Јанчев до Муцунски: Во партијата, како и во бизнисот, со лузери не се стигнува далеку!

Откако вчера секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, реагираше на изјавата на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, дека планира да го преземе ВМРО-ДМПНЕ,се огласи и Јанчев.

По неговото интервју за „Фокус“ во кое раскажа за своите гледишта околу актуелната состојба во ВМРО-ДПМНЕ, и повторно му порача на Христијан Мицкоски да си оди од партијата по доживеаните изборни порази, но и најавата дека ќе ја преземе партијата, со цел да се оди напред, и да се има просперитет, Муцунски преку социјалните мрежи му порача на Јанчев дека легимитетот го даваат и одземаат членовите.

Јанчев вели дека се согласува со Муцунски, како ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво, а уште помалку ДООЕЛ. Исто така, вели дека членовите се оние кои ќе одлучат кој ќе ги води, но исто така му одговори на Муцунски дека треба да се победат лузерите во партијата.

-Се согласувам дека ВМРО -ДПМНЕ не е АД, и уште помалку сметам дека е ДООЕЛ. Се согласувам дека статусот и функцијата треба да се добијат демократски, односно целосно спротивно од начинот на кој Мицкоски беше избран. Беше единствен кандидат форсиран и определен од поединци. Јас не би сакал да го преземам ВМРО-ДПМНЕ на начинот на кој што Мицкоски стана претседател. Напротив, ќе се борам партијата да се нормализира и демократизира. Да се организира фер и демократски конгрес на кој ќе може да учествува секој чесен вмровец кој има визија, програма и енергија да го врати ВМРО на победничката патека, вели Јанчев.

Додава дека во партијата е слично како и во бизнисот, не може да се оди напред ако се толерираат оние кои прават сплетки и кои се губитници.

-Ако јас во бизнисот толерирав лузери и сплеткароши никогаш немаше да го постигнам тоа што го постигнав. Ако во општината се опкружев со полтрони и интересџии никогаш Кавадарци немаше да биде ова што е денес. Затоа и го употребив тој термин, кој кај вас предизвикува реминисценции за начинот на кој ова раководство го презема ВМРО. Не, јас сакам членовите да одлучат кој ќе ги води. Знам, вас тешко ви е тоа да го прифатите, исто како што тешко ви е да признаете дека со Мицкоски на чело, ВМРО-ДПМНЕ нижи само порази. Зошто би го поддржале тогаш Мицкоски? За да продолжиме да губиме? Не, доста е. Ќе ги поразиме лузерите во партијата и ВМРО повторно ќе победи. Да живее победничко ВМРО-ДПМНЕ – порача Јанчев во изјава за ,,Фокус" .

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со својата влада изминативе години донесе само корупција, криминал и хибриден режим

  Наместо СДСМ да ги лаже граѓаните преку бледи и стерилни соопштенија, нека одговори со кои партии ќе обезбеди мнозинство и кој ќе биде премиер.

На граѓаните преку глава им е од лагите на СДСМ.

Граѓаните на Република Македонија знаат дека СДСМ нема да обезбеди подобра иднина.

СДСМ со својата влада изминативе години донесе само корупција, криминал и хибриден режим.

Лагите на Заев веќе не поминуваат, прочитани се.

Заради тоа што Заев и власта беа фрлени на криминал Македонија секој ден тонеше се повеќе и повеќе.

Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани под браната Калиманци

Дождот што во текот на вчерашниот ден паѓаше на територијата на општините во пијанечкиот регион повторно предизвика одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани. 

Како што јавуваат возачи, поголеми одрони во моментот има во близина на првиот мост под браната Калиманци.

-Одроните се на десниот дел од коловозот од патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани, веднаш под браната Калиманци. Едната сообраќајна лента е слободна за движење, но треба да се внимава бидејки одроните се на место пред свиок, велат возачи.

Додаваат дека на останатиот дел до Кочани патот е чист освен ситни камчиња во близина на некогашниот голем одрон кај месноста Саваро.

Екипи на подружницата на ЈП „Македонија пат” се запознаени за случајот и најавуваат брзо расчистување на одроните. Долж целиот патен правец асфалтот е сув и возачите возат по суви коловози.

Изминатата седмица во Охрид 25, во Струга 24 и во Дебар 15 потврдени случаи на КОВИД-19

Во Охрид има 86 активни случаи на коронавирус, во Струга 190, а во Дебар 119.

Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 1 до 7 август лабораториски е дијагностицирано присуство на КОВИД-19 кај 25 лица од Охрид, 24 лица од Струга и 15 лица од Дебар.

Изминатата седмица од вкупно земените 247 материјали за испитување, 191 се собрани според епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 56 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар.

Во Охрид има 86 активни случаи на коронавирус, во Струга 190, а во Дебар 119. Во овој период оздравени се 19 лица од Охрид, 28 лица од Струга и три лица од Дебар. Изминатата седмица се регистрирани три смртни случаи поврзани со КОВИД-19, по една жртва во Охрид, Струга и Дебар.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден КОВИД-19 е регистриран кај вкупно 977 лица во односните општини и тоа 294 лица во општините Охрид и Дебрца, 473 лица во општините Струга и Вевчани и 210 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 205, од Струга се 253, а од Дебар и Центар Жупа се 82 пациенти. Црниот биланс е осум починати лица во Охридско, 44 во Струшко, а во Дебар и Центар Жупа шест лица.

Од Центарот за јавно здравје во Охрид повторно предупредување до населението дека епидемијата од коронавирусот се уште трае, коронавирусот циркулира со несмален интензитет во локална трансмисија. Оттаму и апел до граѓаните на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето.

-Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од КОВИД-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од КОВИД-19 и тоа поравилна употгреба на заштитна маска, одржување социјална и физичка дистанца, избегнување јавни собири и групирања и често миење на рацете, посочуваат од Центарот.

притисни ентер