Јанушев: На 15-ти јули народот доаѓа по своето, а кога народот доаѓа по своето на СДСМ, Заев и Николовски ќе им се случи потоп

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на изборната единица 3 денеска оствари средба со граѓаните на Истибања .

Јанушев укажа дека ВМРО-ДПМНЕ овдека секогаш ја добивало најголемата поддршка од овдека почнувајќи од Унијата на млади сили, Унијата на жени, основачите и ветераните на партијата.

Во овие три и пол години живееме во една агонија, во еден грч, во едно зловреме каде што сите нас не натераа да ја свиткаме кичмата и да ја наведнеме главата. Истибања е пример зошто и кога било најтешко сте покажувале како се сака државата, сте ни давале мотив да продолжиме со борбата, да истраеме и еве после три години кога многу малу веруваа дека можеме да бидеме фаворити во изборите не очекува и претстои една голема победа пред се за Република Македонија, кажа Јанушев.

Носителот на изборната единица при своето обраќање рече дека СДСМ и Заев се најголемото зло, најголемиот вирус кој што ја има зафатено државата и сега на 15 јули е времето кога треба да се збрише тој вирус. Тој рече дека треба сите граѓани заедно да кажат доста е на сите омаловажувања што ги направија и да се врати државата кај народот.

Она на што ја темелиме нашата држава, она што е содржано во оние 36о страници исполнети со 1000 проекти се обврзуваме пред секој еден од вас дека ќе го исполниме. Ние не сме СДСМ, истите лаги кои што ги слушавте во 2016 ви ги повторуваат и денеска. Тогаш ветуваа 30 000 денари плата, сега ветуваат 34 000. Нека кажат еден единствен проект, една единствена мерка што ја имаат направено сами. Нешто што го смислиле, го финансирале и еве дека не го направиле, барем што почнале да го прават. Не постои такво нешто, не во Истибањи, не во Виница, не во изборна единица 3, не во цела Република Македонија. Тие се најнеспособни. Викаат дека можат, но можеа. Можеа да не крадат, можеа да не лажат, можеа да не ги распродадат државните и националните интереси“, нагласи Јанушев.

Јанушев додаде дека оваа власт единствено нанесе лошо на државата како што не е нанесено никогаш досега. И токму поради тоа граѓаните ќе ги казнат на 15-ти јули.

„На 15-ти јули народот доаѓа по своето, а кога народот доаѓа по своето на СДСМ, Заев и Николовски ќе им се случи потоп“, потенцира Јанушев.

Јанушев потсети дека пред една година ВМРО-ДПМНЕ излезе јавно и побара да се донесе Закон за потекло на имот на политичари. Но СДСМ побегна од тоа. А, побегнаа бидејќи се што украдоа ќе треба да вратат, за се што излажаа ќе треба да одговараат.

„Но по формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се донесе тој Закон и секој еден од нив почнувајќи од Зоран Заев, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска сите до еден ќе одговараат. Не за една година, не за три години туку во првите 6 месеци, тоа ви го ветуваме“, истакна Јанушев.

Јанушев за крај на граѓаните порача дека по 15-ти јули владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе работи напорно за доброто на граѓани и за Република Македонија. Време е да се врати достоинството на Македонецот и Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер