Јанчев присуствуваше на бизнис форум во организација на унгарската извозна промотивна агенција

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев со амбасадорот на Унгарија Андраш Клеин, присуствуваа на бизнис форумот во организација на унгарската извозна промотивна агенција.

Амбасадорот Клеин и Јанчев разговарале за тоа како позитивната клима помеѓу двете држави да се искористи во општинскиот развој.

Албанската новинска агенција АТА изрази сочувство за трагедијата во Кочани

- Нека спомените на изгубените донесат утеха, а нивните души нека почиваат во мир, наведува Јоргаки.

Главниот уредник на дескот за вести од светот на Албанската телеграфска агенција (АТА) Аријан Јоргаки испрати писмо со сочувство до МИА за трагедијата во Кочани во кое истакнува дека во ова време на жалост, АТА се солидаризира со народот на Македонија.

- Длабоко ни е жал поради трагичната загуба на 51 живот и 100 ранети во катастрофалниот пожар во ноќниот клуб во Кочани. Нашите мисли се на жртвите, нивните семејства и сите оние кои се погодени од овој потресен настан, пишува Јоргаки.

Тој вели дека ниту еден збор не може да ја намали болката од таквата огромна загуба, но нагласува дека сите сме во нивните мисли и молитви во овој тежок период.

- Нека спомените на изгубените донесат утеха, а нивните души нека почиваат во мир, наведува Јоргаки.

Католичката црква изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Кочани

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски бискуп монсињор д-р Киро Стојанов изрази сочувство по повод трагичната несреќа што се случи во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени. 

- Епископот Стојанов ги ветува своите лични молитви и молитвата на Црквата, препорачувајќи ги загинатите на Божјото милосрдие. Повредените, семејствата и сите оние кои се борат за нивните животи тој ги препорачува на застапништвото на Пресвета Богородица, да им дарува побрзо оздравување, сила, утеха, се вели во соопштението од Католичката црква.

Денеска во 19 часот, како што стои во објавата, во црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица ќе се служи панахида за покојните, наместо трибината за Јубилејната година, којашто била планирана за тој термин.

- Во деновите на жалост, започнувајќи од денес во сите цркви на Католичката црква во Македонија ќе се моли за покојните и за здравје на повредените, велат од Католичката црква.

Стоилковиќ: Србија испраќа воени хеликоптери за повредените да се лекуваат на ВМА

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ објави дека Србија ќе испрати воени хеликоптери по повредените, за да се лекуваат на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград.

- Србија испраќа воени хеликоптери или авиони по повредените да бидат лекувани на ВМА, наведува Стоилковиќ во објавата.

Претходно, во телефонски разговор со претседателката Гордана Сиљановска Давова, српскиот претседател Александар Вучиќ изразил длабоко сочувство и понудил помош во хеликоптери и други медицински транспортни средства, лекарски тимови, како и подготвеност да примат во болниците во Србија голем број повредени во трагедијата во Кочани.

притисни ентер