Јанчев: Целата населба Брушани ќе биде покриена со водоводна линија

По завршувањето на проектот за главната водоводна линија во населба Брушани во должина од 4,755 метри примарна мрежа и секундарна мрежа во должина од 10,627 метри преку ТАВ.

По завршувањето на проектот за главната водоводна линија во населба Брушани во должина од 4,755 метри примарна мрежа и секундарна мрежа во должина од 10,627 метри преку ТАВ како Грант за Општината, се пристапува кон приклучоци за сите викенд куќи од населба Брушани. Двете фази од проектот се реализирани, а третата фаза ќе биде инвестиција на Општината и со тоа комплетно цела населба Брушани ќе биде покриена со водоводна линија.

Се информираат сите граѓани кои што немаат поднесено барање за приклучок, истото можат да го направат во просториите на ЈП Комуналец Кавадарци, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд. 

Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување.

Јокиќ рано утрово постигна 22 поени, десет асистенции и девет скока во поразот на неговиот тим од Феникс со резултат 104:97.

Денвер е бранител на шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Со биланс од 51 победа и 22 порази е лидер на табелата во Западната конференција.

Уште два смртни случаи во Јапонија по земање додатоци во исхраната

Уште два смртни случаи, а повеќе од 100 хоспитализирани во Јапонија по земање додатоци во исхраната.

Уште два смртни случаи се поврзани со конзумирање на додатоци во исхраната направени од црвен квасец, соопшти денеска компанијата „Кобајаши“.

Јапонското Министерство за здравство вчера соопшти дека смртта на две лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се поврзани со конзумирање на диететски додатоци во исхраната од црвен квасен ориз од фармацевтската компанија „Кобајаши“, пренесува Кјодо.

Производител на лекови од Осака вчера соопшти дека едно лице починало од бубрежна болест откако очигледно земало додатоци „бени-коџи“ околу три години.

Вториот смртен случај е пријавен во Министерството за здравство, труд и социјала по отворена истрага во компанијата.

Министерството се сомнева дека производите содржат токсична супстанција, но компанијата засега не може да ја утврди конкретната причина.

„Кобајаши“ минатиот петок рече дека добил извештаи за болести поврзани со неговите производи и дека повлекол од пазарот пет од нив, вклучително и околу 300.000 пакувања од неговите додатоци „бени-коџи“.

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ „Македонија, достоинствено исправена пред светот“

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје синоќа организираше отворена трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи, враќањето на дигнитетот на дипломатијата и заштита на македонските национални интереси .

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје синоќа организираше отворена трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи, враќањето на дигнитетот на дипломатијата и заштита на македонските национални интереси на меѓународната политичка арена, под наслов „МАКЕДОНИЈА, ДОСТОИНСТВЕНО ИСПРАВЕНА ПРЕД СВЕТОТ“.

Професор д-р Гордана Силјановска Давкова ја критикуваше нефункционалноста на постоечката дипломатија поради дискомуникација меѓу претседателот, министерот за надворешни работи и Собранието. Таа укажа дека мора да се врати фокусот на мултилатералната дипломатија и борбата за национални интереси преку меѓународните организации и институции со почитување на европското право и сите релевантни документи во врска со малцински и човекови права. Исто така, таа навести користење на институтот реципроцитет во иднина, како базичен национален приоритет во односите со други држави.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска Давкова како нужно укажа на неопходноста на враќање на функционалноста на македонската дипломатија, пред се преку зацврстување на системот за вреднување на работата на дипломатите, нивното кариерно унапредување и упатување на служба во странство според заслуги и искажани способности и дипломатски вештини

Поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов врз основа на своето искуство ја потенцираше важноста од повторно воспоставување на нарушениот баланс помеѓу законодавната, извршната и судската власт. Извршната власт ги има киднапирано ингеренциите на Собранието, претседателот и правосудството сведувајќи ги на улога на своевиден сервис на Владата. Тоа резултира со редица нестручни, погрешни и неквалитетни одлуки, кои многу ја чинат државата. Враќањето на балансот на ингеренциите помеѓу нив ќе биде клучен елемент за координирано настапување на државните чинители и успех на домашен и на надворешен план.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски се осврна на актуелните слабости во Министерството за надворешни работи кои со геометриска прогресија се зголемуваат последните седум години. Покрај бројните прекршувања на законот од страна на министерот Османи, тој ги потенцираше прекршувањата на процедурите за упатување на амбасадори во странство, масовното партиско впумпување кадри и отстранувањето на најспособните дипломатски кадри од тековните процеси, нарекувајќи го Кабинетот на Османи „чајна кујна“ со само неколку луѓе, каде што одлуките се носат независно од структурата на МНР. Тој најави ревизија, односно враќање на незаконски испратените амбасадори од странство.

Трибината предизвика интерес во стручната јавност и присуство на голем број сегашни и поранешни дипломати и пратеници.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер