Јанчев: Зимската служба повторно е доделена на ЈП Комуналец

По подолго време работата на зимската служба повторно е доделена на ЈП Комуналец.

Спремни сме да одговориме на сите потреби и сите предизвици во престојната зимска сезона во служба на граѓаните на општина Кавадарци, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Јанчев на ФБ додаде и дека во тек е поплочување на улици во село Мајден, на површина од 300м2, како дел од програмата за комунална изградба за 2023 година.

Изведувач на работите е фирмата АС Машини.

Драги: За подобра конкурентност на ЕУ потребна е поблиска соработка и интеграција меѓу земјите

 ЕУ треба да се фокусира на три клучни прашања.

Одржувањето на европскиот начин на живот мора да се базира на подобрување на конкурентноста, за што е потребна поблиска соработка и интеграција меѓу европските земји, порача поранешниот италијански премиер и екс-претседател на Европската централна банка, Марио Драги при претставувањето пред европратениците на неговиот Извештај за иднината на европската конкурентност.

- ЕУ треба да се фокусира на три клучни прашања: намалување на иновацискиот јаз со САД и Кина, развивање заеднички план за поврзување на целите за декарбонизација со зголемување на конкурентноста и зајакнување на безбедноста на Европа и намалување на нејзината зависност од странски економски сили, изјави Драги.

Тој потенцира дека за спроведување на плановите за зајакнување на конкурентноста и реализација на конкретни проекти за остварување на поставените цели, годишно ќе бидат потребни меѓу 750 и 800 милијарди евра.

- Дел од овие средства би можеле да дојдат од приватни извори, но дел, исто така, ќе треба да се обезбедат преку јавни инвестиции, вклучително и со нови заеднички задолжувања наменети специјално за финансирање на клучните заеднички проекти, рече Драги.

Во дебатата по обраќањето на Драги, поголем број европратеници се согласија со оценките во неговиот извештај дека економијата на ЕУ мора итно да го промени својот курс. Според нив, ЕУ треба да се фокусира на зајакнување на конкуренцијата и зголемување на иновациите во клучните индустриски сектори, заедно со повеќе јавни и приватни инвестиции во социјалните, зелените и дигиталните трансформации.

Во дискусиите беше посочено и дека треба да им се помогне на граѓаните да ги приспособат своите вештини на потребите на индустријата, за што се потребни иновативни технологии и социјални инвестиции кои ќе бидат компатибилни со поставените цели за економски раст.

Од друга страна, некои европратеници се заложија на „поголем суверенитет“ на земјите членки и за „послободни пазари“, нагласувајќи дека мерките за справување со климатските промени „ја саботираат економијата на ЕУ“.

Јанчев: Подготовки за асфалтирање на краци од ул. „25 Мај“

На општина Кавадарци и се доделени средства од Владата на Македонија преку заемот на Светска банка, соопшти градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

„Подготовки за асфалтирање на краци од ул. ,,25 Мај’’ во должина од 440м и површина од 3420 м2 која е во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта’’.

На општина Кавадарци и се доделени средства од Владата на Македонија преку заемот на Светска банка, во износ од 1.112.010 евра кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура.

Изведувач на работите e Градба Промет.

Кавадарци за сите!“, објави Јанчев на Фејсбук.

И во Калифорнија потпишан Закон за заштита на глумците од неовластена употреба на ВИ

 Продолжуваме да се движиме низ непозната област во однос на тоа како ВИ и дигиталните медиуми ја преобразуваат забавната индустрија, но нашата ѕвезда водилка отсекогаш ги штитела работниците..

Гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија, Гевин Њусом потпиша закон којшто ги заштитува холивудските глумци и други изведувачи од можноста за користење вештачка интелигенција за создавање дигитални копии од ликот и гласот на лицето без негова согласност. Со тоа, Калифорнија е меѓу првите сојузни држави што воспоставија заштита од неовластена употреба на ВИ.

- Продолжуваме да се движиме низ непозната област во однос на тоа како ВИ и дигиталните медиуми ја преобразуваат забавната индустрија, но нашата ѕвезда водилка отсекогаш ги штитела работниците... Законот обезбедува развој на забавната индустрија, а истовремено ја зајакнува заштитата на работниците и начинот на којшто нивниот изглед може да се користи, или пак, не!, рече Њусом.

Инспириран од штрајкот на филмските работници и стравувањата дека студијата ќе користат ВИ којашто би ги заменила глумците, новиот Закон им дозволува на изведувачите во Калифорнија да се откажат од постоечките договори доколку нејасните договорни клаузули им дозволат на филмските студија непрописно да користат технологија за дигитално клонирање на гласот на изведувачот. Законот ќе стапи во сила во 2025 година.

Новиот Закон го оневозможува и дигиталното клонирање на починати изведувачи за комерцијални цели, без дозвола од нивните наследници или заштитниците на нивните права.

И сојузната држава Тенеси - колепката на американската кантри-музика во март донесе Закон што на сличен начин ги штити музичарите и уметниците.

Противниците на Законот, вклучувајќи ја и Стопанската комора на Калифорнија, велат дека новите закони најверојатно ќе бидат неспроведливи и ќе доведат до долги правни битки во судовите.

притисни ентер