Вечерва во Дом на култура ,,Иван Мазов Климе’’, се одржа свечена академија по повод 80 години навршување од злокобниот 16 јуни кога од страна на бугарскиот фашистички окупатор, беше извршен Ваташкиот масакар, најголемото злосторство во Втората светска војна.
На настанот беа присутни голем број на гости, како и семејствата на 12-те ваташки младинци, со кој и го најавивме утрешното чествување на 80 години од стрелањето, кое ќе биде пред споменикот на 12-те ваташки младинци во месноста Моклиште. Настанот беше затворен со маестралната изведба на ,,Ми заплакало селото Ваташа’’ и ,,Цветови’’ од Славко Јаневски од страна на Игор Џамбазов, Андријана Јаневска и Катерина Танева.
Сите оние кои ја ценат слободата на својот народ знаат што направиле младинците од Ваташа, но и многу други кои ги дадоа своите животи за Ваташа, Кавадарци, Тиквешијата, Македонија. Затоа што нема ништо посвето од слободата на својата татковина.
Нека им е вечна славата.
Никогаш да не се повтори!
Да не се заборави!, порача на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Во предвечерието на најголемиот масакр во Втората светска војна, кога свирепо беа стрелани 12 Ваташки младинци, жителите на селото Ваташа вечерва со пригодна програма ќе им оддадат достојна почит на младите животи кои го дадоа својот живот за татковината.
Да не се повтори...
Да нема ваков настан...
Да не се заборави!, порача Јанчев.