Јанкулоска: Македонија не е изолирана во поглед на опасностите од тероризмот

Политичките и социоекономските фактори кои може да придонесат за терористичко радикализирање и регрутирање, се тема на дводневниот национален семинар „Сузбивање на насилниот екстремизам и радикализам кој води кон тероризам (ХЕПТ)“, што почна денеска во Скопје.

На темата разговараат околу 50 локални и меѓународни учесници, вклучувајќи експерти за безбедност и претставници на националните власти и граѓанското општество. Ќе се истражуваат и начините на кои јавниот и приватниот сектор, како и полициската работа во заедницата, можат ефективно да помогнат во спречување и борбата против тероризмот.

- Очигледно ова е закана за целиот свет и Македонија не е изолирана во поглед на опасностите, но и во поглед на мерките кои неопходно мора да се преземаат. Токму настаните како денешниов се добра прилика за размена на искуствата, за најдобрите практики и да се поразговара за перспективите односно моделите или одредени интервенции во легислативата или промени во методологијата на работа, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Евидентно, посочи таа, е дека заканата со која се соочуваме е закана со која се соочува целиот демократски свет. - За Македонија тоа е проблем исто толку колку што е проблем за САД и за која било друга демократска држава во светот. Кога станува збор за тероризмот не постојат мали и големи држави под закана на ова глобално зло, изјави Јанкулоска.

Во Македонија досега нема поднесено кривична пријава за регрутација во некоја од терористичките организации, но во последните измени во Кривичниот законик е интервенирано во овој дел.

- Создадена е правната рамка во функција на испраќање на порака дека нема да дозволиме во Република Макеоднија ваквите радикални структури да најдат плодна почва за промоција на нивните идеи и одат на штета на демократијата и на слободата на сите граѓани. Меѓутоа, безбедносните служби пред с еоние кои работат на националната безбедност и сите други институции надлежни за спроведување на законот се во постојана координација. Кога велам постојана координација тука не мислам на нашите национални служби, туку сите служби кои се целосно посветени на оваа проблематика од партнерски држави, практично од целиот свет, рече Јанкулоска.

Досега, според неа речиси без исклучок се покажало дека актите на тероризам никогаш не биле во смисла на подготвувањето, организирањето и извршувањето изолирани само во една држава. - Најчесто имало конекции со повеќе држави во светот. Комуникација на луѓе со слична идеологија и убедување кои доаѓаат од разни краишта од светот, меѓутоа имаат една заедничка цел и токму заради тоа есенцијално е да имаме пред се меѓусебна доверба кога работиме на вакви прашања. Потоа и добра координација и методологија врз основа на која ќе постигнеме најдобри можни резултати во даден момент затоа што за жал до овој момент светот не нашол одговор за овој глобално зло, вели Јангулоска.

Aмбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет истакна дека за жал радикалниот екстремизам е широко распостранет феномен. - Религискиот радикализам и политичките радилистички групи работат заедно. Радикалите одат во тренинг-кампови и уште повеќе завршуваат во терористички групи. Идејата на овој настан е да размениме информации, да зборуваме за корените, за стратегијата како да се справиме со ова и што може да направиме заедно, изјави амбасадорот.

За справување со овој проблем, според него освен соработката на полициите потребна е и работа со младите луѓе и да се видат корените на овој радикализам, бидејќи најчесто младите се тие кои се врбувани.

Американскиот амбасадор Пол Волерс повтори дека Проблемот со тероризмот и радикализмот е глобален проблем во светот.

- Во медиумите секој ден гледаме информации за вакво нешто. Можеме да се справиме со нив доколку работиме заедно и внатрешно и на меѓународен план. САД потенцираат дека мора да работиме заедно и да учиме едни од други за овој проблем и да се координираме подобро. Мислам дека тоа е многу важно за борбата против тероризмот, рече Волерс.

За соработката со македонското МВР, рече дека е многу блиска. - Не би сакал да влегувам во детали по ова прашање, но имаме историја на многу добра соработка и исто така соработуваме со земјите од регионот и со многу земји од светот по тоа прашање, рече Волерс.

Коорганизатори на настанот се Одделот за транснационални закани на ОБСЕ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со поддршка на Владата на САД./МИА.

