Јанчев: ТППЕ Кавадарци е најдобро организирана, опремена и подготвена во нашата држава

Несомнено Територијална против пожарна единица Кавадарци (ТППЕ) е најдобро организирана, опремена и подготвена противпожарна единица во нашата држава.

Од 01.05.2024 година па до денес регистрирани се вкупно 115 интервенции на територијата на Општина Кавадарци. Од вкупниот број на интервенции 85 се интервенции на отворено. Во сите случаеви ниту еден пожар не излегол од контрола. Секогаш се интервенира брзо и професионално, со сите ресурси кои ги има на располагање како и подготвените пожарникари кои секогаш професионално ги извршуваат своите задачи и реагираат брзо и навремено.

Превентивно, се вршеше парцелизација на месноста Љубаш и се прават пресеки каде што е потребно.

Дополнително преку постојани физички патроли и комуникација со месното население секогаш внимателно се следи состојбата во критичните делови каде постои можност од појава на пожари но и места кои се тешко пристапни, со цел доколку има потреба навремено да се интервенира.

Преку добрата организација на градоначалникот Митко Јанчев и командирот Чадамов и одличната комуникација со пожарникарите, како и соработката со останатите институции, територијата на Општина Кавадарци е безбедна како превентивно така и во случај на пожар.

Ова нека биде и апел до целото население, сите да бидеме одговорни и внимателни и во наредниот период.

За убаво и безбедно Кавадарци, објави градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев на Фејсбук.

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски за малолетниците кои вандализираат

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа.

Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) едногласно ја усвои иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам, соопштија од Општина Центар.

- Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците.

Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку заедничка општокорисна работа.

-За спроведување на иницијативата ќе се формира стручна работна група составена од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации. Целта е да се креираат ефикасни законски решенија и да се спречат потешки последици од ваквите негативни појави, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Страшна снимка од судар во тунел на Златибор: Автомобил превртен, делови насекаде

На автопатот Ужице - Златибор во Србија, во тунелот во Сурдук, во раните утрински часови се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале два автомобила.

Како што неофицијално дознава српски Информер, сообраќајната несреќа се случила утринава околу 06:25 часот во тунелот во Сурдук.

Нема информации дали во несреќата има повредени, но на местото на несреќата набрзо пристигнала полиција и брза помош.

На двете возила е причинета голема материјална штета.

На овој дел од главниот пат сообраќајот се одвива отежнато, со наизменично пропуштање на возила.

Нова дојава за поставена бомба во средно училиште во Загреб

По дојавите за поставени експлозивни направи во 100 средни училишта низ Хрватска минатиот четврток, утрово иста информација објавија хрватскте медиуми за загрепско средно стручно училиште.

Полицијата одговорила на повикот.

„Можеме да потврдиме дека по електронска пошта која пристигна на адресата на образовната установа, истата е евакуирана и учениците се безбедни. Полициски службеници веднаш се испратени на местото на настанот и ги спроведуваат сите неопходни превентивни дејствија. Потенцираме дека нема опасност за учениците и бараме да не се шири паника“, изјавија за локални медиуми од загрепската полиција.

притисни ентер