Меѓу жртвите на масакрот, што се случил вчеравечер кај Рок Хил има доктор, неговата сопруга и нивните двајца внуци, соопштила локалната полиција.
Тоа е семејство кое е добро познато во округот Јорк, изјави портпаролот на канцеларијата на шерифот Трент Фарис.
„Д-р Роберт Лесли и неговата сопруга Барбара Лесли беа пронајдени во нивниот дом и починаа како резултат на истрели, исто како и нивните двајца внуци. Пронајдено е и телото и на Џејмс Луис, кој работел од дома., ”објавија од канцеларијата на шерифот во округот Јорк.
Едно лице е пренесено во болница со тешки повреди здобиени од истрели, потврди полицијата, опишувајќи го инцидентот како „масовно пукање“.
Напаѓачот кој го убил познатиот лекар и четири други лица е поранешниот играч на НФЛ, Филип Адамс. По нападот, тој извршил самоубиство нешто по полноќ по локално време.
Адамс полицијата го пронашла во домот во Рок Хил неколку часа по масакрот, а во потрагата бил вклучен и хеликоптер.
Тој е поранешен фудбалер кој играше за голем број тимови во неговата шестгодишна кариера, вклучувајќи ги Ингланд Патриотс, Сан Франциско 49ерс и Њујорк Џетс.
„Најдовме лице за кое веруваме дека е одговорно за овој напад. Тоа е сè што можам да кажам за осомничениот досега", рече портпаролот на канцеларијата на шерифот Трент Фарис.
На новинарско прашање дали осомничениот е сосед на убиеното семејство Фарис, тој рече: „Живее на истата улица“. Од канцеларијата на шерифот потврдија дека осомничениот за нападот бил најден „во блиската куќа“.
Анонимен извор за ЕСПН потврдил дека Адамс бил пациент на убиениот лекар. За време на неговата кариера, Адамс претрпел голем број повреди, вклучувајќи потрес на мозокот и скршеница на скочниот зглоб.
Убиените деца биле на возраст од 5 и 9 години.