Стојаноска: Потребно е национално обединување, државата да си ја вратиме во рацете на народот

На вчерашниот масовен митинг во Охрид, претседателот Христијан Мицкоски меѓу останатото повика и на национално обединување како решение, државата да си ја вратиме во рацете на народот бидејќи во моментов е во рацете на мафијата.

Како одличен пример за обединување е токму спортот, бидејќи успесите во спортот без разлика дали се работи за индивидуален или колективен секоја нација ја прават горда и никоја нација не ја поделуваат.

Токму денес во Гостивар е дојден претседателот на комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ Борко Ристовски кој има нешто да ви каже.

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 6

Јакимовски: Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ

ГРОМ и „Храбро за Македонија“ остануваат единствената трета опција со промакедонски ставови која не ги лаже македонскиот народ и граѓаните!

- За среќа конечно маските пандаа. Христијан Мицкоски јавно објави дека повеќе нема да ги напаѓа ниту Левица, ниту ЗНАМ, ниту господинот Максим Димитриевски, што значи дека тие од тајна стануваат јавна коалиција и ова јасно покажува дека тие веќе ги имаат усогласено ставовите во врска со промена на Уставот и во врска со внесот на Бугарите во Уставот на Република Македонија, а веројатно се имаат и договорено за промена на Уставот и избор на претседател во Собранието, онака како што бараат албанските партии во Република Македонија. Ова јасно покажува дека и Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ и тсануваат продолжена рака на оваа коалиција и оваа голема политичка партија и станува јасно на политичката сцена, искрен да бидам јас сум многу среќен, затоа што ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“ останува единствена трета опција, единствена независна сила што се бори против овие два големи политички блока коишто не донесоа среќа на граѓаните на Република Македонија и коишто водат политика по принципот „кажуваат ДА и кога народот вели НЕ“. Очигледно е дека за овие промени коишто тие сакаат да ги направат во Уставот граѓаните јасно се изјаснуваат дека нивниот одговор е НЕ, но ова повеќе од јасно укажува дека се создава уште една група којашто сака спротивно на интересите и мислењето на граѓаните и јавното мнение кое кажува НЕ, тие да кажат ДА за уставните промени и јасно е дека ги имаат усогласено овие нивни чудни ставови. Но навистина е крајно нечесно да се трудите да ги изиграте македонските граѓани, да го изиграте македонскиот народ, цело време да глумите патриотизам, да глумите уставобранители, цело време да глумите дека сте загрижени за граѓаните и дека вие сте тие што ќе ги ограничите ДУИ во нивниот поход кон освојување на комплетната власт на Република Македонија, а всушност се подготвувате и се групирате да го извршите најголемото предавство во историјата на македонскиот народ. Јас уште еднаш ќе кажам дека сум многу среќен што се случува ова, затоа што граѓаните јасно можат да видат, а поготово гласачкото тело на ЗНАМ и на Левица јасно можат да видат дека единствена трета опција во оваа држава со јасни македонски ставови останува само коалицијата „Храбро за Македонија“ и ГРОМ! - нагласи Јакимовски.

Мисајловски: Во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард

Денеска сум повторно во Ѓорче Петров заедно со пратеникот Бојан Стојаноски и со нашата кандидатка на пратеничката листа, Габриела Калкова и градоначалникот, Александар Стојкоски.

Денеска имаме убава можност тука во Ѓорче Петров да се сретнеме со повеќе компании да разговараме за сите предизвици, но исто така да ја претставиме и нашата програма, нашата Платформа каде предвидуваме илјадници проекти за подобар живот се разбира, но пред се за подобар стандард и подобра економија. Ќе разговараме за рамниот данок, ќе разговараме како да се зголеми продуктивноста на компаниите, но и за отворање на нови 50 илјади работни места.

Главниот фокус на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард, тука сме најмногу фокусирани и затоа сакаме да ги слушнеме компаниите кои се нивните маки, бидејќи овие 7 години имаа навистина многу предизвици, многу потешкотии и сакаме заеднички со нив партнерски да градиме однос во иднината каде навистина ќе им помогнеме со многу мерки од нашата програма.

Продолжуваме на терен секој еден ден да се среќаваме со луѓето, но се разбира и со сите бизнисмени компании за да можеме заеднички да направиме една заедничка победа бидејќи Македонија е за сите луѓе

Македонија треба повторно да биде твоја, а промените се во рацете на сите луѓе.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ носител на изборна единица 2

притисни ентер