Јанчев: Фекална канализација и базен за вода во Долна Бошава, се асфалтираат улици во Кавадарци

По барање на месната заедница во селото Долна Бошава се поставува феклана канализација во должина од 750 м2, соопшти градоналалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Истовремено е поставен и базен за акумулација на водата за пиење, за потребите на жителите на селото во кој ќе се изведуваат приклучоци на главниот систем за водовод и истиот е донација од фирмата Ја-Ми.

Изведувач на проектот е Градба Промет.

Општина Кавадарци продолжува и со поставување на нов асфалт на улиците низ градот.

Асфалтирање на ул. ,,41 Дивизија’’ и дел од ,,Црноречка’’ каде претходно беше реконструирана водоводната линија и фекалната канализација.

Изведувач е Градба Промет, а инвестицијата е на ЈП Комуналец и Општина Кавадарци, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Трет дел од хитот на Марвел, трејлерот прегледан 10 милиони пати за еден ден (ВИДЕО)

По долго чекање, последното поглавје од трилогијата на Чуварите на Галаксијата е на пат да се појави во кината.

Првиот трејлер за филмот Guardians of the Galaxy Vol. 3 беше објавен вчера, по премиерата на Brazil Comic Con, а за помалку од еден ден собра над 10 милиони прегледи на YouTube. Третиот дел го означува враќањето во авантурите на група неверојатни херои кои - благодарение на водството на режисерот Џејмс Ган - станаа една од најомилените групи во филмскиот универзум на Марвел.

Трејлерот покажува висока драма меѓу галактичките авантуристи, вклучувајќи ги Старлорд (Крис Прат), Гамора (Зои Салдана), Дракс (Дејв Баутиста), Небула (Карен Гилан), Мантис (Пом Клементиеф), Грут (гласот на Вин Дизел) и Ракет Ракун (глас позајмен од Бредли Купер).

Ракет Ракун често се гледа во трејлерот, вклучително и ретроспективна сцена кога тој е многу мал вселенски ракун, кој им ветува на гледачите приказна за саканиот херој. Помалку присутна е Гамора, која преку настаните од Avengers: Endgame од 2019 година повеќе не е свесна за нејзината поврзаност со тимот.

Првите два филма од трилогијата претежно прикажуваа популарна музика од 60-тите и 70-тите, а изборот на музика во овој трејлер може да биде навестување дека саундтракот на високоочекуваниот трет дел може да биде малку посовремен, со мелодии од 80-тите и 90-тите .

Филмот пристигнува во кината на 5 мај 2023 година.

Германски амбасадор: Наскоро очекуваме нов бран бегалци од Украина

Германскиот амбасадор во Велика Британија, Мигел Бергер, денеска изјави за „Скај њуз“ дека во наредните недели очекува нов бран украински бегалци, што ќе се совпадне со ниските температури.

„Путин продолжува да го тероризира цивилното население. Ние сме многу загрижени поради тоа, бидејќи овие напади врз енергетската инфраструктура значат дека многу луѓе кои се смрзнуваат на ниски температури би можеле да бидат принудени да ја напуштат Украина“, рече Бергер, додавајќи дека очекува „нова бран на бегалци“ како резултат на тоа.

Снег веќе падна во голем број украински градови, вклучувајќи го и главниот град Киев, а жителите се борат со ниските температури и руските напади врз енергетската инфраструктура, што предизвикуваат периодични прекини на струјата, водата и греењето. Од почетокот на војната, стотици илјади украински бегалци избегаа во Германија.

Во однос на дипломатијата, Бергер вели дека Германија не гледа суштинска промена во позицијата на Русија, што не го прави оптимист за преговорите меѓу Москва и Киев: „Не само што не гледаме суштинска промена во позицијата на Русија, туку и нема подготвеност за дипломатско решавање на конфликтот“.

Синот на фудбалска легенда на 13 годишна возраст потпиша договор со Реал

Ензо Алвес Виеира потпиша договор со Реал Мадрид.

Веројатно немаше да добие простор во медиумите доколку зад името не се криеше 13-годишниот син на клупската легенда и најодликуван играч на шпанскиот гигант, Марсело. Бразилскиот лев бек играше за Реал Мадрид од 2007 до оваа година кога потпиша за Олимпијакос.

Со Реал освои 25 титули, од кои шест за најдобриот тим во шпанското првенство и пет за најдобриот тим во Лигата на шампионите. Има две деца. Енцо има 13 години, постар брат на 7-годишниот Лијам. Марка го опишува младиот фудбалер како „голем скапоцен камен“ на младиот тим на Реал. Тој игра на позицијата напаѓач.

притисни ентер