Извештај за состојбите и условите во казнено – поправните и во воспитните установи 2022 година

Покрај позитивните промени, како што е посочено во Извештајот, системските недостатоци сè уште постојат.

Подобрени материјални услови во дел од казнено поправните установи како и вложување на напори за едукација на вработениот кадар, но и конечното ставање во функција на Тренинг центарот во Идризово, покажува Извештајот за состојбите и условите во казнено – поправните установи и воспитната установа 2022 година, подготвен во рамките на проектот „Борба против тортура и нехуман третман“, финансиски поддржан од Европската Унија.

Покрај позитивните промени, како што е посочено во Извештајот, системските недостатоци сè уште постојат.

-Мултисекторската соработка помеѓу надлежните институции е на ниско ниво, а како најгорливи проблеми остануваат пристапот до здравствена заштита, образованието, корупцијата, супстандардните услови за живеење во некои од казнено поправните установи како и немањето на соодветни услови за имплементирање на програмите за ресоцијализација, но и за слободни и вокациски активности на осудените лица, се вели во Извештајот.

Извештајот, воедно, содржи и препораки за секоја казнено-поправна установа, како и генерални препораки за надлежните институции во насока на подобрување на состојбите и условите во казнено-поправните и воспитно-поправните установи.

Во Извештајот се препорачува Министерството за образование итно и неодложно целосно да го

организира и финансира образовниот процес во ВПД, измена на член 16 став 3 од Упатството за дисциплинска одговорност за децата кои издржуваат воспитна мерка кој не дозволува детето да вложи жалба на решението за изречена дисциплинска мерка, Министерството за труд и социјална политика да преземе мерки со цел исполнување на обврските на надлежните центри за социјална работа за поддршка на децата кои издржуваат воспитно поправна мерка и нивна постпенална помош, судиите за деца е потребно да спроведуваат редовни посети во воспитно поправниот дом со цел да испитаат каков ефект има заводската мерка врз децата и нивната ресоцијализација.

Во препораките е посочено дека Министерството за здравство неопходно е да им овозможи на докторите и медицинската сестра од ВПД пристап и работа во Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој термин, обука на докторите од ВПД за превенција од дроги и превенција на зависност, вклучително јатрогена зависност од прекумерна употреба на седативи и хипнотици, како и за проценка и третман од дроги, вклучително опијати и други коморбидни психички состојби.

-Неопходно е да се обезбеди програма за третман на малолетни лица со растројства предизвикани од употреба на дроги, вклучително опијатни дроги и протоколи за третман за

да се обезбеди хуман третман и отсуство на страдање од апстиненцијлните симптоми, потребна е психоедукација и редовно следење и проценка на состојбата при детосификација од средствата за смирување/спиење. Кај развиена зависност од овие лекови, третманот треба да се спроведе од детски психијатар/психијатар во болнички или вонболнички услови во зависност од острината на клиничката слика со неопходен последователен долготраен психосоцијален третман и грижа за превенција на рецидив кој во голем процент може да се случи поради природата на болеста, потребна е редовно, точно, прецизно и доверливо водење на медицинската евиденција, психоедукација на децата за ризикот од прекумерна употреба на лекови за смирување и спиење, психоедукација на децата за ризик од предозирање по постигната успешна апстиненција од дроги (опијати), обезбедување антидот за опијати и бензодијазепини, како и скрининг тестови за хепатитис Б и Ц и ХИВ, се наведива во Извештајот.

Во генералните препораки во Извештајот истакнато е дека е потребна соодветна примена на законската и подзаконската регулатива од страна на сите надлежни институции во областа на пенитенцијарниот систем, обезбедување соодветни и хумани материјални услови во сите казненопоправни установи од страна на Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, обезбедување соодветен пристап до примарна и секундардна здравствена заштита од страна на Министерството за здравство, целосно организирање и финансирање на образовниот процес од страна на Министерството за образование во соработка со Управата за извршување на санкции, Министерството за правда и Воспитно-поправниот дом, обезбедување услови за имплементирање на програмите за ресоцијализација во сите казненопоправни установи, јакнење на капацитетите и професионалноста на вработениот персонал во казненопоправните установи, определување и одобрување доволен број на финансиски средства од страна на Министерството за финансии за потребата од непречено, соодветно и подобро функционирање на казненопоправните установи, како вработување нов кадар, унапредување на постоечкиот кадар, подобрување на материјалните услови, спроведување обуки итн.

Во Извештајот е посочено долготрајното решавање на проблемот со пренатрупаноста во казненопоправните установи, како и подобрување на родовата застапеност во рамки на вработениот персонал во казненопоправните установи.

За целите на проектот е склучен Меморандум за соработка помеѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права, Македонското здружение на млади правници и Управата за извршување на санкции.

Наодите во Извештајот, како што велат од Хелсиншкиот комитет, се базираат на спроведени посети од страна на мониторинг тимот кои за време на посетите изврши увид во просториите на казненопоправните установи и воспитно-поправната установа, обезбеди бесплатна правна помош и психијатриско советување на осуденички и осуденици, спроведе разговор со речиси сите директори на установите како и со вработените од редот на припадниците на затворската полиција, социјалните работници, психолозите, правниците итн.

