна власт, рече генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ , Игор Јанушев.

Победивме во голем број градови и населени места рече Јанушев. Трката е тесна речиси изедначена , да почекаме да ги видиме финалните бројки.

ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за обезбедување мнозинство за формирање на нова влада .

Кореанците претставија нова марка автомобили

По Генесис, корејскиот гигант реши да претстави уште една марка на автомобили.

Како што се очекуваше, ќе го носи името Јоник (Ioniq) и ќе биде врзан за електрични модели. Во следните четири години Хјундаи планира да лансира три сосема нови модели, но дефинитивно нема да застане тука. Имајќи го предвид тоа, но и фактот дека популарноста на електричните возила рапидно расте, реално е да се очекува дека на почетокот Ioniq ќе биде т.н. под-марка во стандарден опсег, но ќе се дистанцира се повеќе и појасно со текот на времето. На крајот на краиштата, нешто слично се случуваше со Genesis, која исто така започна како единствен модел. Инаку, Ioniq е во опсегот на Хјундаи од 2016 година, и се нуди во три верзии со три погони.

Хјундаи откри и како сите нејзини електрични автомобили ќе продолжат да ги комбинираат препознатливите одлики на претходно презентираните концепти. Така, со можност за исклучително брзо полнење на батериите, ја нагласува просторноста и „иновациите кои комбинираат дизајн, технологија и услуги интегрирани за уникатно искуство во возењето.“ Во секој случај, сите модели ќе ја користат платформата Е-ГМП (Електрична глобална модуларна платформа).

А трите модели што доаѓаат се Ioniq 5, 6 и 7. Парните бројки се поврзани со лимузини, а непарни броеви со SUV моделите. Првиот што следува е кросоверот „Јоник 5“ заснован на ретро моделот „Хјундаи 45 ЕВ“ претставен минатата година во Франкфурт. Во 2022 година доаѓа Ioniq 6 базиран на концептот Prophecy, а потоа во 2024 година на сцена се појавува големиот SUV модел Ioniq 7.

Средба Заев - Ахмети во Собранието

Пред околку два часа во Собранието почна средбата меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.

Овие разговори доаѓаат непосредно откако Заев обвини дека му се прави притисок со тоа што ДУИ повторно организира средба само со претставниците на албанскиот политички блок.

Пред Собранието е колешката Сања Трајковска Ставров.

Грција на границите воведува нови , заострени мерки

На посетителите што доаѓаат во Грција од Шведска, Белгија, Шпанија, Холандија и Чешка ќе им треба  тест дека се негативни на корона вирусот, објави денеска грчката влада.

Одлуката е донесена по неодамнешното зголемување на бројот на заболени со коронавирус во земјата и ќе стапи на сила на 17 август.

Тестот не може да биде постар од 72 часа пред некој да влезе во земјата, објави Ројтерс.

Најголемиот број на заразени лица со Ковид-19 се регистрирани вчера во Грција, 203 случаи, од почетокот на епидемијата, со што се зголеми вкупниот број заразени на 5.623.

Грчката влада соопшти дека потврдата сотестот ќе биде потребен за сите посетители кои влегуваат во Грција преку нејзините копнени граници, вклучително и за грчките државјани кои се враќаат дома.

Владата забрани јавни собири, вклучително и претстави и концерти каде публиката не седи.

Владата објави и дека рестораните и баровите во Крит, Солун, Халкидики, Миконос, Парос, Санторини, Антипарос, Закинтос и Кос не можат да работат помеѓу полноќ и 07,00 часот наутро.

притисни ентер