Извештај на ИЈЗ од 12 до 18 април: Најголема инциденца во Битола

Регистрирани сe 5.199 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 24,3% во однос на минатата недела.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 12 до 18 април 2021, тестирани се вкупно 21.763 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намување од 20,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 5.199 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 24,3% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.086; 40,1%), со неделна инциденца – 337,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 397,4/100.000 е регистрирана во Битола

Процентот на позитивност се движи од 15,3 до 27,9%, просечно 22,6 %.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.722, 33,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=919; 17,7%), 40-49 (n=882; 17,0%), 30-39 (n=835; 16,1%) и 20-29 (n=506; 9,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=95; 1,8%) и 10-19 години (n=240; 4,6%). Се забележува намалување кај сите возрасни групи во споредба со минатата недела.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени" се стекнале 5.921 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 3,1% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 206 смртни случаи од 26 градови, 25,4% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 175 лицa биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, по 5 лица од возрасните групи од 40-49 и 30-39 години и еден од 20-29 години.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ се изврши секвенционирање на 48 селектирани SARS CoV-2 позитивни примероци. Истите беа одбрани од периодот 01-31.03.2021. Резултатите од секвенционирањето покажаа присуство на генотипот UK variant кај 98% од тестираните пациенти.

Дополнително, направено е скринирање за присуство на варијанти од посебно внимание на 200 пациенти кој детектира 5 варијанти. Доминантен сој застапен со 100% меѓу тестираните примероци е т.н британска варијанта.

Заклучно со 18.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.020 здравствени работници со прва доза (4.019 – Pfizer/Biontech и 3.001 – Sputnik V) и 6.750 (3.891-Pfizer/Biontech и 2.895- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 73 години и заклучно со 18.04.2021 вакцинирани се 13.575 лица. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски", каде се вакцинирани вкупно 18.376 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 15 до 21 март 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Министерство за здравство

Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела

Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“.

„Со историски прелет од Бордо до Загреб, пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници на хрватскиот воздушен простор“, напиша Анушиќ на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на државата.

Во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра.

Првиот авион беше преземен во октомври минатата година во француската воена база во Мон де Марсан.

Во Франција на обука беа испратени околу 90 членови на техничкиот и летечкиот персонал. /МИА

Рикен нов генерален директор на Борусија Дортмунд

 Поранешниот германски фудбалер Ларс Рикен (47) е назначен за нов генерален директор на Борусија Дортмунд, соопшти бундеслигашот

Рикен речиси целата своја играчка кариера ја помина во Борусија Дортмунд, а од 2001 година е на чело на клупскиот тренинг центар. На новата должност ќе стапи на 1 мај.

Рикен доаѓа на местото на Ханс-Јоаким Вацке, кој претходно оваа сезона најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната.

„Уверен сум дека со неверојатната сила на овој клуб ќе оствариме големи победи“, порача Рикен.

Борусија Дортмунд во моментов е петтопласирана во Бундеслигата, а на почетокот на мај ќе игра против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. /МИА

Гласањето за претседател во затворот Идризово се одвива без проблеми

Во затворот Идризово гласањето за претседателските избори денеска се одвива без проблеми, иформираат за МИА од Избирачкиот одбор. 

-Подготвките за гласањето завршија одлично. Гласањето започна во 7 часот и се одвива без проблеми. Во Избирачкиот список за ова гласачко место број 2536 се запишани 887 избирачи, а до пладне на гласање излегоа 235, изјави за МИА членот на Избирачкиот одбор Тони Трајковски.

Согласно Избирачкиот список денеска треба да гласаат 2.147 лица кои се на издржување казна затвор или се во притвор.

За претседателските избори денеска гласаат и болните и изнемоштените и лицата во старските домови.

Членови на Избирачките одбори ги посетуваат во нивните домови за да гласаат и 6.935 болни и изнемоштени лица, чии пријави беа прифатени.

Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање, во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување, како и двајца избирачи со статус на внатрешно раселени лица, согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика.

Право на глас на седмите претседателски избори имаат 1.814.317 избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.

притисни ентер