Последователните теренски посети биле спроведени во четири казнено-поправни установи во кои биле забележани најголем број недостатоци за време на спроведување на редовните посети и тоа во КПД Идризово, КПД Штип, КПД Куманово и КПУ Тетово.

Доктор не се туширал 5 години, сега кажува зошто (ВИДЕО)

Џејмс Хамблин го изненади светот кога објави дека не се туширал пет години.

Докторот и предавач на Јејл за неговата книга Clean: The New Science of Skin решил да спроведе експеримент врз себе.

Имено, Хамблин во книгата решил да се фокусира на нашиот најголем орган – кожата. Преку експериментирање и истражување дошол до неколку важни лекции. Прво, тој вели дека опсесијата со сапун може да предизвика алергии.

„Целото патување преку истражување и учење во мојата книга за микробиомот на кожата и историјата на верувањата за хигиената и чистотата навистина ме натера да ги променам моите навики“, вели тој.

Според него, микробите се присутни во околината и тоа нема да се промени ако човек се истушира. Наместо тоа, тој верува дека микробите се неопходни за одржување на здрава рамнотежа, на пример во дигестивниот систем.

„Знаете дека обидот да се искоренат микробите во цревата не е најдоброто нешто што можете да го направите“, истакнува тој.

Иако не користи шампон или гел за туширање, Хамблин ги мие рацете со сапун. Покрај тоа, одржува одредени навики, а водата е сепак важен дел од нив.

"Сè уште понекогаш ја влажнам косата. Кремите, пилинзите и дезодорансите ги нема во мојата бања. Но, сепак ги мијам забите. Го правам само она што сметам дека е задоволително или навистина медицински неопходно", заклучил тој.


Кремљ ја менува временската зона на окупираните подрачја во Украина,се воведува московско време

Кремљ денеска објави дека ќе започне со наметнување на московската временска зона во делови на Украина кои се незаконски анектирани и делумно под контрола на руските сили.

Руското Министерство за индустрија и трговија ја објави веста на својот профил на Телеграм, велејќи дека четирите региони на Украина припоени од Русија - Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје - „ќе се префрлат на московско време“.

Четири украински региони беа незаконски анектирани од рускиот претседател Владимир Путин во есента 2022 година, откако одржаа „лажни“ референдуми. Русија не контролира целосно ниту еден регион, а западните влади го оценија потегот за нелегитимен.

„Во тек е постепена синхронизација на руското законодавство откако во земјата беа примени четири нови субјекти“, соопшти руското Министерство. „Во блиска иднина ДНР [самопрогласена Народна Република Доњецк], ЛНР [самопрогласена Луганска Народна Република], Запорожје и Херсонските области ќе бидат дел од друга временска зона, во која ќе важи московско време.“

Временската зона во Москва е еден час понапред од источноевропското стандардно време, кое е на сила низ цела Украина.

Министерството додаде дека тие поднеле нацрт-закон за ова прашање до руската Државна дума и дека допрва треба да биде потпишан.

Русија веќе го направи тоа на Крим кога режимот на Путин го анектираше полуостровот во 2014 година. Во март 2014 година, временската зона на Крим беше официјално усогласена со онаа на Москва, а целиот полуостров е еден час пред Украина.

Овој потег доаѓа неколку недели откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека процесот на интеграција на територијата е во „полн замав“. „Обезбедувањето безбедност на цивилите кои живеат таму е главната цел на [специјалната воена] операција“, рече Песков.

Невладина организација: Иран годинава егзекутира над 50 луѓе

Иранските власти годинава веќе егзекутираа 55 лица, објави денеска невладината организација за човекови права, додавајќи дека зголеменото прибегнување кон смртна казна има за цел да се шири „терор“ во земјата потресена од протести.

Невладината организација Иран за човекови права (IHR) со седиште во Норвешка соопшти дека потврдила најмалку 55 егзекуции во првите 26 дена од оваа година.

Четири лица биле егзекутирани поради обвиненија поврзани со протестите, додека мнозинството од обесените (37) се егзекутирани за злосторства поврзани со дрога, рече истиот извор. Од невладината не соопштуваат зошто биле егзекутирани останатите 14 лица.

Најмалку 107 лица остануваат во ризик од егзекуција поради протестите, осудени на смрт или обвинети за злосторства што предвидуваат смртна казна, додаде ИЧП. Секоја егзекуција во Иран е „политичка“, бидејќи главната цел е „да се шири страв и терор во општеството“, нагласува ИЧП.

„За да се запре државната машина за убивање, не треба да се толерира никакво погубување, независно дали е политичко или не“, додаде директорот на ИЧП Махмуд Амири-Могадам.

Активистите го обвинуваат Иран дека ја користи смртната казна како инструмент за заплашување за да ги смири протестите кои започнаа на 16 септември, по смртта во притвор на Махса Амини, 22-годишна Курдка, уапсена три дена претходно за кршење на правилата за облекување на жените.

Според претставникот на ОН за човекови права Волкер Турк, „инструментализацијата на кривичната постапка“ во Иран за казнување на демонстрантите „е еднакво на убиство одобрено од државата“. ИЧП и другите невладини организации за човекови права допрва треба да објават статистички податоци за егзекуциите во Иран за 2022 година.

Но, ИЧП на почетокот на декември објави дека биле обесени повеќе од 500 луѓе, што е рекордна бројка во последните пет години.

притисни ентер