Јанушев до Пендаровски: Немате обврска да му служите на Заев, но имате обврска да го заштитите здравјето на граѓаните, продолжете ја вонредната состојба

​Владата нема капацитет да се справи со здравствената криза.

Резултатите говорат дека Владата на Заев и Спасовски убедливо најлошо се справува во регионот со корона вирусот. И тоа го покажуваат бројките. Не сакаме ова да се претвори во политичка пресметка, но неодминлив факт е дека ваквата неспособност на Заев и Спасовски се плаќа со животите на граѓаните. Значи имаме констатирана неспособност на владата, неспособност на онаа несреќна комисија за заразни болести која работи под политички диктат, тука е и веќе здодевниот и ноншалантен Филипче, и нервозниот извор на оваа неспособност и криза Зоран Заев. И за се ова што го говорам постојат факти. Печатираната неспособност говори дека Македонија убедливо најлошо на Балканот се справува со корона вирусот и е на прво место по бројот на заразени и смртни случаи на милион жители. Тоа значи дека здравството на Филипче и системот на Заев крахира. Македонија на милион жители има 81 смртен случај, и 1698 заразени, додека Албанија има само 12 починати и 863 заразени,додека пак Словенија има 52 починати со 716 заразени луѓе.

Веќе втора недела имаме по троцифрена бројка на дневно новозаразени од корона вирусот. Тоа значи дека короната не стивнува, а полека Македонија станува балкански Вухан. И може до сабајле да се надмудруваме и да си го вперуваме прстот но здравјето на граѓаните е нападнато, а народот е во состојба сам да се штити. Неодлучноста во носењето одлуки како и изнасиленото глумење на нормализација доведе до втор пик на корона заразата која се уште трае. И додека се бројат починатите СДСМ и Заев водени од желбата за личен спас и одбегнување на одговорност брифираат датуми за избори, во исто време кога се колнат во консензус носејќи еднострано одлуки за избори, се надеваат и си поигруваат со судбините и животите на луѓето. Лично Зоран Заев наместо да нуди решенија за спас на здравјето на граѓаните тој вели „тоа е“, и да се умира и да се заразува избори ќе има, а дозволува народот да страда. Убеден сум дека народот сето ова ќе го запамети кога ќе одлучува зад параванот, но Македонија има поважна работа во овој момент, а тоа е да спасуваат животи. Одлуката на Заев и Спасовски и нивната влада да не се продолжи вонредната состојба не е последица на тоа дека работите со корона кризата се подобрени, туку напротив тие се полоши од било кога споредено од првиот ден на кризата до сега, туку поентата е што Заев го турка народот во кланица и нов корона пик, сакајќи избори без целосен мониторинг, какви што сме немале ниту во деведесеттите, избори со стотици жртви и ниска излезност. Заев денес призна дека сака избори без целосен мониторинг и сега сите ние треба да го прифатиме како нормална работа. Како до вчера не убедуваа ќе има мониторинг. А, тоа го бара затоа што во тоа ја гледа својата шанса за потесен пораз, и затоа се посипува со пепел. Што се однесува до самите бројки за вонредната состојба нема никаква логика таа да биде стопирана. И претседателот Пендаровски тука не е искрен кога вели дека по 4 вонредни состојби, денес вонредна состојба не прогласувал поради здравјето на граѓаните, туку за економските мерки. И бројките на новозаразени и бројките во економијата тврдат дека имаме работа со вонредна состојба. Во здравството бројките се за продолжување на вонредната состојба, еве и зошто - првиот пат кога беше воведена вонредна состојба на 18-ти март имаше 42 новозаразени, вториот пат кога беше продолжена на 16-ти април имаше 104 новозаразени, третиот пат кога беше продолжена вонредната состојба на 15-ти мај бројката на новозаболени е само 17 граѓани. На 30-ти мај има повторно четврта одлука за нова вонредна состојба со 35 ново заболени. Додека вчера 11-ти јуни нема одлука за продолжување на вонредната состојба во ситуација кога имаме 175 новозаразени, и вкупно до вчера 169 починати.

Бројките покажуваат дека државава не излегува од корона кризата туку дека таа се продлабочува и нова вонредна состојба мора да има.

Поради негрижата на Владата на Заев и Спасовски до сега имаме:

⁃ 169 починати,

⁃ 3538 заразени,

⁃ повеќе од 15 илјади граѓани кои се ново невработени и ги загубија работните места,

⁃ сеуште непознат број на новозаразени.

А, Заев и Владата вонредното го прават редовно, ненормалното го прават нормално. Затоа претседателе Пендаровски единственото што ви преостанува поради доброто на граѓаните, поради вашата уставна обврска да и служите на Македонија и поради вашата одговорност да ги заштитите граѓаните мора да ја продолжите вонредната состојба. Издигнете се над притисоците од Заев кој во ужасот низ кој поминува народот го гледа само својот спас од одговорност и жилаво и нервозно се бори за тесен пораз газејќи над илјадници судбини. Немате обврска да му служите на Заев, но имате обврска, уставна и морална да го заштитите здравјето на граѓаните. Продолжете ја вонредната состојба, бидејќи кариерата на Заев завршува, но да спасиме да згаснуваат животи на недолжни граѓани.

Не прогласувањето на вонредната состојба значи политичка одлука на Пендаровски донесена под притисок на Заев. Ништо поинаку. Таквото однесување значи дека Пендаровски наместо на народот одлучи да му служи на Заев.

И сосема на крај, ВМРО-ДПМНЕ е отворено за разговори, за решенија и за консензус кој ќе биде за доброто на граѓаните. Но за тоа треба разум.

