Јаневска очекува проблемот со образовните асистенти да се реши наредната недела

Министерката за образование и наука, Јаневска порача дека следната година ваков проблем со ангажирањето на образованите асистенти, со што трпат и децата и родители нема да се повтори.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска во Скопје по потпишувањето на партнерство меѓу групацијата НЕЛТ и УНИЦЕФ за унапредување на стручното образование преку практична настава за зелени вештини изјави дека образовни асистени за учениците со посебни потреби ќе има во вторник.

-Жалам што морам да кажам дека проблем со асистенти нема, има проблем со училиштата. Пет дена се работи она што Министерството го работи во еден ден. Само им порачувам на родителите дека асистенти ќе има, воопшто да не се секираат. Тоа што сум го ветила ќе го исполнам, вели Јаневска.

Таа посочува дека е добро сознанието оти треба да се посвети многу внимание на петте ресурсни центри кои треба да ја завршат работата околу ангажирањето на асистени за децата со посебни потребни во училиштата.

-Но, и да ги доедуцираме, иако тоа требало да биде завршено и менаџерите и директорите на училиштата, но и тимовите кои треба да ја превземат оваа активност, вели Јаневска.

Министерката за образование и наука, Јаневска порача дека следната година ваков проблем со ангажирањето на образованите асистенти, со што трпат и децата и родители нема да се повтори.

-Родителите воопшто да не се секираат ќе има асистенти, изјави Јаневска.

Инаку на почетокот на учебната година во училиштата во земјава беа ангажирани 815 асистени, додека за 200 асистени тече постапката за нивно ангажирање во училиштата, кои им помагаат на учениците со посебни потребни полесно да ја следат наставата и да го совладуваат наставниот материјал.

Пи Диди уапсен поради трговија со луѓе

Хип-хоп магнатот Шон „Диди“ Комбс е уапсен во Њујорк под „неодредени федерални обвиненија“, изјавија федералните власти, јави Би-Би-Си.

Апсењето на Менхетен уследи по рациите на два негови имоти во Лос Анџелес и Мајами во март. Лице блиско до обвинителството за „Њујорк тајмс“ изјави дека верува оти познатиот американски рапер е обвинет за рекетирање и трговија со луѓе во својство на сексуална експлоатација.

Адвокатот на Комбс, Марк Агнифило, рече дека се „разочарани“ од апсењето и дека неговиот клиент е „невин човек“. Музичарот се соочи со низа обвинувања, од сексуален напад до малтретирање, вклучувајќи ги и оние од неговата поранешна партнерка Касандра „Каси“ Вентура. Тој негираше се за што беше обвинет. /МИА

Герасимовски: Пријавете дупка на улица во вашето маало

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повика граѓаните да пријавуваат дупки на улиците со цел истите да бидат санирани.

Граѓаните тоа може да го направат преку пријавување на телефонскиот број 076381673 секој работен ден од 8 до 16 часот.

„Верувам дека овој начин на комуникација ќе донесе поголеми и побрзи резултати за граѓаните. Ние досега реконструиравме 17 улици, во моментов се работи на две тоа се улиците Елисие Поповски и Блаже Тодоровски и следуваат уште неколку за реконструкција. Но доколку станува збор за одредена дупка ги повикувам граѓаните да се јават на телефонскиот број, да ни остават точна локација и нашите службеници ќе ја пополнат,“ истакнува Герасимовски.

Општина Центар ќе продолжи да работи на редовно одржување на улиците со цел безбедно движење на граѓаните, велосипедите и автомобилите.

Со почит,

Општина Центар

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години. 

Во периодот од 9 до 15 септември во земјава се регистрирани 57 нови случаи на SARS-CoV-2, пријавени се четири починати лица - две во Скопје и по еден во Битола и Тетово, сите над 70-годишна возраст и невакцинирани, се посочува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Од 9 до 15 септември тестирани се вкупно 285 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 36,5 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 57 нови позитивни случаи, со намалување од 48,6 отсто во однос на минатата недела.

Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од осум градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=39; 68,4 отсто), a највисока инциденца е регистрирана во Делчево (14,7/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години.

Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се четири починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години. Тројца починале во болнички услови, а кај три лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се невакцинирани против КОВИД-19.

Во текот на 2024 година, а заклучно со 15.09.2024, во земјава се регистрирани вкупно 1.560 заболени и 20 починати лица асоцирани со КОВИД-19. Од појавата на првиот случај на КОВИД-19 на 26 февруари 2020 година пријавени се вкупно 351.876 заболени со КОВИД-19 и 9.999 починати лица асоцирани со КОВИД-19.

притисни ентер