Јакимовски: Европа ја зафаќа воен вител, одговорен претседател мора државата да ја подготви

Европа ја зафаќа воен вител, одговорен претседател на Република Македонија мора да ги има предвид сите овие апсекти и мора државата да ја подготви за евентуално најлошото сценарио!, рече кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски.

- Денес овде дојдовме во Прилеп за да го искажеме нашиот восхит овде од Могилата на непобедените за храбрите борци коишто на 11 октомври 1941 година го означија почетокот на нашата битка за слободна и самостојна Република Македонија. Ја искажуваме нашата восхит да тогаш се кренеш против Третиот Рајх против Оската Рим - Токио - Берлин да се кренеш против бугарскиот фашистички окупатор и без посредство на масовни медиуми да застанеш на вистинската страна на историјата и како резултат на таа наша херојска борба на првото заседание на АСНОМ да ги удриш темелите на современата македонска држава и да го исполниш вековниот идеал на Илинденците и на сите оние кои ги положиле животите за македонската држава.

Тие ги удрија темелите на современата македонска држава на АСНОМ, за жал имаше меѓу нас коишто АСНОМ го избришаа од Уставот и за жал и денес продолжуваат со разнишување на темелите на македонската држава и нејзино обезличување како и со насоки да Македонците конечно бидат избришани од Уставот на Република Македонија.

Ние живееме во едно тешко време, претседателот во исто време може да биде и врховен командант на оружените сили на Република Македонија. На 1200 километри јужно од нас и на 1200 километри северно од нас се одвиваат страшни војни. Најновата војна отпочна помеѓу Иран заедно со своите сојузници против Израел и САД. Тоа јасно покажува дека живееме во едно тешко време и дека е многу битно кој ќе биде врховен командант на вооружените сили на Република Македонија затоа што за многу кратко може да се случи да влеземе во една страшна војна затоа што 2013 година НАТО на тло на Европа немаше ниту еден тенк денес има преку 3 илјади тенкови.

Тоа јасно покажува дека Македонија и цела Европа може да ја зафати еден воен вител и како резултат на тоа мораме да бидеме максимално одговорни.

Мојот апел како иден претседател на Република Македонија веднаш да се набавува оружје и муниција, веднаш да се зголеми сточниот фонд и производството на храна, да работи конзервната индустрија, да се обезбеди храна за живината за целата стока затоа што ако дојде до една сериозна војна на тло на Европа тоа значи дека ќе бидат затворени сите граници, ќе се запре извозот од секоја држава и ќе дојдеме во многу слична ситуација како онаа кога беше Ковид кризата. Одговорни субјекти, одговорен претседател на Република Македонија мора да ги има во предвид сите овие апсекти и мора државата да ја подготви за евентуално најлошото сценарио и ваквите стимулации за производство на храна, житарици, подигање на сточниот фонд мора да траат се додека не завршат овие опасности од воен вител да ја зафати цела Европа. - истакна Јакимовски.

Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“

Видео: Новинар го удира Трамп со микрофон во лице, многумина ја коментираат неговата реакција

На социјалните мрежи вирално стана видео на кое се гледа како американскиот претседател Доналд Трамп го удира репортерка со микрофон во лицето за време на прес-конференција.

Инцидентот се случи додека Трамп одговараше на прашања на новинарите за време на кратката прес-конференција во заедничката база Ендрјус во Мериленд. Беше прашан за ситуацијата во Газа, кога микрофон, одеднаш влезе во кадарот и го удри право во лицето.

Трамп за момент вкочането ја погледна новинарката, кревајќи ги веѓите, но брзо се смири и вниманието од прашањето го пренасочи кон шега.

"Таа вечерва стана телевизиска ѕвезда. Само што стана голема ѕвезда, нели? Дали го видовте тоа?" Трамп коментираше пред камерите, прекинувајќи го својот одговор на сериозно прашање.

Вучиќ: Сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест без жртви

Обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ по денешните масовни протести.

Во името на сите граѓани на Србија и како претседател на Србија сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест, со негативна енергија, гнев и гнев кон властите во Србија, без да има жртви или сериозни повредени“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека се повредени околу 56 лица, но никој не е тешко повреден, а повредениот на плоштадот Никола Пашиќ не е во животна опасност.

Вкупно 44 лица се во Ургентниот центар, 11 во Клиничката болница Звездара“, рече Вучиќ.

„Исто така, сакам да кажам дека се срамни обвинувањата дека некој употребил звучен топ, прикажувајќи војници и членови на „Кобра“ како тоа што го држат да е звучен топ - рече тој.

Претседателот на Србија нагласи дека сите лица кои учествувале во уништувањето ќе бидат приведени и ќе одговараат за криминални дела.

-Горд сум на фактот што 99 отсто од студентските блокатори не сакаа инциденти, рече Вучиќ.

Пленковиќ отпуштен од болница по операција на срцето, в понеделник се враќа на работа

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево, околу 17 часот, беше отпуштен од Клиничкиот болнички центар во Загреб (КБЦ) , каде што синоќа беше примен на лекување заради повремено нарушување на срцевиот ритам (аритмија) и каде имаше хируршка интервенција.

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

„Постапката на која беше подложен на Пленковиќ синоќа беше планирана порано и помина добро, а по излегувањето од болница си замина дома и во понеделник ќе се врати на редовните обврски и партиски активности“, посочуваат од хрватската Влада.

Според програмата, во понеделник хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ треба да ги посети обновените згради во Загреб, кои беа уништени во земјотресот пред пет години, и да присуствува на комеморацијата за претседателот на Врховниот суд Радован Доброниќ, а потоа и на состанокот на ХДЗ на округот Вараждин и на комеморацијата на 35-годишнината од основањето на ХДЗ.

притисни ентер