Нема ниту еден друг субјект кој посакува повеќе од нас Зоран Заев и оваа неспособна влада да биде поразена. И тоа неминовно ќе се случи, и тоа ви го гарантираме на сите еден од вас, но животите на граѓаните немаат цена и за нас здравјето е најважно, а поразот од народот ќе им дојде многу бргу.

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ребел Вилсон: Член на британското кралско семејство ме викаше на оргии и дрогирање

Актерката Ребел Вилсон во своите мемоари Rebel Rising тврди дека член на британското кралско семејство еднаш ја поканил на оргија и употреба на дрога за време на забава во Јужна Калифорнија, пишува Page Six.

Иако австралиската актерка не именувала за кој член на кралското семејство станува збор, таа тврди дека личноста е маж и дека е веројатно „петнаесеттиот или дваесеттиот во редот за британскиот трон“. Вилсон тврди дека била поканета во последен момент во 2014 година, а кралското семејство ѝ објаснило дека се потребни „повеќе девојки“ на забава со средновековна тема во домот на американскиот технолошки милијардер во близина на Лос Анџелес.

„Каква совршена можност да најдам момче, си помислив“, пишува актерката во својата книга. Вилсон потсети дека забавата вклучувала акробати кои се лулаат, мажи кои се тепаат на коњи и базен полн со жени облечени како сирени, како и гледање со член на британското кралско семејство додека се делела дрога на послужавници.

„Гледајќи ја британската кралска потпора наоколу додека продолжувам да ги кревам градите. Тие се мојата најдобра физичка карактеристика“, напишала таа, додавајќи дека по раскошниот огномет, друг неименуван маж се појавил со послужавник со нешто што личело на бонбони, но всушност бил дрогата МДМА.

Кога прашала за што е, добила одговор: „Ах, за оргии е... Оргиите обично почнуваат во овој момент, но тогаш го разбрала коментарот дека се потребни повеќе девојки. Не зборувам за односот на мажи и жени како да сме во дискотека. Зборуваа за оргии“, додаде таа.

Таа додала дека тогаш била девица, а од забавата побегнала без да биде сведок на оргиите. „Непотребно е да се каже дека го зедов фустанот за деверуша и истрчав од таму најбрзо што можев“, заклучила таа.

Пролетен распуст во САД- „жешки“ забави, тепачки и купишта ѓубре во океанот (ВИДЕО)

Пролетниот распуст е еден од омилените празници за студентите ширум светот,но во Америка го означува почетокот на сезоната на забави,за време на која агенциите за спроведување на законот имаат полни раце работа за да ги контролираат ордите млади луѓе.

Пролетниот распуст во САД нема единствен распоред за сите факултети и училишта, се одржува од крајот на февруари до средината на април. Најновата снимка од Савана, град во Џорџија на југот на Америка, прикажува толпа млади луѓе како се опиваат и учествуваат во масовни тепачки, додека куп ѓубре е оставен на брегот на океанот.

Местото на акцијата е островот Тајби, популарно одморалиште на брегот на Атлантскиот Океан во Џорџија, објави Dailymail.

На видео снимката се гледа тепачка меѓу неколку девојки и куп ѓубре на брегот. За време на тепачката, на некои од девојките им падна горниот дел од костимот за капење. И покрај тоа, тие продолжија да се тепаат, додека некои се обидуваа да ја сокријат голотијата.

За време на речиси две и пол минути долго видео, мажите и жените плескаат и викаат ентузијастички додека жените разменуваат удари на патеката. На популарната забава „Orange Crush“ имало околу 6.000 учесници.

И покрај тоа, локалните жители тврдат дека сè поминало „прилично добро“. Видеото на социјалната мрежа x, порано Твитер, е прегледано речиси 100.000 пати. Минатата година на оваа плажа долга шест километри се собраа околу 100.000 млади луѓе, а локалните власти, поучени од тоа искуство, го ограничија изнајмувањето простор на плажата за време на пролетниот распуст оваа година.

На почетокот на оваа година, Мајами беше принуден да воведе полициски час и други драконски мерки за зачувување на јавниот ред и мир. Минатата година град во Флорида беше потресен од масовни пукотници за време на пролетниот распуст, па годинава имаше засилено полициско присуство.

Бизарна снимка има 92 милиони прегледи, на социјалните мрежи бараат казна за авторите (ВИДЕО)

Навикнати сме инфлуенсерите и креаторите на содржини да вршат разни акробации со цел да привлечат следбеници и да обезбедат што повеќе кликови.

Понекогаш, тоа значи ризикување на сопствениот живот.Сличен пример наоѓаме и на Инстаграм, каде корисникот Самит Дубеј објави бизарно видео кое ги подели мислењата на луѓето.

Гледаме млад човек, залепен со пластична фолија од надворешната страна на автомобилот, што можеби нема да биде проблем - доколку возилото не се движело по патот.

Навистина, автомобилот не оди брзо, но без разлика, тоа е ризичен потег.

Очигледно сѐ поминало без последици, а изгледа дека залепениот млад човек ужива во авантурата. Клипот е објавен на 12 април и брзо стана вирален, собра над 92 милиони прегледи и два милиони лајкови.

Коментарите биле исклучени по бројните критики за авторот, пренесува NDTV.

Во меѓувреме, видеото е споделено и на други мрежи, каде многу луѓе изразија загриженост за ваквото однесување. Имало и такви кои побарале полицијата да преземе мерки против актерот.

„Ниту еден сериозен и чувствителен човек нема да го направи ова. Не се шегувајте со животот, сѐ може да се случи, некој може дури и да те удри“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Најглупаво нешто што сум го видел во животот“.

Третиот истакнал: „Животот е бесценет, некој е зафатен со глупави шеги, си игра со животот, а каде е законот да го стават зад решетки“.

притисни ентер