Јанчев: Во Кавадарци неколку години нема листа на чекање за згрижување деца во градинка

Градоначалникот на Кавадарци , Митко Јанчев објави дека во Општина Кавадарци неколку години нема листа за чекање за згрижување на дечиња,

Како никогаш досега!

Во Општина Кавадарци веќе неколку години не постои листа за чекање за згрижување на дечиња во ,,Детски Градинки - Рада Поцева - Кавадарци"

Градоначалникот Митко Јанчев на ФБ објави и дека во соработка со Општа болница Кавадарци, ја опремија Територијалната противпожарна единица- Кавадарци со болничко комбе со комплетна опрема. Комбето е наменето за потребите на ТППЕ при интервенции. Неколку години нашата противпожарна единица важи за најопремена и најподготвена единица во државата.

За убаво Кавадарци.

Мицотакис за Си-ен-ен: Време е да се донесат клучни одлуки за ЕУ

-Ако го прочитате извештајот на Драги е многу силно предупредување за тоа што Европа треба да го направи за да ја обезбеди својата стратешка автономија и да ја зајакне својата конкурентност. 

Немавме многу успех во носењето одлуки, но сега е време вистински да одиме напред. А новата Европска комисија и претседателката Урсула фон дер Лајен, верувам дека се целосно согласни и препознаваат дека е дојдено време за храбри акции, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за Си-ен-ен, говорејќи за иднината на Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп и степенот на подготвеност на Европа, Мицотакис посочи дека „пораката требаше да ја имаме примено уште пред претседателските избори во САД“.

-Ако го прочитате извештајот на Драги е многу силно предупредување за тоа што Европа треба да го направи за да ја обезбеди својата стратешка автономија и да ја зајакне својата конкурентност. Овие предлози и овие препораки, широки препораки, веќе се дискутирани на ниво на Европскиот совет. И чувствувам зголемена динамика, дека сме стигнати до важна точка и дека треба да донесеме некои клучни одлуки, истакна Мицотакис.

На прашањето дали поддржува носење одлуки со мнозинство, грчкиот премиер посочи дека ја поддржува потребата да се разгледа извештајот на Марио Драги како целина, но „ако тоа значи дека некои одлуки мора да се носат со мнозинство, тогаш треба да се погрижиме земјите да го задржат правото на приговори за критичните прашања, како што се националната безбедност, надворешната политика или одбраната“.

Невремето ја парализираше Грција, на повеќе места беше прогласена вонредна состојба

Невремето ја парализираше Грција. На Родос, кој претрпе голем удар поради налетот на бурата Бора, во понеделник навечер повторно беше испратена предупредувачка порака дека дождот ќе продолжи за граѓаните да избегнуваат непотребни движења.

Службите на Противпожарната служба, Јужноегејскиот регион и општина Родос остануваат во приправност за справување со проблемите предизвикани од невремето Бора. Како што е најавено, наскоро ќе започне процесот на евидентирање на штетата со цел да се обештетат повредените.

Според извештајот, на Лимнос не врне дожд во последните неколку часа, а жителите на островот се обидуваат да спасат што можат по разорните поплави.

Вонредна состојба за Родос и Лемнос прогласи генералниот секретар на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на барање на градоначалникот. Вонредна состојба е прогласена на Лемнос во општинските единици Мирина, Ацики и Неа Кутали. Сите училишта низ островот остануваат затворени во вторник.

Поради силните ветрови и врнежи од дожд оштетени се многу инфраструктури, куќи и патишта. На Халкидики се забележани големи количини на врнежи поради лошото време.

Четириесет и едногодишен скопјанец осомничен за подметнување пожар

Четириесет и едногодишен скопјанец осомничен за подметнување пожар во просториите на Адвокатската комора.

Четириесет и едногодишен скопјанец е осомничен дека подметнал пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ и на тој начин предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размер. За него е предложена мерка притвор која ќе почне да се применува кога ќе биде пронајден и лишен од слобода, а во меѓувреме по него ќе биде распишана потерница.

-Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 25 ноември осомничениот со умисла подметнал пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ на ул. “Методија Шаторов – Шарло”, предизвикувајќи на тој начин значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери, информираат од Републичкото јавно обвинителство.

Една недела претходно осомничениот набавил секира со гумирана рачка, плинска запалка, заштитни ракавици и 48 коцки за потпалување со керозин. На критичното утро, со сопственото возило дошол во близина на зградата каде се сместени просториите на Адвокатската комора, маскиран со “фантомка” и со секирата ја скршил влезната врата. Коцките керозин ги наредил на скалите, а врз нив ставил повеќе плински боци и со употреба на плинската запалка ги потпалил. Со тоа предизвикал пожар од поголем обем во станбената зграда. Причинетата штета се проценува на околу 9.255.000 денари. Само 30-тина минути по настанот осомничениот веднаш со сопственото возило, преку граничниот премин “Блаце” ја напуштил државата.

-Фактот што тој се крие и е недостапен за органите на прогонот, можноста да го повтори делото или да ја попречи постапката со влијание на сведоците се основи поради кои јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, велат од Обвинителството.

Мерката ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а во меѓувреме по него ќе биде распишана потерница.

притисни ентер