Извештај на СЗО: Следната пандемија ќе биде позагрижувачка

Авторите на извештајот, насловен „Неорганизиран свет”, истакнуваат дека сегашната пандемија ковид-19 е доказ за „колективната неспособност” да се спроведат во пракса мерки за спречување, подготвување и одговор.

Следната пандемија ќе биде позагрижувачка ако не научиме од коронавирусот да го применуваме наученото во пракса, со потребните ресурси и посветеност, ова се предупредувањата во извештај на Светската здравствена организација.

Авторите на извештајот, насловен „Неорганизиран свет”, истакнуваат дека сегашната пандемија ковид-19 е доказ за „колективната неспособност” да се спроведат во пракса мерки за спречување, подготвување и одговор.

Тие ги повикуваат земјите да градат стабилни системи, да преземат соодветни мерки и да се посветат на инвестиции за превенција, подготвувајќи се за „најлошото” затоа што „никој нема да биде безбеден се додека не бидеме сите заедно”.

Во Тетовско за зборување на телефон при возење изречени 66 казни во ноември

Во ноември сообраќајните полицајци на подрачјето на тетовскиот регион откриле вкупно 66 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека управувале возила.

Од СВР Тетово потенцираат дека зборувањето на мобилен телефон, претставува и честа причина за сообраќајни несреќи, поради што до возачите се апелира да се воздржат од користење на вакви апарати додека го управуваат возилото.

-Користењето на мобилен телефон во голема мерка им го одвлекува вниманието на возачите и ја доведува во прашање нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува возачите дека користењето на мобилен телефон за разговор, пишување пораки или за други цели при управување со возилото претставува прекршок за кој е предвидена парична глоба од 40 евра во денарска противвредност, согласно член 24 точка 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Од почетокот на оваа година, вкупниот број на санкционирани возачи за овој вид сообраќаен прекршок изнесува близу 600.

Германија: Автомобил влетал во пешачка зона, загинале четири лица

Автомобилот удрил и повредил неколку луѓе во пешачката зона во градот Трир на западот од Германија, а едно лица е уапсено, соопшти полицијата на Твитер.

„RTL“ пренесува дека во несреќата загинале четири лица, а дека се поврдени 30 лица. Според нивните сознанија, над местото на несреќата кружи хеликоптер, а училиштето кое е во близина е заклучено и го следи протоколот за можност од терористички напад.

На местото на настанот е присутна полицијата која го затворила подрачјето. Во 19 часот се очекува голема конференција за новинари.

Инаку полицијата јавува дека е уапсен еден 51 годишник од округот Тир-Сарбург и дека возилото било осигурано.

Инаку еден од очевидците рекол дека голем сив „Рејнџ ровер“ влетал во пешачката зона со огромна брзина и дека луѓето ги „фрлал во воздух“.

Плицијата ги предупреди луѓето да го избегнуваат местото на несреќата.

Нов црн рекорд во Србија: Регистрирани 7999 новозаразени, починале 48 лица

Во последните 24 часа во Србија се забележани 7999 нови сличаи на заразени со коронавирус од 22837 тестирани.

Од последиците на вируосот починале 48 лица.

Ова е најголем број на тестирани и заболени од коронавирусо во еден ден од почетокот на пандемијата во Србија.

Инаку, на седница во Владата на Србија во четврток би требало да бидат потврдени нови рестриктивни мерки кои ги предложил Кризниот штаб.

притисни ентер