Јанчев им додели благодарници на сите учесници во организацијата на Тиквешкиот гроздобер 2023

Од страна на градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на совет д-р Стојанче Рамов беа доделени благодарници на сите учесници во организацијата на Тиквешкиот гроздобер 2023.

Во оваа прилика градоначалникот меѓу другото истакна дека ова немаше да биде можно без сите оние кои се вклучија во организацијата и на кои им благодари. Тука, прво се мисли на сите служби на Општина Кавадарци и сите институции вклучени во текот на сите три дена. Потоа на сите помагатели, поддржувачи и донатори од бизнис секторот. Винариите и угостителите кои се всушност и носители на овој настан, на медиумите кои го следеа секое случување, секој настан и информираа за тоа, и секако, најголема благодарност на кавадарчани, кои како и секогаш се покажаа не само како добри домаќини, туку и учесници, и секако благодарност до сите посетители и гости од Македонија и надвор од неа, кои изминатиот викенд го поминаа во Кавадарци.

За градоначалникот најважно беше тоа што сите три дена беше безбедно за секој и секаде. Имавме успешни и исполнети три дена, културни, забавни и музички содржини. Имавме програма за сечиј вкус. Успешен карневал, гости и делегации од секаде, и секако од државниот врв. Имавме успешен Тиквешки Гроздобер рече градоначалникот. И затоа во знак на почит и благодарност, на сите кои имаа било каков придонес во испишувањето на оваа приказна под отворено небо денеска им беа врачени благодарници!

До следниот Тиквешки гроздобер. Нека ни е за многу години!, објави градоначалникот Митко јанчев на ФБ.

Кортни Кокс (60) се сними како излегува од замрзнувачот: „Одлично се чувствувам“

Кортени Кокс, актерката позната по улогата на Моника во серијата Пријатели, минатиот месец го прослави својот 60-ти роденден.

Својата рутина ја објави на Инстаграм за која вели дека одржува одлична фигура, но дури и самата призна дека понекогаш претерува.

„Само што го прославив роденденот... Не ми се допаѓа кој број беше, но немам избор“, почна со овие зборови во видеото снимено во теретана. Кокс рече дека треба да дадете сè од себе, а рутината за вежбање која таа им ја претстави на своите следбеници вклучуваше вежби за раце, влечење, вежби за гради, стомачни мускули и кардио.

Кортни носеше црн спортски градник и хулахопки во иста боја кои ја истакнаа нејзината витка фигура. Иако нејзиниот сет за вежбање е прилично стандарден, кон крајот на видеото работите се сменија. Актерката ја замени својата црна облека за вежбање за бикини и се сними како излегува од замрзнувачот.

„Што, ова ли е криотерапија? се пошегува познатата актерка. Инаку, криотерапијата или студената терапија вклучува употреба на ниски температури во медицинскиот третман и е пофалена за придобивки во намалувањето на воспалението и промовирањето на закрепнувањето. Иако на јавноста не и е познато дали Кокс тоа го прави секој ден, таа претходно објави видео на кое се обидува да влезе во ледена бања.

Кокс претходно изјави за „Glamour“ дека мислела дека ќе го мрази трендот на велнес, но го засакала со текот на годините. „Се чувствувам одлично со часови по влегувањето во замрзнувачот“, објасни таа и додаде: „Колку и да се плашите да влезете, знајте дека потоа ќе се чувствувате многу добро“. Таа истакна дека го сака напливот на допамин што го добива кога влегува во замрзнувачот.

Извор: Индекс.хр

Алиев: Азербејџан би можел да извезува гас преку Украина

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави денеска дека Украина и Европската унија се заинтересирани Азербејџан да ја снабдува Европа со природен гас преку Украина oткако ќе истече постоечкиот договор со Русија на крајот на годината.

„Продолжуваат разговорите со властите во Украина и ЕУ, како и со Русија, и се чини дека сите страни се заинтересирани за продолжување на снабдувањето. Ќе помогнеме ако можеме“, рече Алиев на прес-конференција, пренесе Блумберг.

Тој посочи дека производството на гас во неговата земја ќе се зголеми благодарение на новите и постоечките проекти во Каспиското Море. Во 2022 година, Азербејџан потпиша меморандум за разбирање со Европската комисија со намера да го удвои извозот на гас во Европа на 20 милијарди кубни метри до 2027 година.

„Земјата се движи кон целта. Извозот во Европа ќе се зголеми на близу 13 милијарди кубни метри оваа година од 11,8 милијарди кубни метри во 2023 година и осум милијарди кубни метри во 2021 година. Испораките ќе се испраќаат преку т.н. Јужен гасен коридор што го поврзува Азербејџан со Европа преку Грузија и Турција“, рече Алијев./MИА

Норис стартува прв на Хунгароринг

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Унгарија, откако постави најбрзо време во квалификациите благодарение на кругот што го извозе за 1:15.227 минути.

Првиот стартен ред го комплетира неговиот тимски колега Оскар Пјастри со заостанување од 0,022 секунди. Трет трката ќе ја започне актуелниот шампион Макс Верстапен, кој беше за 0,046 секунди побавен од возачот на Мекларен.

Исходот од квалификациите го реши несреќата на Јуки Цунода на две минути пред крајот. Возачот на РБ малку пошироко излезе од свиокот 3, помина преку тротоарот, „скокна“ во воздух и нанесе штета на својот автомобил, како и појавата на црвени знамиња.

Трката на Хунгароринг е закажана за в недела во 15 часот./МИА

притисни ентер