Родителите не се согласуваат со министерката за образование Весна Јаневска дека психолозите, педагозите и дефектолозите низ училиштата би можеле привремено да ја покријат работата на образовните асистенти кои се уште не им се достапни.. Кај нив револтот секојдневно расте бидејки сметаат дека децата во овој период изгубиле многу од наставата, нешто што ќе треба да го надокнадат од свои средства преку дополнителни приватни часови..
- Министерката најверојатно мисли дека инклузивните тимови се армија кадар. Дали мислите дека еден или двајца кои веќе се членови на училиштето дефектолог, педагог, психолог кој и да е дека може да покријат 12, 13 или 4 и 5 деца во текот на целото училиште. Што е можно по брзо да се пуштат асистентите, ова е изгубен материјал, ова е веќе изгубено уходување во училиште, ова е срамно што се случува. Родителите вложуваат во деца, во материјали, вложуваат финансии кои не се на ниво на државата него од сопствен џеп за дефектолози, логопеди за приватни часови.- Елена Јакимовска- Павлеска
Според министерката Јаневска пак нема проблеми со асистентите туку со училиштата, чии директори не ги објавиле огласите на време. Таа уверува дека 815те најавени образовни асистенти кои ги потпишале договорите, ќе започнат со работа во вторник и порача дека овој проблем од идната година нема да се повтори.
- Очекувам дека асистенти ќе има во вторник, но добро е ова сознание за да знаеме дека треба да посветиме многу внимание и на петте ресурсни центри кои треба да ја завршат оваа работа, но и да ги доедуцираме иако тоа веќе требало да биде завршено и менаџерите, директорите на училиштата но и тимовите кои треба да ја превземат оваа активност. Следната година вакво нешто нема да се повтори– Весна Јаневска – министерка за образование и наука
Јаневска ја објасни и новата реформа во образованието според која наставниците и учениците од 6то до 9то каде има едносменска настава треба да остануваат шест часови на училиште. Според неа на овој начин учениците наместо да бидат цел ден над книга, ќе имаат повеќе интерактивна настава вклучувајки спорт, информатика, претприемништво, а наставниците ќе бидат повеќе ангажирани овозможувајки им го тоа.