Јанева: Обвинението го распарталивме како баница

Екс специјалната обинителка Катица Јанева ги даде завршните зборови во случајот Рекет.. Порача дека е невина и дена нема ниту „о“ од обвинение против неа.

Зборувајќи гневно и со емоции екс специјалната обвинителка Катица Јанева на самиот финиш од судењето за случајот Рекет даде завршни зборови. Рече и е жал што обвинителката Вилма Русковска не беше во судница да ја слушне, но не бираше зборови да упати навреда на нејзина адреса. Рече дека обвинителите треба да го гонат криминалот, а не како што кажа по официјалното работно време да уживаат во салата и ракија.

Ова обвинение го распарталивме како баница. Невина сум. Грубо бев изманипулирана од една личност. Доколку ги знаете сопружниците Камчеви, како што јас ги знам, не би дозволиле ни да се доближат до судската зграда. Тие се дно. Орце сакаше да соработува во други предмети. Тој е валкан играч, а мене ми е чист образот.

Нејзините адвокати бараат ослободителна пресуда. Рекоа дека обвинението њ е амбициозно бидејќи е без докази..

Со денешното рочиште, практично заврши судењето за случајот Рекет, кое траеше околу половина година.. Останува уште објавувањето на пресудта, кое Судијката Васка Николовска Масевска го закажа за 18ти месецов.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер