Јанушев:Се надевам дека премиерот-прекршител ќе си ја плати казната и за тоа нема да помилуван

Обидете очајни за голиот популизам мислам дека воопшто не поминуваат во јавноста.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во денешното свое обраќање својот говор го започна со тоа дека му е мило ми е што денеска во Собрание бил присутен премиерот-прекршител и се надева дека овој пат казната за прекршок ќе си ја плати и нема да биде повторно аболициран или помилуван.

-Обидете очајни за голиот популизам мислам дека воопшто не поминуваат во јавноста, но не сум тука да зборувам за овој човек, човек кој целокупната македонска јавност доста добро го познава. Исто така како што почнаа како со предлогот за избор на старо-ново влада така се продолжува и со предлогот за заменици министри и морам вака да констатирам дека буквално ниту еден не гледам присутен во салата. Толку од почитта, од обидот да еве се покаже дека институциите треба да почнат да функционираат како што треба. Оваа старо-нова Влада, оваа ќе влада ветија мед и млеко, овие ветуваа се и сешто и никогаш не престанаа со тоа. Тие секогаш ветуваа повеќе, за жал повеќе криминал, корупција, повеќе распродажба. Оваа Влада во обид е всушност мафијата која денеска, а и во последните 4 години владее во државата и не направија ништо. Пробаа преку лаги и манипулации да ги претстават овие старо новите и еве повеќе од еден месец како поминува изборот од нова Влада ама немаме ниту една буквално една мерка за подобар живот на луѓе. Овие истите што сега ги предлагаат да бидат заменици-министри во највисоките функционери во државата заедно со овие старо новите кои претходно ги избра парламентарното мнозинство, за еден месец не најдов засходно да предлагаат една единствена мерка која ќе биде за добробит на општеството и затоа ова влада е ќе влада, затоа е мафијашка влада, истакна Јанушев.

Тој во своето обраќање посочи дека за неколку дена отсега „ќе прекршител премиер“ ќе излезе, ќе стави раката на срцето и ќе каже мора тоа да се направиме бидејќи овој староновиот министер кој претходно се добро менаџираше, но еве колку е се добро сработено сите ние ќе мораме повторно да седиме дома.

-Она што е интересно што оваа мафијашка ќе влада кога прв пат успеа да ја формира таа влада ветуваше една работа која продолжуваше да се провлекува во сите нивни настапи и говори, а тоа беше едно општество на сите. Еве во овие 16 предложени имаме 8 Aлбанци, 6 Mакедонци и 2 Tурци. Имаме 14 мажи и замислете само 2 жени. Ова беше онаа флоскула, празна реторика за родова и еднаква застапеност. Не ви пречи на вас пратеничките од СДСМ кои ќе го гласате ова или како каже шефот, како каже капо ди туто капи, мораме да дигнеме рака зошто веројатно е така, додаде Јанушев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Затворен е аеродром во Британија- имало безбедносен инцидент во авион

Аеродромот во Бирмингем привремено ја прекина работата поради „безбедносен инцидент на авион“.

„Авионот безбедно слета и сите патници и членови на екипажот се симнаа“, изјави портпаролот на аеродромот во Бирмингем, пренесува Sky News.

„Сите патници кои планирале да патуваат треба да дојдат на аеродромот и да се пријават за нивниот лет како што е вообичаено.“

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж да не добие смртна казна

Соединетите Американски Држави денеска му дадоа гаранции на Високиот суд во Лондон што ги побараа во врска со случајот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Во пресудата од 26 март, судот побарал гаранции од САД дека Асанж ќе може да се повика на Првиот амандман и дека нема да се соочи со смртна казна по екстрадицијата.

„Оваа дипломатска нота не прави ништо за да го намали огромниот стрес на нашето семејство за неговата иднина, имено неговото очекување дека ќе го помине остатокот од својот живот во самица во американски затвор поради неговата наградувана новинарска работа“, рече сопругата на Асанж, Стела, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Џо Бајден на 10 април изјави дека неговата администрација го „разгледува“ барањето на Австралија да се откаже од деценискиот притисок на САД за кривично гонење на Асанж поради објавувањето на доверливи американски документи.

Во врска со изјавата на Бајден, Стела Асанж оцени дека „изгледа дека работите би можеле да се движат во вистинска насока“.

Асанж (52) се соочува со кривично гонење во САД по 17 обвиненија за шпионажа откако објави стотици илјади доверливи американски документи пред речиси 15 години на неговата веб-страница Викиликс.

Поддржувачите на Асанж инсистираат дека тој е новинар кој ги разоткри воените злосторства на САД во Ирак и Авганистан, што беше во јавен интерес и дека тој е заштитен со Првиот амандман на американскиот Устав, кој ја гарантира слободата на говорот.

Кејт Мидлтон се огласи на „X“, за прв пат откако објави дека има рак

Кејт Мидлтон се огласи на Твитер за прв пат откако објави дека боледува од рак.

Таа се осврна на неодамнешните напади во Австралија. Имено, 40-годишен маж избоде до смрт шест лица во трговски центар во Сиднеј за време на викендот. Од шестмината убиени, пет се жени. Подоцна, во црква во Сиднеј бил нападнат и епископ.

„Шокирани сме и тажни од ужасните настани во Сиднеј. Нашите мисли се со најблиските на оние кои починаа, оние кои беа погодени од оваа ситуација и хероите на службите за итни случаи кои ги ризикуваа своите животи за да спасат други“, се вели во соопштението на принцезата од Велс и принцот Вилијам.

Потсетуваме, Кејт на крајот на март ѝ се обрати на јавноста со емотивна видео порака во која откри дека дијагнозата го шокирала целото семејство и дека таа и Вилијам „направиле сѐ што можеле за да се справат со ситуацијата и да ја решат приватно во корист на семејството“.

Ракот на Кетрин беше откриен дури откако таа беше подложена на голема операција на стомакот во клиника во Лондон во јануари. Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да објавуваат детали за тоа каков тип на рак има принцезата или во која фаза е, и побарале од јавноста да не шпекулира.

притисни ентер