Јахјага: Изборите ќе бидат тест за политичка зрелост на Косово

Косовската претседателка Атифете Јахјага оцени денеска дека утрешните локални избори ќе бидат тест за политичката зрелост на Косово во потрага по мирот со Србија и аспирации кон евентуално членство во ЕУ.

Таа истакна дека учеството на Србите на изборите, кое е прво по прогласувањето независност во 2008 година, ќе помогне во интегрирање на оваа малцинска заедница.

Србија и Косово се договорија на преговори со посредство на ЕУ за нормализирање на меѓусебните односи како услов за евроитегрирање и пристап до европските фондови./МИА



притисни ентер