Јанушев:Аферата Канабис покажува инфлација од лиценци на фирми блиски до власта и неконтролирано производство на марихуана

​Како што ветивме пред некој ден, денес ќе имате можност да ја дознаете целата вистина околу омилениот бизнис на фамилијата Заеви. Бизнисот со марихуана која се претвори во рекет машинерија.

Токму затоа Заеви и СДСМ ревносно се борат во Собранието да се изгласа законот за опојни дроги по нивни терк, за потоа да обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи овој закон. Иако во позадина се работи за нешто сосема друго.

Овде се работи за милиони и создавање на силна канабис рекет машинерија.

Аферата Канабис милионите на Заев покажува инфлација од лиценци на фирми блиски до власта и неконтролирано производство на марихуана.

Веднаш да потенцирам и да ги расчистиме дилемите, ВМРО-ДПМНЕ не кочи закони во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ кочи закони кои се од личен интерес на Заеви. ВМРО-ДПМНЕ во 2016-тата година го донесе законот за одгледување на канабис за медицински цели и Република Македонија беше единствена држава во Европа заедно со Холандија, но со јасно дефинирани одредби, и високи критериуми кои мора да се исполнат, а не земјава да се претвори во оаза за канабис за милионите на Заев.

Но, како навистина стојат работите.

Информациите кои дојдоа до нас говорат дека СДСМ и Заеви практично манипулирајќи ги потенцијалните и заинтересирани производители на канабис, создадоа нова рекет машинерија преку која се собираат пари од бизнисмени кои сакаат да одгледуваат канабис.

Во постојниот закон кој е на сила, донесен во 2016 година за

одгледување на канабис за медицински цели, јасно е припишано кои се условите кои мора да ги исполнува одредена фирма доколку сака да добие лиценца за одгледување канабис.

СДСМ и Заеви, настрана од пропишаните одредби во законот, за само

неколку месеци дозволија хипер-продукција на лиценци за канабис. Внимавајте од мај 2016 до мај 2018 година се издадени само 5 лиценци за одгледување на канабис и 2 лиценци за екстракција. Додека пак само во 2019 година Владата има издадено 31 лиценца за одгледување на канабис, а околу 20-тина нови лиценци се во постапка и чекаат одлука од Владата за да ја добијат. Во истиот период исто така се издадени дополнително 2 лиценци за екстракција на канабис. Голем дел од овие фирми што добиле лиценци се поврзани погодувате директно со СДСМ.

Што е тука индикативно и сомнително?

Еден од условите да се добие лиценца за одгледување канабис е да фирмите апликанти поседуваат елаборат за одгледување на канабис во рок од 5 години како и која е намената на произведеното количество. Ова е еден од најважните документи кои треба да го поседуваат фирмите.

Внимавајте, според нашите информации, најголем дел од овие 31 лиценца во 2019 година, се издадени според непостоечки закон, односно се незаконски.

Овие фирми имаат елаборати во кои јасно пишува дека ќе извезуваат произведен сув цвет од канабис, што практично и не е возможно согласно постоечкиот закон, каде што извоз на канабис е возможен доколку е завршена екстракција. Според нашите информации, Министерството за здравство не врши воопшто инспекциски надзор колку канабис е одгледан кај голем дел од компаниите, па огромна количина од канабисот се продава на црно за огромни суми на пари, што докажува дека Заеви ја направија Македонија како Колумбија и Лазарат.

Канабис милионите на Заеви отвораат сомнеж дека постои и нелегално производство на марихуана.

Прашуваме, дали е точно дека Заеви доделувале лиценци на нивни блиски фирми без да поседуваат соодветен елаборат, па практично сега лиценците се незаконски?

Втора работа, која кружи низ кулоарите на бизнисмените, е дали е точно дека цената на една лиценца на Владата на СДСМ и на Заев чини околу 300.000 до 500.000 евра кои се плаќаат директно на рака кај луѓе блиски до власта?

За се ова институциите молчат и по принципот сврти ја главата на другата страна, се прават како да не се случува бидејќи се под директни инструкции на фамилијата Заеви и СДСМ.

Дополнително, документите покажуваат дека до последниот ден како премиер Зоран Заев делел лиценци за производство на марихуана. За само два дена во месец декември, а на неколку дена пред оставката на Заев се доделени 10 нови лиценци за производство на марихуана. Значи 10 нови лиценци, набрзина се доделени на компании кои се поврзуваат токму со Зоран Заев.

Набрзина, шверцерски и со огромен сомнеж за милионски криминал. Деталите на компаниите ќе ги чуете во следниот период, но она што е сигурно е дека СДСМ си направија класична рекет машина, каде што овие бизнисмени се принудени да ги купат лиценците од Владата за кеш пари, за сега повторно да се зборува низ кулоарите на бизнисмените дека повторно им се барани кеш пари за да можел СДСМ да остане на власт и да го протурка законот.

Почитувани,

Времето на СДСМ и криминалците како Заев заврши.

