Јаневска: Доцни исплатата на стипендиите

Доцни исплатата на стипендиите,  а на студентите не им се исплатени ниту парите за субвенциониран студентски оброк, се повеќе млади ја напуштаат државата.

Учениците и студентите останаа без поддршка од државата.

Доцни исплатата на ученичките и студентските стипендии. Наместо државата да ги мотивира, но и да им помогне на младите во овие кризни времиња, кога голем дел од семејствата одвај врзуваат крај со крај, тие се оставени да преживуваат како знаат и умеат.

Учениците кои се стекнале со право на стипендија во оваа учебна година, не добиле ниту денар. Од друга страна, резултатите од конкурсот за студентски стипендии за студиската 2022-2023 година уште не се објавени, а кој знае кога ќе им се исплатат парите на оние кои што ќе се најдат на списоците.

Да се спомене уште една од лагите на министерството и Владата – ветија порамнување на износите на стипендиите на старите и новите корисници, но од тоа нема ништо.

Нема пари ниту за субвенциониран студентски оброк, иако беше ветено дека ќе се исплаќа месец за месец. Министерството за образование и наука не може да го исплати износот од 120 денари, а не пак, како што најави да го зголеми тој износ.

И се ова е малку па натаму додаваме. Учениците запишани во Математичката гимназија цела недела губат часови по математички и информатички предмети. Немало средства да им се исплатат платите на професорите.

Тренерите во Спортските академии исто така не држат настава. Не им се продолжени договорите, а и не им се исплатени плати за неколку месеци.

Дали вака државата се грижи за младите? И дали вака државата треба да се грижи за младите? Дали ова е план можеби за принудно иселување од државата на младите? Кој го крои тој план? Ако ги погледнеме податоците колку ученици ја напуштиле земјава во последните неколку месеци, станува јасно дека во иднина никој тука нема да остане и никој во оваа држава не гледа иднина.

Жално. Време е оваа расипничка власт да си оди. Време е за предвремени избори.

Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

УЕФА отвори истрага против Барселона

УЕФА денеска најави отворање истрага против Барселона за „можни прекршувања на правната рамка“ на телото во контекст на арбитражниот скандал.

На 10 март, шпанските судови ја обвинија Барселона и некои од нејзините водачи за „корупција“, „прекршување на довербата“ и „фалсификувани деловни досиеја“ во случајот со сомнителни исплати на Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешен висок функционер во шпанската арбитража, кој исто така е под истрага.

Овие тужби од државното обвинителство во Барселона се однесуваат на Барса, претседателот на клубот од 2014 до 2020 година, Хосеп Марија Бартомеу, претседателот од 2010 до 2014 година, Сандро Росел и Оскар Грау и Алберто Солер, членови на поранешниот тим на Бартомеу.

Државното обвинителство открило дека каталонскиот клуб му платил повеќе од 7,3 милиони евра на Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешен судија и поранешен потпретседател на техничката арбитражна комисија на Шпанската фудбалска федерација. Овие плаќања, извршени преку компанијата Даснил 95 на Негреира, започнале во 2001 година и завршиле во 2018 година, кога тој ја загубил својата втора позиција во шпанската арбитража и одборот за техничка арбитража бил реструктуиран.

Според Барселона, која негира било каква грешка, Даснил 95 бил платен да го советува клубот за арбитражни прашања. Но, шпанското правосудство смета дека спорните суми можеле да бидат искористени за корумпирање на директорите на играчите.

Финскиот министер за одбрана се противи на испраќањето авиони „Хорнет“ на Украина

Финскиот министер за одбрана Анти Кајконен денеска изјави дека не сака да донира борбени авиони „Хорнет“ на Украина.

„Моето мислење како министер за одбрана на Финска е дека ни требаат тие авиони за да ја заштитиме нашата земја“, рече Кајконен на прес-конференција во Хелсинки.

„Се чувствувам негативно за идејата да ги донирам во следните неколку години. И ако погледнеме понатаму, мислам дека тие ќе се истрошат со текот на времето и ќе бидат малку корисни“, рече тој.

Финска ќе ги замени своите стари Хорнети со Ф-35 што ги нарача во 2021 година, а првиот авион се очекува да биде испорачан за две до три години.

Финска, сепак, ќе обезбеди дополнителна воена опрема за Украина, вклучително и уште три тенкови Леопард 2, како и претходно слична донација, рече министерот. Можноста за донирање на Хорнет на Украина беше спомната за време на неодамнешната посета на финската премиерка Сана Марин на Киев.

На прашањето на новинарите дали на Украина треба да ѝ се дадат борбени авиони, таа рече дека Финска треба да размисли дали нејзините Хорнети ќе бидат соодветни за таа цел, но не ветила.

Мицкоски: Точно е дека има притисоци за уставни измени, но јас нема да попуштам ниту милиметар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за уставните измени, истакна дека точно е дека постојат притисоци, но нема да попушти ни милиметар.

Мицкоски за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за уставните измени, истакна дека точно е дека постојат притисоци, но нема да попушти ни милиметар, бидејќи не се работи за инает, туку за одбрана на државните интереси.

- Ако ме прашувате дали има притисок и дали има непријатни состаноци, ќе ви кажам да, има притисок и има непријатни состаноци. Но ако ме прашате дали сум подготвен да паднам на тој притисок ќе ви кажам дека ни милиметар нема да се поместам. Затоа што моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие состаноци не се аргументи темелени на инает туку на логичен след на настаните. Разговараме и дебатираме, потенцира Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ставот го кажа уште во 2022 година и дека оттогаш ништо не е променето.

- Нашата позиција беше јасна уште на онаа прес конференција на 28 април 2022 година. Тука не поставиме простор никој да има дилема, втората точка од таа прес конференција беше формирање на тимови кои ќе преговараат со Бугарија и вклучување на тимови од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе работат про-боно да и помогна на владата. Затоа што замислете го Ковачевски поставен во јануари 2022, неизбран од народот, веќе во април стигнува информации дека нешто се пдоготвува, зилеговме во јавност у понудивме решение и прашуваме дали овој човек имал воопшто информации за процесот. Секако тој не е вториот Кисинџер да може за 3 месеци да направи нешто со кое сите ќе бидеме задоволни затоа понудивме луѓе кои ќе помагаат, за жал бевме одбиени, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека потоа имаше средба заедно со потпретседателот Николоски заедно со пратеникот Милошоски со Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски на кој власта повторно изнесе плитки аргументи и не сакаше да ги прифати аргументите на ВМРО-ДПМНЕ:

- Бидејќи ги следам пораките кои доаѓаат од СДСМ да сме се вклучеле да работиме на уставните измени и да сме аргументирале тоа за кое ние сме биле против, може тие имале спротивни аргументи. Седевме на тој состанок ги кажавме аргументите, а од другата страна не добивме контрааргументи, туку констатиравме дека нивните аргументи се плитки. Тие одлучија да влезат во авантура и да се создаде проблем, изјави Мицкоски.

притисни ентер