Јанчев: Потребно е да се стави ред кај објектите пред кои чекаат повеќе луѓе

Да се стави ред кај објектите пред кои чекаат повеќе луѓе.

Тоа го порача кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, одговарајќи на новинарско прашање како да се надмине проблемот на одделни места во општината, на кои во одредени периоди се забележуваат повеќе луѓе што чекаат.

Јанчев денеска на прес-конференција говореше за заклучоците кои ги донесе Кризниот штаб на шестиот по ред состанок, а по најновите препораки на Владата.

-Се задолжува општина Кавадарци да продолжи со мерките за дезинфекција и тоа редовна дезинфекција на сите автомобили на трите влезови во градот, за време траење на полицискиот час дезинфекција ќе се врши од страна на претставници на кавадаречката противпожарна единица. Општината два пати неделно да врши дезинфекција на јавни институции и заедничките површини на колективно станбени згради што имаат повеќе од осум станбени единици. Влезови, скаличен простор, лифтови. Да врши аеродезинфекција еднаш неделно или по потреба, информираше градоначалникот.

Со оглед на тоа дека сега полицискиот час е од 16 до 5 часот од понеделник до петок и преку викендите е со 24 часа забрана, Штабот донел одлука, согласно владините мерки, за онлајн работа и достава на продукти од маркети, ресторани, тобако и слично, а се разговарало и за такси превозот.

Сите субјекти кои се заинтересирани за онлајн достава треба да поднесат барање за тоа во општината. За да може кризниот штаб да им издаде дозвола за онлајн продажба и движење во делот на полицискиот час, за доставување на основни продукти.

-По препорака на Влада, општата болница од Кавадарци се задолжува најдоцна до петок до 12 часот да ни достави список кој ќе биде објавен на нашата веб страница и медиумски, за дежурни аптеки и приватни здравствени институции. За луѓето од општината да се чувствуваат сигурно, соопшти Јанчев.

Тој го спомена и бесплатниот телефонски број од општинскиот кол центар, 13-300, кој им е постојано достапен на сите граѓани, за решавање на најразлични проблеми.

-Општина Кавадарци има вклучено 14 волонтери кои од понеделник до петок помагаат на изнемоштени, стари, лица со попреченост, околу набавка на лекови, намирници и слично. Би сакал да повикам на едно сплотување. Знам дека е тешко да се издржи во овој период од 16 часот до 05 часот да се биде во мирување, меѓутоа овој период ќе биде најважен за да не се прошири пандемијата во нашата држава и во нашата општина. Досега како општина немаме нови позитивни случаеви, останавме на два познати случаеви. Колку што ги имам информациите од Министерството за здравство, тие се веќе излечени лица, така да можеме да кажеме дека немаме ниту едно лице во моментот со коронавирус во општина Кавадарци, нагласи градоначалникот.

Препораките и мерките во делот на неизнајмување на јавни објекти, приватни викендички или станови на лица надвор од општина Кавадарци, донесени претходно, остануваат да важат.

-Доколку некој забележи или увиде дека имаме лица надвор од општина Кавадарци, без разлика од која општина се и сместени се тука на било каков начин, би препорачал тоа да се пријави на 192 или на 13-300 како една претпазлива мерка, за да можат институциите тоа да го проверат, додаде Јанчев./МИА

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде примена во членството на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. И тогаш САД ставија вето.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа. /МИА

притисни ентер