Јанкуловска сведочеше како се финансирала ВМРО-ДПМНЕ во случајот„Плацеви на Водно“

 Се случуваше претседателот на партијата понекогаш да ме повика, да ме извести „тој и тој сака да и помогне на партијата со толкав и толкав износ“.

Екс-премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дел од донациите за партијата ги добивал лично, вака денеска сведочеше екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која утринава од затворот „Идризово“ беше спроведена во скопскиот Кривичен Суд да сведочи за случајот „Плацови на Водно“. Таа кажа дека во периодот 2004 до 2006 година кога била генерален секретар на партијата, обвинетиот Груевски лично ги договарал условите за реализација на донациите бидејќи тогаш законски не било уредено финансирањето на партиите. На прашање на обвинителката Лиле Стефанова дали имала евиденција колку пари дал одреден донатор, таа рече дека знаела само колку пари ќе се дадат, а дали се разговарало за повеќе или помалку потенцираше дека не знае. Посочи дека во нејзината канцеларија имало два сефа, од кои едниот бил за дневни трошоци на партијата.

-Се случуваше претседателот на партијата понекогаш да ме повика, да ме извести „тој и тој сака да и помогне на партијата со толкав и толкав износ“. Можело да се случи истиот ден да донира или по неколку дена. - Да, имаше два сефа, од кои едниот беше од тие што се големи, масивни, метар-метар и половина високи и имаше еден мал како каса. Во малиот се чуваа мали износи што се користеа на дневна основа. Другиот, барем додека бев јас на функција, ниту бил отворан ниту сум знаела шифра. Тој малиот беше со шифра и клуч, се отвораше по потреба.- Гордана Јанкуловска.

По екс-министерката сведочеше и поранешниот директор на ЕЛЕМ и функционер на ВМРО-ДПМНЕ - Влатко Чинговски. Додека бил директор на ЕЛЕМ во неговата канцеларија пристигале пакети кои што потоа ги предавал на тогашниот генерален секретар Кирил Божиновски во период од 2005-2010 година. Тој кажа дека се сомневал дека во тие пратки имало и пари, и дека е можно дел од лицата кои ги носеле да добиле и тендери во компанијата со која тој раководел.

Освен екс-премиерот, обвинети во овој случај се и бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Куновска-Камчева, Сашо Мијалков, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ

Сунак се соочува со бунт во неговата партија

Сунак се соочува со бунт во неговата партија поради плановите да им се забрани на младите да пушат.

Британскиот премиер Риши Сунак се соочува со нов бунт во неговата партија поради плановите да им се забрани на младите да пушат цигари.

Доколку се усвои законот за тутун и електронски цигари, би било прекршок да се продаваат тутунски производи на секој роден по 1 јануари 2009 година, јави „Скај њуз“.

Тоа значи дека оние кои сега имаат 15 или помалку години никогаш нема да можат легално да купат цигари.

Владата ја принуди „Alfa Romeo“ да го смени името на новиот модел, повеќе не се вика „Milano“!

Оригиналното име на моделот не траеше ниту една недела.

„Alfa Romeo“ во понеделникот објави дека ќе го смени името на новопретставениот теренец „Milano“ во „Junior“ по притисокот од италијанската влада.

Одлуката доаѓа само неколку дена откако Адолфо Урсо, италијанскиот министер за индустрија, ја критикуваше „Alfa Romeo“ за рекламирање на „странски“ автомобил со италијанско име. Имено, „Milano“ (сега „Junior“) ќе се произведува во фабриката Тихи, која се наоѓа во Полска.

„Автомобил наречен „Milano“ не може да се произведува во Полска“, рече Урсо во четвртокот.

„Тоа е забрането со италијанскиот закон“.

Тој се повикува на законот од 2003 година, кој вели дека не може да се изнесуваат информации кои ги доведуваат во заблуда потрошувачите. Значи, автомобил со значката „Milano“ мора да се произведува во Италија. Инаку, компанијата дава погрешни индикации кои не се дозволени според италијанскиот закон, пренесува „Reuters“.

Како „Milano“, „Junior“ е уште едно оживеано име од историјата на брендот. Можеби е посоодветен за овој нов мал кросовер.

„Junior“ првично беше користен од „Alfa Romeo“ како ниво на опременост во средината на 1960-тите за неговите почетни купеа од сериите 105 и 115 „Giulia“.

„Ние сме целосно свесни дека оваа епизода ќе остане врежана во историјата на брендот“, рече извршниот директор Жан-Филип Импарато во врска со промената на името по притисокот од властите.

„Тоа е голема одговорност, но во исто време е и возбудлив момент. Изборот на новото име „Alfa Romeo Junior“ е сосема природен, бидејќи е силно поврзан со историјата на брендот.

Извор: Б92

До крајот на денов локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи

До крајот на денов и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. 

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде 25 степени.

Под влијание на серија на влажни бранови, до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

- Утре наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период, соопштуваат од УХМР.

притисни ентер