Обновата на Македонија доаѓа на 12-ти април. А, Заев и СДСМ ќе понесат одговорност.

Заев и СДСМ се виновни за се што се случува сега и Заев и СДСМ никогаш повеќе нема да и се случат на Македонија.

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Танцува на покрив на Ламборџини, реакцијата кога пука шофершајбната е хит (ВИДЕО)

Во ерата на социјалните медиуми, инфлуенсерите и креаторите на содржини сакаат да ги изненадат/шокираат корисниците, па често ги поместуваат границите.

Подготвени се да изведуваат разни подвизи и акробации, а едно такво видео веќе некое време кружи на интернет.

Прво беше објавено на Редит и прикажува девојка како се качува на покривот на скапо Ламборџини и почнува да танцува.

Веруваме дека љубителите на автомобили, особено на егзотичните, не гледаат со одобрување на оваа сцена. Да не зборуваме дека таа ја скрши шофершајбната газејќи на покривот.

MC dances on top of car and breaks the windshield 🤦‍♂️
byu/EthanthegamerGD inImTheMainCharacter

Таа и самата изгледа е шокирана од последиците, но не престанува да се смее и да танцува, пренесува NDTV.

„Што луѓето нема да прават за лајкови и кликови“, напишал еден корисник.

Времето и местото каде е снимено видеото не се откриени, а претпоставуваме дека сопственикот морал да издвои значителна сума за поправка на шофершајбната.

Реал пронајде замена за капитенот

Начо Фернандез, 34-годишниот капитен на Реал Мадрид, на крајот од сезоната го напушта Кралскиот клуб.

На Начо му истекува договорот и нема да го продолжи, пишува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Заминувањето на легендата на Реал значи дека клубот ќе мора да најде некој кој ќе го замени.

Романо тврди дека тоа е Лени Јоро, 18-годишниот централен дефанзивец на францускиот прволигаш Лил. Јоро покажал голем потенцијал оваа сезона играјќи за Лил на 39 натпревари. Тој постигнал три гола. Реал веќе некое време го следи овој млад човек, но тој не е единствениот. Го сака и ПСЖ. Трансфермаркт го проценува на 40 милиони евра.

Словачка одби да ѝ испрати помош на Украина, луѓето сами собрале 2 милиона евра за муниција

Словаците се лути поради одбивањето на словачката влада да обезбеди воена помош за Украина во борбата против руската инвазија, оваа недела собраа речиси 2 милиони евра во кампањата да му помогнат на Киев да се снабди со муниција.

Украина има итна потреба од резерви на муниција по две години војна. Но, Словачка одби да се приклучи на планот на чешката влада да купи стотици илјади гранати како артилериска муниција за Украина. Најмалку 15 сојузници се приклучија на планот.

„Кога слушнав за иницијативата на чешката влада, бев многу среќен кога слушнав дека се истражуваат сите начини за да ѝ се помогне на Украина да се одбрани од (рускиот) агресор, бидејќи нема друг начин“, рече Ото Симко, 99 -годишен преживеан од Холокаустот и новинар кој помогнал да се започне словачка онлајн кампања за собирање средства.

Словачка ја прекина државната воена помош за Украина минатата година, тврдејќи дека конфликтот нема да се реши воено, а премиерот Роберт Фицо ја усвои руската реторика повикувајќи на мировни преговори. Украина вели дека ќе се бори додека руските трупи не се повлечат.

Во видеото објавено на страницата на Јутјуб на организаторот на кампањата, Симко вели дека Русија треба да биде истерана од Украина за „да може да се зборува за мир под услови кои ѝ одговараат на украинската независност“. Донаторите велат дека целта на кампањата е да се покаже дека мнозинството не се согласува со промената на владата во надворешната политика по изборите во септември.

Претходните влади обезбедија противвоздушна одбрана и борбени авиони за Киев, додека министерот за надворешни работи на владата на Фицо се состана со неговиот руски колега во март. Тоа беше редок состанок на високо ниво на кој учествуваа Москва и членка на Европската унија.

„Многу луѓе во Словачка се срамат од ориентацијата на владата кон Русија. Тоа е причината за ваквиот придонес на народот“, рече Зузана Изакова од граѓанската група Мир за Украина, која е организатор. Акцијата „Муниција за Украина“ собра 1,94 милиони евра за четири дена, до петок напладне, со повеќе од 30.000 донатори, кои во просек донирале по 64 евра, се наведува на веб-страницата на иницијативата.

Изакова рече дека собирањето средства ќе биде неограничено, а средствата ќе бидат наменети за чешката кампања за набавка на муниција, од која во јуни се очекуваат првите испораки во Украина. „Ќе направиме сè што можеме за граѓаните на Словачка да можат да ја исполнат својата намера да ѝ помогнат на Украина“, ја цитираше чешката телевизија изјавата на чешкиот премиер Петр Фиала вчера во Брисел на самитот на ЕУ.

притисни ентер